Од каде ти е ова? Јас колку што знам, вакво нешто нема. HBO во мај 2017 нарача 5 prequel шоуа од режисерите и продуценти: Max Borenstein, Jane Goldman, Brian Helgeland, Carly Wray и Bryan Cogman. Секој од нив независно работел со Џорџ Матин, и напишани се 5 сценарија, за 5 серии. 2 од сценаријата како ко-автор ги потпишал и Мартин. Еве кои се prequel-ите:
1. The Long Night - Jane Goldman (сценаристка на двата Kingsman филмови, на X-Men: First Class, Kick-Ass и Stardust)
За оваа серија е веќе нарачана пилот епизода, и почнува да се снима летово, иако наводно уште не е извесно дали ќе се снима цела серија. Се ќе зависи од пилотот. Дејството ќе се случува 8 илјади години пред GoT, за време на Age of Heroes, кога се формирани повеќето големи куќи на Вестерос, потоа, Андалите дошле од Есос и го освоиле поголемиот дел од Вестерос и кога White Walkers за прв пат се појавиле. Во серијата би била и прикажата вистинската и целосна приказна за настанувањето на White Walker-ите, како и вистинските почетоци на некои од големите куќи, како Старк, за кои креаторката вели дека не се баш приказни кои ги знаеме.
Освен оваа, Мартин изјавил дека од останатите 4 нарачани сценарија, 3 се во фаза на активен развој, што значи можно е некоја од нив да биде првата, а не The Long Night.
2. Empire of Ash - Max Borenstein (сценаристот на Godzilla и Kong: Skull Island)
Ова е првата од двете (од вкупно 5) серии која нема да се случува на Вестерос. Се работи за случувањата кои довеле до падот на Валирија и масивната вулканска суперерупција која ја уништила Валирија за само еден ден. Но ова е исто така и origin story за House Targaryen, мала фамилија од Валирија која процветала со одлуката да го напушти островот и да замине за Вестерос токму пред кобниот крај на Валирија. Планирано е да трае минимум 5 сезони, може и повеќе. И, најинтересното - ќе има змејови. Многу! Илјадници змејови!
Една третина од серијата ќе била сместена и на Соториос, панданот на Африка во светот на Мартин. Ќе бил прикажан односот на Валирија со нејзините провинции (читај - колонии), но и многу социо-економски аспекти за најмоќната империја во тоа време. Повеќето од актерите нема да бидат белци, според повикот за кастинг кој е објавен а во кој бараат црнци, Азијати и други луѓе од мешани култури. Аенар Таргарјен и неговата ќерка Денис Таргарјен, пра-пра-пра-пра-...-пра дедо и баба на Денерис, се 2 од главните ликови.
Ова е вториот - front-runner од петте можни серии. Ако не успее проектот на Голдман, многу веројатно е ова да го видиме како прва серија. Пилотот за ова уште не е нарачан, но веќе е извесно скоро дека најверојатно ќе го режира Мигуел Сапочник (го знаеме од GoT)
3. Ненасловен проект - Carly Wray (сценаристка на епизоди од Mad Man, Constantine, The Leftovers, Mindhunter и Westworld)
Многу малку се знае за ова. Само дека ќе било од женска перспектива, ќе имало многу женски ликови. Најверојатно ќе се вика The Dance of the Dragons и ќе се случува во периодот наречен баш така - масивна цивилна војна во која се бореле Таргарјен против Таргарјен и змеј против змеј.
4. Ненасловен проект - Brian Helgeland (овој е веќе оскаровец, освојувач на Оскар за сценариото на L.A.Confidential, а негови се и сценаријата на Mystic River и A Nightmare on Elm Street 4: The Dream Master)
За ова па се знае уште помалку. Најверојатно ќе се случува околу освојувањето на Вестерос од страна на Таргарјен фамилијата. За Егон Таргарјен и неговите 2 сестри кои јавајќи на своите змејови ги покориле сите 7 кралства во Вестерос, го сковале железниот трон и ја создале големата империја.
5. Пропаднат проект - Bryan Cogman (режисер на 11 епизоди од GoT)
Ова е единствениот од петте проекти кој HBO официјално го отфрлил. не се знае за што се работи во сценариото, ниту пак зошто е отфрлено. Можно е затоа што HBO не видела иднина и можност да се изгради нешто повеќе од него, но можно е исто така и да е отфрлен само заради презафатеност на авторот зо други проекти и неможноста да се посвети на проектот, па може сепак по некое време да се врати во игра.
6. и 7. Две дополнителни идеи - Џорџ Мартин
Мартин им дал на HBO уште 2, дополнителни идеи за prequel серии, но сепак, сега за сега остануваат само на идеи. И за овие 2 идеи ништо не се знае, освен тоа дека дефинитивно не се работи за бунтот на Роберт Баратеон против Таргарјен, што експлицитно Мартин го има нагласено.