Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Едно златно друштво у пичку матер......
Па да, само неразбирливо е како во тоа американците не ја ставаат Саудиска Арабија во тоа друштво, а таа е најзлатната од сите во тоа друштво.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450

8 септември 1942 - со тоа што 48-от тенковски корпус продре низ јужните предградија на Сталинград и стигна до Волга, конечно градот е заобиколен од сите страни (кон крајот на август, предходно, беше отсечен од северна страна, со тоа што тогаш Германците стигнаа до Волга, од северна страна).


- на сликата правецот го покажува Југо-Истокот -
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
На денешен ден (10.09.'42) Чуиков ја доби командата над 62-та Армија.
Д рест ис хистори
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Февруари 43-та. Мртви германски војници по битката за Сталинград.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Деновиве пред години:
21 септември 1944, британски тенкови го минуваат Нејмеген (малку доцна, како што ќе се покаже попосле)

Десно, може да се види трулиот Запад, блудницата, како имале уште тогаш обележани велосипедски патеки (десно покрај автомобилскиот пат, означено со знак).
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Февруари 43-та. Мртви германски војници по битката за Сталинград.
Може датумот малце да ти е погрешен. Февруари треба се да е завеано во снег.

Инаку јас сум лично доста врзан за оваа битка. Мојот прадедо има учествувано во оваа битка како дел од Унгарската армија.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Може датумот малце да ти е погрешен. Февруари треба се да е завеано во снег.
Да. Стварно е така. Имам доста слики од Сталинград гледано кои се датирани февруари 43-та и сите се со многу снег.
Од таму од кај што ја земав стоеше таа дата. Може им е грешно. Обично не е. Баш ќе прашам и проверам.
Автоматски споено мислење:

Најверојатно не е февруари, туку подоцна. Не може со сигурност да се потврди или негира.
 
Последно уредено:

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Да. Стварно е така. Имам доста слики од Сталинград гледано кои се датирани февруари 43-та и сите се со многу снег.
Од таму од кај што ја земав стоеше таа дата. Може им е грешно. Обично не е. Баш ќе прашам и проверам.
Автоматски споено мислење:

Најверојатно не е февруари, туку подоцна. Не може со сигурност да се потврди или негира.
Ова ми делува како некоја слика од покасно кога почнува да се топи снегот/мразот и ги исфрла на површина телата.

Инаку не знам дали сте приметиле колку разлика прави кога ќе колоризираат некоја слика. Вака на црно-бело мртви тела не те потресуваат премногу, но кога ќе ја видиш сликата во колор сфаќаш што ужас е тоа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
требаше у споилер да ја стаам, у секој случај
Автоматски споено мислење:

Инаку јас сум лично доста врзан за оваа битка. Мојот прадедо има учествувано во оваа битка како дел од Унгарската армија.
Toa би било Втора Унгарска Армија, под команда на генерал Јани, кој некои сметаат дека е е ден од подобрите германски сојузнички генерали на Источниот Фронт. За него имам читано дека е еден од реоние кои ги предупредувале Германците дека не штимаат поставките на Армиска Група Бе, у контекст на Сталинград. Знам дека барал опрема, која му ја обеќале Германците, ама никогаш не му ја испорачале.
Википедија вика дека 84% губитоци имала Втората Унгарска Армија у таа битка, најверојатно од Сатурн, по крилата, кај што пробивале. Тоа е фантастично висок процент.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
За време на Војната советите мобилизирале околу 30.000.000 војска. Многумина од нив, добиле разни воени признанија и почести. Меѓу нив и 45-мина со презиме Борман, 18-торица со презиме Хес, 34 со презиме Геринг и еден Семјон Константинович Хитлер.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
требаше у споилер да ја стаам, у секој случај
Автоматски споено мислење:

Toa би било Втора Унгарска Армија, под команда на генерал Јани, кој некои сметаат дека е е ден од подобрите германски сојузнички генерали на Источниот Фронт. За него имам читано дека е еден од реоние кои ги предупредувале Германците дека не штимаат поставките на Армиска Група Бе, у контекст на Сталинград. Знам дека барал опрема, која му ја обеќале Германците, ама никогаш не му ја испорачале.
Википедија вика дека 84% губитоци имала Втората Унгарска Армија у таа битка, најверојатно од Сатурн, по крилата, кај што пробивале. Тоа е фантастично висок процент.
Веројатно е таа, Втората армија и јас така имам прочитано.

Инаку 85% загуби не би ме изненадиле.Не знам колку е точна приказната за прадедо ми, но татко ми ми кажува дека дедо му бил дезертер после/за време на Сталинград. Прадедо ми бил аѓутант на некој полковник и кога Советите ја разбиле неговата единица, полковникот му побарал да му свири некој унгарска балада, му кажал да бега како знае и се самоубил пред него.
Од тогаш он дезертира, се приклучува на руските партизани, па со нивна помош стига некако назад до дома и продолжува во партизаните тука во Југославија. Филмска прича ептен и не би ме чудело да е малку преувеличена или нешто да е измислено.
Автоматски споено мислење:

За време на Војната советите мобилизирале околу 30.000.000 војска. Многумина од нив, добиле разни воени признанија и почести. Меѓу нив и 45-мина со презиме Борман, 18-торица со презиме Хес, 34 со презиме Геринг и еден Семјон Константинович Хитлер.
Иронија е што Семјон Хитлер бил евреин. Одликуван за храброст, загинува 1942 кај Севастопол. Неговата фамилија после емигрира во Израел и го менува името во Хитлев.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Веројатно е таа, Втората армија и јас така имам прочитано.

Инаку 85% загуби не би ме изненадиле.Не знам колку е точна приказната за прадедо ми, но татко ми ми кажува дека дедо му бил дезертер после/за време на Сталинград. Прадедо ми бил аѓутант на некој полковник и кога Советите ја разбиле неговата единица, полковникот му побарал да му свири некој унгарска балада, му кажал да бега како знае и се самоубил пред него.
Од тогаш он дезертира, се приклучува на руските партизани, па со нивна помош стига некако назад до дома и продолжува во партизаните тука во Југославија. Филмска прича ептен и не би ме чудело да е малку преувеличена или нешто да е измислено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom