Стварно не го сфаќам хајпов за Паразитов.
Уствари, за 99% од филмови што се вака хајпани не го сфаќам хајпот, ама за Паразитов дури мислам дека живеам во скеч.
Филмот е добар, ми се допаѓа, и заслужено ќе земе Оскар за најдобар странски филм.
Ама сега не зборам за филмот колку за хајпот за филмот и критичарите
"Овој филм перфектно ни опишува разликата во класи и е одличен commentary за општеството во кое живееме!!!"
um...
ок?
Група на сиромашни луѓе лажат и крадат и мамат за да работат кај богатите.
Ок?
Сиромашниве луѓе немаат никакви вештини освен тоа да лажат и крадат.
Богатите си се супер фамилија, мајката ќе направи се за децата да имаат образование, и двајцата толку многу работат што немаат време да се соберат цела фамилија заедно.
Каков сошл коментери е ова?!?!?
Навиваме за луѓево да лажат, мамат и крадат за да добијат повеќе пари од човекот кој што цело време е на пат, работи, и троши многу пари за образование, дом, и одлични услови на децата.
Ок, не е дека ни ја не сфаќам што све, и претерувам со ова за да доловам поента, ама стварно се претерува со хајпот на дел од тој "арт,чоече свет"
И да повторам, добар филм, сосема ок ми беше, немам многу замерки за филмот колку што имам за "best movie of the decade!", "one of the best social commentary movies ever!", "total masterpiece!" "this says a lot about our society bottom text" тип на ривјус
Бившата куќна помошничка. Знам дека е ниедновреме, ама ако може да влезам, заборавив нешто...
- Хммм... ние овде се пијанчиме цела фамилија, и ако не види некој може да завршиме во затвор... ама ај влези, пошто сценаристиве не знаат како поинаку да го турнат дејството напред.
Ах, еден од првите гифови во фолдерот... кога вредеше да се зачувуваат ствари. Далечната 2007, 5 февруари. Еве го 13 години ќе полни за 1 недела. Кога сум бил полнолетен изгледа му доаѓа.
И после 13 години дознавам, а не дека сум во потрага , дека е од филмот Cool Hand Luke.
Уф, цурава сахрани. Полномасно жениште.
BTW, што се смееш на Parasite во ТОП 100? Мислам дека ретко се случува, ама овојпат не се согласувам со тебе. И примерот кој го спомна за слугинката која сценаристите ја ставиле во филмот зашто не знаеле како да ја поттурнат приказната, не ти држи, зашто на таков начин можеш да дисквалификуваш било кој филм кој постои. Ете, рецимо во одличен X филм ми смета одредена сцена Y или лик Z и пишувам: јас сум сценарист и не знам како да ја продолжам приказната, па ја ставам сцената Y или ликот Z во игра. Малку lame.
Инаку и мене Parasite, заедно со Burning, The Handmaiden, Train to Busan, Age of Shadows и The Wailing ми е во моите топ 100 филмови од декадата, сигурно! А 6 корејски од 100 и не е за потценување. Ќе се следи се што ќе искочи од таму годиниве!
Автоматски споено мислење:
И дај нека стави некој точка во ТОП 100 темата, спремен ми е следниот филм, па да одам на пос'о!

Train to Busan е многу подобар филм. Сцената со слугинката е невозможна, не е цепидлачење, нестварна е, нула логика има. Знам дека некогаш мора да се прогледа низ прсти ама она беше невозможно. Друго, не знам зошто сте толку возбудени, еден куп филмови со твист имаме изгледано, она е само копија, а твистот премина во калакурница. Гола вода е филмот. Да беше на почетокот од декадата до сега ќе го имавте заборавено.
Чисто само да пријавам дека ни јас не бев импресиониран од Parasite. Филмот почнува добро и се движи во супер насока, ама втората половина е тотално разочарување.
Го најавуваа трејлерот кога го гледав Врба во Синеплекс. Ме хајпна тогаш. Имав високи очекувања, ама не ги оправда. Убаво почна филмот ама на моменти досаден, последниот саат го предвидов, ништо ново, ништо спектакуларно.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.