Once Upon a Time in Hollywood-ништо посебно, премногу шаблонски се филмовите на Тарантино, како да гледаш еден ист филм, слични дијалози, сличен саундтрак, само со различни ликови (дури и актерите се исти). Сите филмови му се правени со исти рецепт: себеспознавање, опседнатост со поп-култура, сарказам, покајание, одмазда затчинета со експлицитно насилство. Знам дека си има свој трејдмарк и елементи кои сака да се држи до нив, ама треба да излезе малце од комфорт зона и да смени нешто, вака како да гледаш еден ист филм. Кога ќе се собере се, overall Тарантино е преценет режисер, нема снимено саглам нешто од 90ти. Само Pulp Fiction и Reservoir Dogs вредат од неговата колекција, двата филма се уникатни ремек-дела и само со нив Тарантино заслужува култен статус, ама освен тие филмови другите не се ништо посебно.