Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Рингишпил - Јелена Бачиќ Алимпиќ
Многу емотивно:place:
 
Ја зема некој Временска Машина од ХЏ ВЕЛС за 100 ден ?
Јас ја земав и баш ми се свиѓа.
Човек што живеел крај на 19 и почеток на 20 век опишува ситуаци што човештвово можеби ни во 22 век нема да ги разбере.

Каде ова?
 
Барај ја во некои трафичиња. Еве тука продажни места.
Повеќе детали на Heroes Publishing на фб.

п.с Јас ја зедов, ама не ми е прочитана уште.

Кои се овие Heroes Publishing, збор-два за нив? Прв пат слушам претпоставувам дека се некои нови. Квалитетни ли се, Ѓурѓа ли се, како се со преводи и слично? На нет гледам нема нешто многу податоци.
 
Кои се овие Heroes Publishing, збор-два за нив? Прв пат слушам претпоставувам дека се некои нови. Квалитетни ли се, Ѓурѓа ли се, како се со преводи и слично? На нет гледам нема нешто многу податоци.
Малиот Принц ја читав од нив, ок беше. За подетално, не знам шо катара се, но бичат некоја акција, помали книги ги објавуваат на 10-тина дена, за цена од 100 денари. Досега ова е 4-та книга. Претходно беа „Уметноста на војувањето", „Maлиот принц", „Ромео и Јулија". Во таа од Шекспир, видов дека имаше доста слики, така да не знам дали беше целосната верзија.
Не ми се дома книгиве од нив, на работа ги имам, да ти сликав кој преведува, лекторира и сл за утре, ако не ме претрка некој.
 
Кои се овие Heroes Publishing, збор-два за нив? Прв пат слушам претпоставувам дека се некои нови. Квалитетни ли се, Ѓурѓа ли се, како се со преводи и слично? На нет гледам нема нешто многу податоци.
Превод Јулија Петровска, лектура Вангелија Цавкова, уредник Тамара Димитрова.
Имињава не ми значат мене нешто многу :)))0
 
И јас. Сите ги купувам од Heroes. Само Ромео и Јулија беше големо разочарување.

Временска машина, инаку, на времето ми беше лектира во петто одделение, и една од моите најомилени.
Другите Ромео и Јулија и Малиот Принц ги имам читано како лектири пред 100 години и уште тогаш не ми оставија некој впечаток. Уметноста на војувањето за сега не ми е некој приоритетза читање , а оваа Временска машина колку што знам мене не ми била лектира. Првапт за книгава дознав дури кога филмот Војна на световите со Том Круз го снимија па се спомнуваше авторот на тоа дело дека е истиот и на книгава.
 
Ромео и Јулија е ремек дело, класик, да не ме сфати погрешно. Нивното издание е прераскажано, како за деца. Не е ни драма, туку буквално, ко прераскажана лектира од петтоодделенче.

Временска машина (или Времеплов) беше лектира за петто одделение некаде во периодот од 1995 до 2017. Ако си бил петто одделение во тој период, сигурно ти била лектира.
Автоматски споено мислење:

А, еве, сега гледам, во подоцнежните години ја смениле за седмо одделение.
 
И мене ми се допадна оваа идеја книга со весник. Нешто и Магор започна пред 5-6 месеци, но нагло запре. Не знам дали знаете, на задната корица во левиот долен агол ви пишува, со оваа книга (“Временска машина“) имате 10% попуст во нивната книжарница. Само ме интересира какви се преводите? Јас земав 2, останатите 2 веќе ги имам, само сеуште не сум ги отворил. :)
 
Ако си љубител на крими-драма топла препорака е Кум1, Кум2. Далеку далеку подобро објаснето од филмот, а филмот се смета за најдобар на 20тиот век.
 
Некоја препорака од насловиве што се 100че во Или Или?
Батали стотче. Има една нова збирка раскази, од еден нов автор, „Неми филмови“ се вика збирката. Одлична е. Мене и на @џимеј многу ни се допадна. Ти ја препорачувам од сѐ срце!
 
Батали стотче. Има една нова збирка раскази, од еден нов автор, „Неми филмови“ се вика збирката. Одлична е. Мене и на @џимеј многу ни се допадна. Ти ја препорачувам од сѐ срце!
Таа ми е во план со Аб'т кога ќе ги пуштат попустите новогодишни. Џимеј ти што ќе кажеш за збиркава? :P
 
Батали стотче. Има една нова збирка раскази, од еден нов автор, „Неми филмови“ се вика збирката. Одлична е. Мене и на @џимеј многу ни се допадна. Ти ја препорачувам од сѐ срце!
Злате не можам да го најдам постот, ама еднаш мислам пишуваше дека овие изданија што се продаваат стотче во Или-или се многу специфични наслови а и не баратаат убав рејтинг на гудридс. Земав 3 книги вчера, не ми текнува што како земав... мислам дека „Пиксел“ беше една од нив.
Таа ми е во план со Аб'т кога ќе ги пуштат попустите новогодишни. Џимеј ти што ќе кажеш за збиркава? :P
Ќе има предновогодишен саем на книга во МКЦ, почнува од понеделник.
Збирката брат онака, може да помине колку за едновечерно галење :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom