Јувентус overall беше подобар тим, али чисто ради индивидуални квалитети - пред се на то шо имет играчи на клупа од типот на Игуаин, кој шо иако е свиња испаѓат дека за Лукаку е поим во секој момент.
Интер играше топ до пред да се повредит Сенси. Гледам во претходните постој го исмевате Сенси као демек "играчиштето, да не се повредеше сигурно ќе тепаше Интер мехехе".. не е дека Сенси е играчиште (иако играт предобро годинава), туку Интер немет играч како него, кој шо можит да врзит средина со напад, а притоа да е активен во одбрана. Весино не е способен за таа позиција се виде вчера, оттука недостатокот на Сенси беше апла очигледен. И не морат да значит дека со него Интер ќе тепаше, ама дека ќе имаше подобра игра - то сигурно.
Очекував од Јувентус појке искрено, баш ради то шо имет играчи - ама па од друга страна нов тренер, нов концепт па и до некаде е оправдано шо немат толкава течност во играта кј нив. Бернардески никогаш пред Рамзи не требит да заиграт, Квадрадо не смејт да помирисат прва постава при здрав Данило. Матуиди е златен играч, колку само трчат и покриват то е невозможно.
Од друга страна, Интер можеше и требаше појке. Особено шо Јуве пак ќе речам не изигра некоја супер утакмица. Лаутаро да е само малце потрпелив и да не лакомит толку многу, ќе станит звер. Лукаку за борење и градење е топ, ама ако само то му е крајниот епилог нека играт пикер за Вардар. Барела дечкото ќе е партали. Дамброзио и Асамоа исто изиграа добра утакмица, али во 3-5-2 формација кај шо требит да си икрило и бек, и да фураш напред ама и прв да си назад во контра - и за нив е то голем залак. Така да со еден квалитетен везњак и 2 нови бекој наредна година, Интер ќе е даааалеку подобар од годинава. Поопасен, ако не. И да, Санчез фалеше многу.