Game of Thrones

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Последно уредено:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
@RickyLFC9

Која средновековна елективна монархија станала успешна демократија, тие држави со феудален систем или пропаднале или станале апсолутистички монархии со силен централизам во 17-18 век, па после се трансформирале во демократии преку народни револуции (Франција) или во парламентарлни монархии преку благороднички револуции (Англија).

Да формираа некаков парламент со што ќе ја ограничеа улогата на монархот ќе имаше повеќе смисла. Како сега овој систем гарантира стабилност на Вестерос? По смртта на Бран, би почнале еден куп сплетки, заговори и преговори за нов монарх за на крај пак да доведат до вистинска граѓанска војна.

И која е логиката според тебе освојувачите (Ансалид и Дотраки) едноставно да се повлечат откако изгинаа за својата кралица. Кога умре Александар, генералите не се вратија во Македонија и да има ја вратат Персија на персииците, туку си ја поделија империјата меѓу себе.
Хабсбуршката монархија и нејзиниот систем на владеење има оставено простор на германските гратчиња да се развиваат многу поефикасно економски. Затоа кај нив се развива буржоаската класа, засилена трговија и гилди, и стануваат економски најспособни во Европа бидејќи разбираат како да искористат ресурси за да остварат прогрес. Имаат право на учество и збор во политиките на државата (претежно внатрешните). Ова им овозможува прогрес бидејќи луѓето кои ги носат политиките во државата се токму тие кои ја движат економијата напред, наместо некое кралче што сака да организира балови и фешти.

Дотраките... искрено разбирам дека беше чудно као го оставија Џон да си живее и све тоа. Али зашто ги снема и се распрснаа е мнг едноставно. Што се деси коа се поеба Дрого? Прекинаа да го следат пошто им падна најјакиот водач. Што се деси си Хуните, најголемата чума у Европа? Се распрснаа по смртта на Атила. Со Монголите? Исто... Сигурно нема да губиме време у серијава да ни објаснат како дотраките се расправаат меѓу себе и решаваат да се повлечат пошто не можат да се справат против сите останати у земјата, тоа ќе биде стварно бескорисно губење време, никој не го боли кур за Дотраките. Поентата е таа, го губат моќниот водач и се повлекуваат, како и сите други номади-воини низ историјата.

Да, државата нема да е најстабилна, ама која држава е? Не е поентата дека оствариле којзнае колку сјајна држава, сите сме и денес подлежни на војни и на револуции. Поентата е дека остварија прогрес. Па кои позитивни и негативни последици потенцијално ќе следат у иднина може да шпекулираме, али we can narrow it down и може да претпоставиме ако фатиме да читаме книги за периодот во доцниот среден век, во чијашто етапа навлеговме длабоко.

Мислам дека би било топ ако измислат парна машина и све тоа за после да следи домино ефектот на индустриската револуција, али that would be pushing it :D

#ПартискиБранител
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214

Хабсбуршката монархија била аполутистичка како и повеќето у Европа. А Светото Римско Царство(ако на тоа мислиш) континуирано губи. Ја губи Италија, го губи цел север заради религиска шизма, губи статус заради Прусија(која исто не сакала ни да помисли на демократии, елективни монархии и слични глупости)..и на крај, било смачкано и растурено од Наполеон, император на чело на де факто апсолутистичка монархија.

го губат моќниот водач и се повлекуваат, како и сите други номади-воини низ историјата.
А ова ти е тежок гаф. Степските племиња со векови диктирале европска политика. Монголите се задржале во Русија два века по смртта на Џингис.
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.571
Поени од реакции
17.970
http://georgerrmartin.com/notablog/

Од Мартин лично, некасапено и вадено од контекст.

Ако ви дава скршен линк одете на www.georgerrmartin.com и кликнете на Not a Blog.

