Ги имам гледано сите филмови на Тарантино вклучувајќи ги и оние што ги има само напишано, а не режирано (True Romance и др) и сите филмови имаат голема сличност, бидејќи си има свој трејдмарк и кажав дека ми е океј до некаде, бидејќи и јас сум фан на Тарантино и ми се допаѓа атмосферата во неговите филмови, филмовите му се артистички, но нема импровизации, како одминува времето секој нареден филм му е сличен на претходниот, затоа и не ме импресионира нешто многу новиов филм. Немам ништо против тоа што си се држи до својот трејдмарк, ама треба малку да прави некои промени во неговите филмови, да излезе малце од комфорт зоната.
Друга работа, не знам како заклучи дека гледам суперхеројски филмови, ама си голема грешка, да е до мене јас би ги забранил, срам за филмската уметност и стварно не можам да разберам како магариња од 30 години гледаат такви филмови.
Кај реков јас дека Тарантино е лош режисер, ги читате постовите или само колку во муабет да се најдете. Јас сум фан на Тарантино и ми се допаѓа неговиот трејдмарк и кажав дека немам проблем со тоа што си се држи до неговите специфични елемнти коишто го прават Тарантино тоа што е, но мора да прави промени од време на време, бидејќи во последно време ептен се води по шаблон и имам впечаток дека веќе сум го гледал филмот.