И јас така ко тебе..
Кога почнав да гледам порано на почеток и зедов се корејско лајкнав на фб и инста и почнаа да ме следат корејци и имаше еден од Сеул уметничка душа, работел таму во некој кафич цртал на кафињата, ептен интересна работа, разни ликови од филмови од цртани од аниме на кафе ги црташе, прво лајкчиња си стававме, до душа тој мене еден лајк на еден мој цртеж, јас него на сите и после јас му пишав дали имаш гледано корејски филм
Се зезам, ја имаше цртано Чихиро од аватарот мој на едно макијато и си викаам а сега ти е моментот и пишав демек еј ова ми е омилен лик, ко божем случајно видов и така заврши мојата авантура со кореец пошто никогаш не ми врати и добро се сетив да го избришам сега.
А мој е
Byung-Hun Lee на млади години и
Yoo Gong иначе, а онаа мајката од Parasite ептен убава и нежна не знам зошто никој не ја спомнал.
Во меѓувреме изгледав уште два корејски (другиот до пола зошто за жал заспав од умор) а првиот иако тажно филмче ми делуваше ептен фил гуд и јасно ми е дека во филмов се дешаваат нереалности и нешта што неееееема шанса да се случат ни на филм, ама сепак ми ја стопли душата. Не би го препорачала за некој ситничав перфекционист иако тука такви сме сите, филмов е полн со маани и нелогичности, ама е топол и пријатен, затоа ваљда е и оценава толкава. Па сега кој сака нека гледа
Miracle in Cell No. 7
Не сакам многу да кажувам за да не ја уништувам магијата, пошто има магија во филмов и страв ми е дека ако раскажам само малку нешто повеќе од тоа што треба, филмов ќе биде само обичен филм. Приказна за една љубов, мала слатка љубов меѓу мала слатка ќерка, и татко, кои интелектуално се тука некаде и тема што ни е позната на сите-скапан систем, нечовечност, неправда, неспособноста на големите луѓе во борба наспроти човечноста на малите луѓе со огромни срца. Ви кажав за мааните, ама ако ги занемарите мислам дека ќе се најде мало место во секое срце за филмов. 7 и пол со срценце
Kога на некој ќе му дојдат на гости оние лошите мисли ко сите ме разочараа и такви срања седнете го и пуштете му го филмов.
Другиот е необичен малце, до пола само го гледав, ок ми е до таму, па да догледам ќе си пишам. Освен сега јас, друг никој не го гледал. Или барем не си запишал.
The Witch: Part 1 - The Subversion (2018)