Ги потврди претпоставките дека ќе има сиквели, приквели и индиректно се правдаше за лошата завршница со малиот временски период во кој толку многу настани се сместени. Целиот проблем е што на D&D им се брзало, а им се брзало не само ради тоа што им се смачило, туку што и кубуреле со буџет на крај, а трошеле доста по епизода, па и надминувале пошто снимањата траеле подолго од очекуваното, па ради тоа и скратиле една цела епизода. За да не се дешаваат вакви работи ХБО за вакви носечки серии треба да биде и малку полабава и во однос на средства и во однос на рокови, во нивни интерес е пошто и другите серии од овој универзум ќе им завршат исплукани на овој начин.[DOUBLEPOST=1558429718][/DOUBLEPOST]
Хабсбуршката монархија и нејзиниот систем на владеење има оставено простор на германските гратчиња да се развиваат многу поефикасно економски. Затоа кај нив се развива буржоаската класа, засилена трговија и гилди, и стануваат економски најспособни во Европа бидејќи разбираат како да искористат ресурси за да остварат прогрес. Имаат право на учество и збор во политиките на државата (претежно внатрешните). Ова им овозможува прогрес бидејќи луѓето кои ги носат политиките во државата се токму тие кои ја движат економијата напред, наместо некое кралче што сака да организира балови и фешти.

Дотраките... искрено разбирам дека беше чудно као го оставија Џон да си живее и све тоа. Али зашто ги снема и се распрснаа е мнг едноставно. Што се деси коа се поеба Дрого? Прекинаа да го следат пошто им падна најјакиот водач. Што се деси си Хуните, најголемата чума у Европа? Се распрснаа по смртта на Атила. Со Монголите? Исто... Сигурно нема да губиме време у серијава да ни објаснат како дотраките се расправаат меѓу себе и решаваат да се повлечат пошто не можат да се справат против сите останати у земјата, тоа ќе биде стварно бескорисно губење време, никој не го боли кур за Дотраките. Поентата е таа, го губат моќниот водач и се повлекуваат, како и сите други номади-воини низ историјата.

Да, државата нема да е најстабилна, ама која држава е? Не е поентата дека оствариле којзнае колку сјајна држава, сите сме и денес подлежни на војни и на револуции. Поентата е дека остварија прогрес. Па кои позитивни и негативни последици потенцијално ќе следат у иднина може да шпекулираме, али we can narrow it down и може да претпоставиме ако фатиме да читаме книги за периодот во доцниот среден век, во чијашто етапа навлеговме длабоко.

Мислам дека би било топ ако измислат парна машина и све тоа за после да следи домино ефектот на индустриската револуција, али that would be pushing it :D

#ПартискиБранител
Не баш, Хуните ко поим се вака доста широк и опфаќаат доста народи и племиња. Али дека се распрснале тешко, Византија прав и пепел ја имаат направено (Аспарух и Кубрат) потомците на Атила(ова му е надимак на германски мислам, Авитохол од родот Дуло, му е вистинското име).
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Мене па ме радува што серијава не заврши со мемето што беше испошерувано секаде претходната недела, дека Арја ќе ја убие Даенерис. (y) Впрочем така и да завршеше може подобар рејтинг ќе имаше на IMDb :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Почнаа со prequeli...

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Од каде ти е ова? Јас колку што знам, вакво нешто нема. HBO во мај 2017 нарача 5 prequel шоуа од режисерите и продуценти: Max Borenstein, Jane Goldman, Brian Helgeland, Carly Wray и Bryan Cogman. Секој од нив независно работел со Џорџ Матин, и напишани се 5 сценарија, за 5 серии. 2 од сценаријата како ко-автор ги потпишал и Мартин. Еве кои се prequel-ите:

1. The Long Night - Jane Goldman (сценаристка на двата Kingsman филмови, на X-Men: First Class, Kick-Ass и Stardust)
За оваа серија е веќе нарачана пилот епизода, и почнува да се снима летово, иако наводно уште не е извесно дали ќе се снима цела серија. Се ќе зависи од пилотот. Дејството ќе се случува 8 илјади години пред GoT, за време на Age of Heroes, кога се формирани повеќето големи куќи на Вестерос, потоа, Андалите дошле од Есос и го освоиле поголемиот дел од Вестерос и кога White Walkers за прв пат се појавиле. Во серијата би била и прикажата вистинската и целосна приказна за настанувањето на White Walker-ите, како и вистинските почетоци на некои од големите куќи, како Старк, за кои креаторката вели дека не се баш приказни кои ги знаеме.

Освен оваа, Мартин изјавил дека од останатите 4 нарачани сценарија, 3 се во фаза на активен развој, што значи можно е некоја од нив да биде првата, а не The Long Night.

