Game of Thrones

Член од
17 октомври 2011
Мислења
9.310
Поени од реакции
21.081

Знае некој нешто повеќе за ова? :vozbud::vozbud:
Да, мислам дека се работи за вториот од петте проекти:

Од каде ти е ова? Јас колку што знам, вакво нешто нема. HBO во мај 2017 нарача 5 prequel шоуа од режисерите и продуценти: Max Borenstein, Jane Goldman, Brian Helgeland, Carly Wray и Bryan Cogman. Секој од нив независно работел со Џорџ Матин, и напишани се 5 сценарија, за 5 серии. 2 од сценаријата како ко-автор ги потпишал и Мартин. Еве кои се prequel-ите:

1. The Long Night - Jane Goldman (сценаристка на двата Kingsman филмови, на X-Men: First Class, Kick-Ass и Stardust)
За оваа серија е веќе нарачана пилот епизода, и почнува да се снима летово, иако наводно уште не е извесно дали ќе се снима цела серија. Се ќе зависи од пилотот. Дејството ќе се случува 8 илјади години пред GoT, за време на Age of Heroes, кога се формирани повеќето големи куќи на Вестерос, потоа, Андалите дошле од Есос и го освоиле поголемиот дел од Вестерос и кога White Walkers за прв пат се појавиле. Во серијата би била и прикажата вистинската и целосна приказна за настанувањето на White Walker-ите, како и вистинските почетоци на некои од големите куќи, како Старк, за кои креаторката вели дека не се баш приказни кои ги знаеме.

Освен оваа, Мартин изјавил дека од останатите 4 нарачани сценарија, 3 се во фаза на активен развој, што значи можно е некоја од нив да биде првата, а не The Long Night.

2. Empire of Ash - Max Borenstein (сценаристот на Godzilla и Kong: Skull Island)
Ова е првата од двете (од вкупно 5) серии која нема да се случува на Вестерос. Се работи за случувањата кои довеле до падот на Валирија и масивната вулканска суперерупција која ја уништила Валирија за само еден ден. Но ова е исто така и origin story за House Targaryen, мала фамилија од Валирија која процветала со одлуката да го напушти островот и да замине за Вестерос токму пред кобниот крај на Валирија. Планирано е да трае минимум 5 сезони, може и повеќе. И, најинтересното - ќе има змејови. Многу! Илјадници змејови!
Една третина од серијата ќе била сместена и на Соториос, панданот на Африка во светот на Мартин. Ќе бил прикажан односот на Валирија со нејзините провинции (читај - колонии), но и многу социо-економски аспекти за најмоќната империја во тоа време. Повеќето од актерите нема да бидат белци, според повикот за кастинг кој е објавен а во кој бараат црнци, Азијати и други луѓе од мешани култури. Аенар Таргарјен и неговата ќерка Денис Таргарјен, пра-пра-пра-пра-...-пра дедо и баба на Денерис, се 2 од главните ликови.

Ова е вториот - front-runner од петте можни серии. Ако не успее проектот на Голдман, многу веројатно е ова да го видиме како прва серија. Пилотот за ова уште не е нарачан, но веќе е извесно скоро дека најверојатно ќе го режира Мигуел Сапочник (го знаеме од GoT)

3. Ненасловен проект - Carly Wray (сценаристка на епизоди од Mad Man, Constantine, The Leftovers, Mindhunter и Westworld)
Многу малку се знае за ова. Само дека ќе било од женска перспектива, ќе имало многу женски ликови. Најверојатно ќе се вика The Dance of the Dragons и ќе се случува во периодот наречен баш така - масивна цивилна војна во која се бореле Таргарјен против Таргарјен и змеј против змеј.

4. Ненасловен проект - Brian Helgeland (овој е веќе оскаровец, освојувач на Оскар за сценариото на L.A.Confidential, а негови се и сценаријата на Mystic River и A Nightmare on Elm Street 4: The Dream Master)
За ова па се знае уште помалку. Најверојатно ќе се случува околу освојувањето на Вестерос од страна на Таргарјен фамилијата. За Егон Таргарјен и неговите 2 сестри кои јавајќи на своите змејови ги покориле сите 7 кралства во Вестерос, го сковале железниот трон и ја создале големата империја.

5. Пропаднат проект - Bryan Cogman (режисер на 11 епизоди од GoT)
Ова е единствениот од петте проекти кој HBO официјално го отфрлил. не се знае за што се работи во сценариото, ниту пак зошто е отфрлено. Можно е затоа што HBO не видела иднина и можност да се изгради нешто повеќе од него, но можно е исто така и да е отфрлен само заради презафатеност на авторот зо други проекти и неможноста да се посвети на проектот, па може сепак по некое време да се врати во игра.

6. и 7. Две дополнителни идеи - Џорџ Мартин
Мартин им дал на HBO уште 2, дополнителни идеи за prequel серии, но сепак, сега за сега остануваат само на идеи. И за овие 2 идеи ништо не се знае, освен тоа дека дефинитивно не се работи за бунтот на Роберт Баратеон против Таргарјен, што експлицитно Мартин го има нагласено.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
33.929
Поени од реакции
51.364
Не. Fire & Blood е приказна за Таргариени која се заснова на последната книга на Мартин (која најверојатно ќе има два дела). Најверојатно HBO проектот ќе биде поврзан со таа книга.
Ако е така тогаш вреди да се каже дека книгата нема врска со Валирија и падот на Валирија, а почнува од освојувањето на Егон и целосно се однесува на владеењето на Таргариените во Вестерос (наследни борби, граѓански војни... се до буната на Роберт). Нема ништо во неа што се случува на Есос, ниту пред истоварувањето на Егон.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
11.590
Поени од реакции
7.997
House Of The Dragon, a Game of Thrones prequel is coming to HBO.
The series is co-created by George RR Martin and Ryan Condal. Miguel Sapochnik will partner with Condal as showrunner and will direct the pilot and additional episodes. Condal will be writing the series.

 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.699
Поени од реакции
884
Оваа ќе биде за Таргеријанците, само нз дали ќе се бави со нивното доаѓање во Вестерос, или нивното владеење на Континентот. Би било супер да го видиме Doom of Valyria.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
9.310
Поени од реакции
21.081
Оваа ќе биде за Таргеријанците, само нз дали ќе се бави со нивното доаѓање во Вестерос, или нивното владеење на Континентот. Би било супер да го видиме Doom of Valyria.
За Doom of Valyria имаше друго сценарио, ако не се лажам тоа беше одбиено уште во таа почетна фаза. Оваа серија е од нивното доаѓање во Dragonstone навака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom