Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Плодови на гневот - Џон Штајнбек

Ова е од оние книги кои се дигестираат во многу ситни залчиња. Како секое поглавје го завршував, имав чувство дека приказната тек допрва започнува. Штајнбек генијално ја смислил оваа „епопеја“ за живеење на маргините на самиот опстанок со вметнување на мали интермеца меѓу секое наредно поглавје, за сето оноа што следува понатака. Отсликувањето на храброста, издржливостна но пред се, човечноста го прави овој роман восхитлив, едно ремек дело на современата светска литература.
Топла препорака.
 
Хузур - Мартина Млинаревиќ
Многу емотивна книга што вреди секој да ја прочита. Очите полни солзи.
 
Moze li da mi preporachate dobra zbirka raskazi od makedonski avtor?
 
Moze li da mi preporachate dobra zbirka raskazi od makedonski avtor?

„Захариј и други раскази“ - Михаил Ренџов
„Фрески и гротески“ - Венко Андоновски
„Пасквелија“ - Живко Чинго
 
Tracy's tiger- William Saroyan

Прекрасна едноставна книга за момчето и неговиот тигар- црна пума, во која секој збор е на точно место и со значење.
 
Здраво дечки, во Четврток вечер во Public Room (Јавна соба) во конференциската сала имам промоција на мојата нова книга „Божјите Отпечатоци“. Повелете влезот е слободен (се додека има место). Во книгата се обработени 15 научни докази за постоењето на Бог. Ќе има и универзитетски професори. Еве го фејсбук евентот: https://www.facebook.com/events/417080892263593/

bozjite_otpecatoci-png.530156

После кратката промоција ќе има коктел частенка и ќе настапи Дина Јашари со неколку од своите хитчиња (Во тебе се гледам себе си, Последна минута итн)

Честитам и доаѓам обавезно! Може ли да ми резервираш место да не се напуни јавната па да не возам од Ѓорче за џабе? И друго: ќе може ли една посвета - за другар прашувам, сакам да го изненадам со авторски примерок.
Фала и поздрав еден топол!
 
Тело - Ханиф Курејши
4.5 Дојдов до заклучок дека Курејши е дефинитивно писателот кој сум започнал да го читам во погрешно време, и тоа дека секако неговите дела заслужуваат шанса за понатака. Кога понатаму? Зависи од карактерот на човекот. Но мислам дека постои совршена зона на преклопување меѓу одреден период на човековото созревање и писанијата на Курејши. По втор пат кога се вратив, со поразличен поглед на нештата, ги восприемав во еден здив, или како што некој ми рече „чиста и брза мисла зад која се кријат универзуми од размисли . Одличен.“.

https://www.goodreads.com/book/show/23044.The_Body
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ја зема некој Временска Машина од ХЏ ВЕЛС за 100 ден ?
Јас ја земав и баш ми се свиѓа.
Човек што живеел крај на 19 и почеток на 20 век опишува ситуаци што човештвово можеби ни во 22 век нема да ги разбере.
 
И јас. Сите ги купувам од Heroes. Само Ромео и Јулија беше големо разочарување.

Временска машина, инаку, на времето ми беше лектира во петто одделение, и една од моите најомилени.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom