На некои толку им е знаењето. Кај мене упорно сакаше да ја постави под прозор (така му е полесно), јас не дозволив заради соседите на подолниот кат. А ќе беше баш интересно да видам како потоа ќе ја намести луличката.
80 евра (толку ми наплати, плус 20 евра за дополнителни два метри) за три метри цевки, малку повеќе кабел и два часа работа не е баш малку.
Инаку работата (онака како што ја работат, со импровизации) навистина е ризична. Не е лесно 45 килограми да се постават далеку од себе. Кај мене компресорот (тежината) беше од кај него, ако беше од спротивната страна навистина ќе беше проблем.