Корејски филмови

Член од
6 април 2014
Мислења
120
Поени од реакции
150
Еве ви каталог со корејски филмови од бугарски форум. На истиот има и линкови за даунлоад. Многу од овие филмови ги имам изгледано. Сега почнав некои сериски корејски, но не сум баш многу воодушевен за да препорачам, освен Kingdom кој има сега за сега само една сезона.

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Newton'

Fapstronaut
Член од
25 јули 2015
Мислења
322
Поени од реакции
289
Знаеш и самата дека ме зарази со корејски и дека изгледав премногу корејски ради тебе, океј, 20-ина може имам изгледано и од тие 20-ина Parasite i Memories of Murder ми се сега за сега 10-ки само.
Подобро за тебе што си заразен од филмови само , ја со серииве Корејски се заразив упм , мора корејка девојка да си најдам :D
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
1.330
Поени од реакции
6.437

И јас така ко тебе..

Кога почнав да гледам порано на почеток и зедов се корејско лајкнав на фб и инста и почнаа да ме следат корејци и имаше еден од Сеул уметничка душа, работел таму во некој кафич цртал на кафињата, ептен интересна работа, разни ликови од филмови од цртани од аниме на кафе ги црташе, прво лајкчиња си стававме, до душа тој мене еден лајк на еден мој цртеж, јас него на сите и после јас му пишав дали имаш гледано корејски филм :ROFLMAO: Се зезам, ја имаше цртано Чихиро од аватарот мој на едно макијато и си викаам а сега ти е моментот и пишав демек еј ова ми е омилен лик, ко божем случајно видов и така заврши мојата авантура со кореец пошто никогаш не ми врати и добро се сетив да го избришам сега.

А мој е Byung-Hun Lee на млади години и Yoo Gong иначе, а онаа мајката од Parasite ептен убава и нежна не знам зошто никој не ја спомнал.

Во меѓувреме изгледав уште два корејски (другиот до пола зошто за жал заспав од умор) а првиот иако тажно филмче ми делуваше ептен фил гуд и јасно ми е дека во филмов се дешаваат нереалности и нешта што неееееема шанса да се случат ни на филм, ама сепак ми ја стопли душата. Не би го препорачала за некој ситничав перфекционист иако тука такви сме сите, филмов е полн со маани и нелогичности, ама е топол и пријатен, затоа ваљда е и оценава толкава. Па сега кој сака нека гледа :LOL:
Miracle in Cell No. 7

Не сакам многу да кажувам за да не ја уништувам магијата, пошто има магија во филмов и страв ми е дека ако раскажам само малку нешто повеќе од тоа што треба, филмов ќе биде само обичен филм. Приказна за една љубов, мала слатка љубов меѓу мала слатка ќерка, и татко, кои интелектуално се тука некаде и тема што ни е позната на сите-скапан систем, нечовечност, неправда, неспособноста на големите луѓе во борба наспроти човечноста на малите луѓе со огромни срца. Ви кажав за мааните, ама ако ги занемарите мислам дека ќе се најде мало место во секое срце за филмов. 7 и пол со срценце :love::love:Kога на некој ќе му дојдат на гости оние лошите мисли ко сите ме разочараа и такви срања седнете го и пуштете му го филмов.

Другиот е необичен малце, до пола само го гледав, ок ми е до таму, па да догледам ќе си пишам. Освен сега јас, друг никој не го гледал. Или барем не си запишал. The Witch: Part 1 - The Subversion (2018)
 
Newton'

Fapstronaut
Член од
25 јули 2015
Мислења
322
Поени од реакции
289
Да не сте ми ја чепнале Ji Jun Hyun.. моја е

I see you're a man of culture as well ! Ја скоро секоја нова серија се заљубувам во друга , сега во IU :love:

хаха , повеќето се лажни профили таквите , те аднуваат само за објави на некој реклами и промоции .
Ќе го гледам тој Miracle in cell No 7 , доста високо е отценет , сигурно е добар . Не сум гледал многу филмови , само неколку имам гледано , Train to Busan , As One и The Dude in Me ,последниов пред некоја недела го гледав и се изнасмеав , ако сте за некоја лесна акција комедија со Sci Fi , бујрум

https://mydramalist.com/28713-the-man-inside-me
https://mydramalist.com/2204-as-one
https://mydramalist.com/11314-train-to-busan
 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.446
Поени од реакции
763
Extreme Job/Geukan Jigeop 2019
Eве го и долго очекуваниот Блокбастер за оваа година, и морам да кажам дека ми се допадна многу повеќе од минатогодишниот (Along with the Gods). Го има тој рецепт каков што мора да има еден хит. Ме потсеќа многу на The Thieves од 2012та. Одлична акциона комедија, не би сакал да го спојлам дејството, за да не го уништам филмот, само ќе кажам дека се работи за одредена група на полицијци, кои одат ундерковер во обид за разбивање на нарко картел.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
1.330
Поени од реакции
6.437
Seoul Station 2016

The film serves as the prequel to the live-action film Train to Busan by the same director.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
3.630
Поени од реакции
2.321
Среќна нека е пријатели форумџии,деновиве ке се има повеќе слободно време па дали има некое ново интересно корејско филмче за гледање?
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
3.630
Поени од реакции
2.321
Exit
Секогаш ме фасцинираат Корејциве со нивните морални вредности,лесно филмче за гледање во овие карантински денови.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
1.330
Поени од реакции
6.437
Колку глупава година, не му се порадувавме ни на оскарот ние двајца тројца тука...

Јас ни еден филм немам гледано, не па корејски, ама пошто имам температура и никој не се доближува до мене неколку дена, зедов и барав како се викаат сите до еден актери во parasite, да ги следам на инстаграм и гледам Џонтра се до едно има заследено, од стажисти до режисери и сама се смеев, а и јас исто се живо и диво заследив, па муабетот ми беше дека што вика баба ми ми се зажеле душата за корејско. И ваљда ќе гледам...
Некој предлог нешто? Или ај ќе си најдам, среќна нова година посакал некој погоре, па среќна нека ни е, ама очигледно не ни е и така...
 
Се надевам дека ти си добро а за другото не се секирај ќе биде се во ред.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.446
Поени од реакции
763
Exit
Секогаш ме фасцинираат Корејциве со нивните морални вредности,лесно филмче за гледање во овие карантински денови.
Исто препорака за Еxit, одлично урбано планинарење и сосем солиден дисастер филм, уште повеќе зошто ја открив Yoona од Girls' Generation :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
6.217
Поени од реакции
4.211

Одличен
 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.446
Поени од реакции
763
Confidential Assignment/Gongjo (2017)

Ова е одличен Корејски Акциски филм од 2017та, не се сеќавам дали сум пишувал за него. Дејството се одвива кога ценет Северно Корејски генерал врши предавство на Републиката и Суприм Лидерот и го убива скоро целиот свој тим, со исклучок на еден војник, па потоа пребегува во Сеул, Ј. Кореја. Војникот што останува жив е пратен по него и станува партнер со Ј. Корејски детектив. Значи класична клише приказна но доста добро изведена.
 
На врв Bottom