Факт е дека не вративте во реалноста дека Интер е екипа што 7 години не играше ЛШ и едвај со триста перипетии двапати со ред вадат 4-то место,додека Јувентус е 8 годишен апсолутен доминатор без ронка конкуренција и неможи да се споредуваат двата клуба од никаков аспект и плус сето тоа неможи да се анулира во едно лето со неколку засилувања...треба време и трпение..Интер е на прав пат да стани екипа и вервам во Конте кој воедно не заслужува ваков третман од навивачите на Јувентус..и Липи своевремено беше тренер на Интер па не го плукаа така како Конте кој е поголема легенда и оставил огромен белег во Јуве на секаков начин
Ај потсети се со кој тим Конте ја зема својата прва титула во кариерата и кој му беше конкуренција тогаш? Не те/ве разбирам најискрено, не значи ако Јуве има најдобар тим на хартија дека со сигурност ќе освои, не значи ако Интер 7 години по ред не играл ЛШ дека нема шанси да освои титула и дека нема тоа да се деси, кои ви се овие логики не можам да разберам стварно... Божем меѓусебниот дуел одлучи, готово нека им ја дадат титулата, нема везе што уште 30 кола треба да се играат. И Интер да победеше ништо немаше да биде ниту готово ниту изгледно, предолга е нивата за орање. Малите екипи мора да се добиваат, а сега за сега Интер тоа го прави, не гледам никаков проблем да му биде конкурент на Јувентус за Скудетото доколку продолжи тој тренд на победување на малите екипи, јака муда ако Интер немал појак ростер на хартија. Да играше хартијата секогаш улога Сити сега ќе имаше едно 3-4 ЛШ освоено, Ајакс лани никогаш немаше да игра 1/2 финале, итн итн.
Околу Конте, јас скроз ги разбирам Јувенташите, да стане сега Занети тренер на Јувентус би збеснал од нервоза и мртви би му разебал. Е сеа едино што не оправдувам е што го ругаат за се живо и што сакаат да му ја тргнат ѕвездата, сепак не треба да заборават кој им ги донесе првите успеси после Серија Б и кој ги застана повторно на нозе, плус нели и играчка легенда им е.