2. Empire of Ash - Max Borenstein (сценаристот на Godzilla и Kong: Skull Island)
Ова е првата од двете (од вкупно 5) серии која нема да се случува на Вестерос. Се работи за случувањата кои довеле до падот на Валирија и масивната вулканска суперерупција која ја уништила Валирија за само еден ден. Но ова е исто така и origin story за House Targaryen, мала фамилија од Валирија која процветала со одлуката да го напушти островот и да замине за Вестерос токму пред кобниот крај на Валирија. Планирано е да трае минимум 5 сезони, може и повеќе. И, најинтересното - ќе има змејови. Многу! Илјадници змејови!
Една третина од серијата ќе била сместена и на Соториос, панданот на Африка во светот на Мартин. Ќе бил прикажан односот на Валирија со нејзините провинции (читај - колонии), но и многу социо-економски аспекти за најмоќната империја во тоа време. Повеќето од актерите нема да бидат белци, според повикот за кастинг кој е објавен а во кој бараат црнци, Азијати и други луѓе од мешани култури. Аенар Таргарјен и неговата ќерка Денис Таргарјен, пра-пра-пра-пра-...-пра дедо и баба на Денерис, се 2 од главните ликови.

Ова е вториот - front-runner од петте можни серии. Ако не успее проектот на Голдман, многу веројатно е ова да го видиме како прва серија. Пилотот за ова уште не е нарачан, но веќе е извесно скоро дека најверојатно ќе го режира Мигуел Сапочник (го знаеме од GoT)

3. Ненасловен проект - Carly Wray (сценаристка на епизоди од Mad Man, Constantine, The Leftovers, Mindhunter и Westworld)
Многу малку се знае за ова. Само дека ќе било од женска перспектива, ќе имало многу женски ликови. Најверојатно ќе се вика The Dance of the Dragons и ќе се случува во периодот наречен баш така - масивна цивилна војна во која се бореле Таргарјен против Таргарјен и змеј против змеј.

4. Ненасловен проект - Brian Helgeland (овој е веќе оскаровец, освојувач на Оскар за сценариото на L.A.Confidential, а негови се и сценаријата на Mystic River и A Nightmare on Elm Street 4: The Dream Master)
За ова па се знае уште помалку. Најверојатно ќе се случува околу освојувањето на Вестерос од страна на Таргарјен фамилијата. За Егон Таргарјен и неговите 2 сестри кои јавајќи на своите змејови ги покориле сите 7 кралства во Вестерос, го сковале железниот трон и ја создале големата империја.

5. Пропаднат проект - Bryan Cogman (режисер на 11 епизоди од GoT)
Ова е единствениот од петте проекти кој HBO официјално го отфрлил. не се знае за што се работи во сценариото, ниту пак зошто е отфрлено. Можно е затоа што HBO не видела иднина и можност да се изгради нешто повеќе од него, но можно е исто така и да е отфрлен само заради презафатеност на авторот зо други проекти и неможноста да се посвети на проектот, па може сепак по некое време да се врати во игра.

6. и 7. Две дополнителни идеи - Џорџ Мартин
Мартин им дал на HBO уште 2, дополнителни идеи за prequel серии, но сепак, сега за сега остануваат само на идеи. И за овие 2 идеи ништо не се знае, освен тоа дека дефинитивно не се работи за бунтот на Роберт Баратеон против Таргарјен, што експлицитно Мартин го има нагласено.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Хабсбуршката монархија била аполутистичка како и повеќето у Европа. А Светото Римско Царство(ако на тоа мислиш) континуирано губи. Ја губи Италија, го губи цел север заради религиска шизма, губи статус заради Прусија(која исто не сакала ни да помисли на демократии, елективни монархии и слични глупости)..и на крај, било смачкано и растурено од Наполеон, император на чело на де факто апсолутистичка монархија.
Добро де, ако државата слабее и станува срање, не значи дека истото се дешава со општеството. Баш некад државите слабеат пошто луѓето стануваат попаметни и се растураат од внатре пошто сакаат нешто боље. Револуција, војна и различна власт не значи дека општеството иде назад...
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Со крајов како да обезбедија доста простор за sequel(s). Не знам како би изгледало тоа во пракса, ама крајов за Џон беше најдобро доловен според мене. Отиде на Север со вајлдлингс, каде што и беше најсреќен од сите места.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom