Корејски филмови

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
1.244
Поени од реакции
5.932
Може ги сакате, може не, може ви се сложени и не ги разликувате ликовите, ама корејските филмови за мене се едни од најдобрите филмови, со најдобрите пресврти, посебно кога се работи за трилери и крими приказни. Нека има една тема за нив ако е можно секако, па кој ги сака да предложи по два три, некој може ќе ги почне па пријатно ќе се изненади... Јас ќе ви кажам десетина добри и ако ве убедам бар еден да изгледате а не сте гледале, тогаш нема застанување.

Тешко ми е да направам рангирана листа затоа што сите ми се омилени, па листата е рандом убави корејски филмови.

1. Oldeuboi/Oldboy (2003)
Човек е киднапиран, по многу години е пуштен на слобода, врска нема кој го направил тоа и зошто, ќе си гаѓате дека е вака или онака, ама никогаш нема да погодите која е причината зошто го држеле таму.

2. Do-Ga-Ni/Silenced (2011)
Филм според вистински настани за еден учител кој ќе се вработи во ценето училиште за глувонеми деца и ќе дознае дека директорот на училиштето, управителот и еден од учителите физички и психички ги злоставуваат децата. Борба за правда против чудовишта кои живееле под маска на јагниња, еден куп болка, разочарувања, бес и неправди.

3. Busanhaeng/Train to Busan (2016)
Овој сега го гледав брзо. Зафатен бизнисмен решава да посвети малце време на ќерката и за нејзиниот роденден да ја однесe кај мајка и во друг град, се качуваат во воз, во возот се качува и инфицирана жена која се претвора во зомби, возот си тргнува и за кратко се преполнува со зомбиња. И да погинеш, колку можеш ќе се спасиш.
Убав е озбилно, еве јас не сакам зомбиња а од овој уште сум под впечатоци.

4. Gwoemul/The Host (2006)
Хорор комедија. И овие не ги сакам, ама овој ќе ви го кажам.
Во реката Хан, се појавува чудовиште, почнува да ги малтретира луѓето, да ги убива, да ги киднапира и во едни од жртвите има дете-член на едно лудо семејство кое ќе реши на своја рака да започне војна против чудовиштето и борба за спас на малото внуче. Таткото е ептен луд лик, многу глуп и забеган, па како ќе се снаоѓа таков човек со една таква катастрофа, тоа мора да го видите. Забавен филм е, има и комедија и трагедија и акција...

5. Ang-ma-reul bo-at-da/I Saw the Devil (2010)
Стандард истрага, убиства ова она, само што не е стандард убиец, него е едно болно пореметено гомно. И тоа сериски убиец.

6. Madeo/Mother (2009)
Во едно мало место се случува убиство, полицијата не се замара многу да го најде убиецот, една локална будала поминала од таму, станува осомничен, на брзина се решава дека тој е крив и случајот е затворен. Мајка му убедена дека синот е невин и е жртва на паразитите од полицијата, сама си отвара истрага и се бори да ја докаже невиноста на синот. Ко мајка. Ама супер мајка оваа. Е сега на крај, кој е убиецот сами да си видите.

7. Goksung/The Wailing (2016)
За овој имам пишувано, во едно селце почнуваат да забегуваат луѓето, па ќе налепат едно старче што ќе си се пресели на планина дека е некој демон што ги опседнува душите на селаните. Може е може не е, може е добар, може е лош, може треба да се чуваат од него, може треба да бараат помош од него...

8. Janghwa, Hongryeon/A Tale of Two Sisters (2003)
Овој и тој над него ми се едни од подобрите хорори што сум ги гледала. Овој е конфузен, измешан, треба концентрација, ама пресвртот е јак.

9. Salinui chueok/Memories of Murder (2003)
И ова е детективска приказна и тука полицијата е забегана, не ги бива за ништо, истражуваат убиство на една жена, изгубени и чукнати ептен, интересна е истрагата со такви дебили, убиец ќе се најде, ама дали ќе го погодат...

10. Teo-Neol/Tunnel (2016)
И ова не беше лошо филмче. Еден човек ќе се најде во тунел баш кога тунелот ќе почне да се руши, ќе остане заглавен под рушевините, неколку дена ќе се обидуваат да го спасат, ќе биде сензација во градот, ама нели секое чудо за три дена, па откако ќе си најдат друга занимација, државата ќе одлучи дека има многу други поважни работи од животот на еден човек.

И бонус уште некоj што ми е гледан и вреди за гледање: Ah-ga-ssi/The Handmaiden (2016), Chugyeogja/The Chaser (2008), Sinsegye/New World (2013), Boksuneun naui geot/ Sympathy for Mr. Vengeance (2002), Chinjeolhan geumjassi/Lady Vengeance (2005) заедно со Oldboy се трилогија за одмаздата. Толку од мене пошто малце ме мрзи, малце не ми текнува на други, може да ми дадете некој предлог и така вакви сега гледам. Ако не, ќе ви пишам јас други, кога ќе се сетам или кога ќе гледам : ))

Чао и 한국 영화를 감상 <3
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.147
Поени од реакции
7.506
Memories of Murder си успеала да го изгледаш и да знаеш кој е кој, а The Age of Shadows конфузен бил. :icon_lol:

Да не бидам оф топик.

Memories of Murder ми е супер филмче, The Age of Shadows исто. Вториов ме изненади дека понов.

The Man from Nowhere, The Chaser, Train to Busan се се ова одлични филмови.
Имам полно глеано, не ми се конфузни мене, ќе следат препораки во текот на ноќта и утре.
I saw the devil, Train to busan?

me mrzi da proveruvam ama mislam deka se korejski.
Корејски се, вториот е одличен.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Да видиме кој ќе биде првиот што ќе убаци Јапонски филм на темава. :D
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.147
Поени од реакции
7.506
А тема за јапонски филмови има? Не мора да е јапонски баш, општо азијски, кинески, монголски, тајландски. Сериозно, вртев до 9та страна на подфорумов и ми се здосади понатака.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.081
Поени од реакции
942
корејците се подобри за комедии, јапонците повеќе за гангстерски филмови.
сите корејски комедии што сум ги гледал бие супер.

ама чим почнавте со акција, хорор еве и неколку од мене

Ajeossi (2010) / The Man from Nowhere http://www.imdb.com/title/tt1527788/?ref_=adv_li_tt
Jopog manura (2001) / My Wife Is a Gangster http://www.imdb.com/title/tt0296696/?ref_=adv_li_tt
Sinsegye (2013) / New World http://www.imdb.com/title/tt2625030/?ref_=adv_li_tt
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.572
Поени од реакции
16.198
А тема за јапонски филмови има? Не мора да е јапонски баш, општо азијски, кинески, монголски, тајландски. Сериозно, вртев до 9та страна на подфорумов и ми се здосади понатака.
Има тема за World Cinema, можеш таму да коментираш и за азиските.[DOUBLEPOST=1501354248][/DOUBLEPOST]@Хоуп , а The Handmaiden?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.147
Поени од реакции
7.506
Има тема за World Cinema, можеш таму да коментираш и за азиските.[DOUBLEPOST=1501354248][/DOUBLEPOST]@Хоуп , а The Handmaiden?
Тебе те израдува позицијата на Алонсо, ништо не глеаш сеа. :D
Ете го прв во бонусот.
 
Член од
26 јули 2017
Мислења
79
Поени од реакции
116
Дечки искрено ќе ви кажам. Не сум гледал серии, а гледам луѓе се палат на нив. Ама годинава одвоив време да изгледам 2 Северно Корејски филмови. Едниот за боречки вештини, а другиот за гимнастика и нивниот предходен лидер.

On the Green Carpet

Се работи за професори во училиште за гимнастика каде што ги спремаат децата за нивните големи манифестации за да му укажат чест на лидерот и љубовта помеѓу двајцата професори.

Pyongyang Nalpharam

Интересна содржина, многу Теквондо/Такејон акција плус историска содржина.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.323
Поени од реакции
669
Може и тема за Корејски серии да се отвори доколку нема отворено. Тука имате листа на филмови со најголема заработка како вовед во Корејската кинематографија https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_highest-grossing_films_in_South_Korea
Кореја има многу добри режисери кои чуда можат да направат со ограничен буџет, топла препорака за секој што сака да почне да гледа.
Bong Joon Ho, Kim Jee-woon, Lee Chang-dong,Jang Hoon едни од подобрите режисери на Корејската филмска сцена.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
1.244
Поени од реакции
5.932
Memories of Murder си успеала да го изгледаш и да знаеш кој е кој, а The Age of Shadows конфузен бил. :icon_lol:
Ќе дојде и тој на ред деновиве.
Многу ликови наеднаш имаше за тоа време кога го гледав ми се виде малце комплициран. А немам проблем воопшто со ликовите кај корејците. Дури и симпатии си имам и си ги распознавам во друг филм.
Gong Yoo и Lee Byung-Hun. :D

Еј па двајцата се во The Age of Shadows.
 
Последно уредено:

Newton'

Fapstronaut
Член од
25 јули 2015
Мислења
322
Поени од реакции
289
Ќе дојде и тој на ред деновиве.
Многу ликови наеднаш имаше за тоа време кога го гледав ми се виде малце комплициран. А немам проблем воопшто со ликовите кај корејците. Дури и симпатии си имам и си ги распознавам во друг филм.
Gong Yoo и Lee Byung-Hun. :D
Слабо сум гледал Корејски филмови , ама корејски серии обожавам .
 
Член од
6 април 2014
Мислења
114
Поени од реакции
141
Еве и од мене една препорака за неколку добри филмчиња кои не се набројани до сега на темава.

1.Yongseoneun eupda / No Mercy (2010) http://www.imdb.com/title/tt1662557/?ref_=nv_sr_2
2.The good the bad the weird (2008) http://www.imdb.com/title/tt0901487/?ref_=nv_sr_2
3.A moment to remember (2004) http://www.imdb.com/title/tt0428870/?ref_=nv_sr_3
4.Children... (2011) http://www.imdb.com/title/tt1861982/?ref_=tt_rec_tti
5.Perfect number (2012) http://www.imdb.com/title/tt2411024/?ref_=tt_rec_tt
6.Moss (2010) http://www.imdb.com/title/tt1694019/?ref_=tt_rec_tt
7.My sassy girl (2001) http://www.imdb.com/title/tt0293715/?ref_=nv_sr_2
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
996
Поени од реакции
327
Добри се корејските,јапонските и кинеските филмови и серии ама лош им е ефектот и узвученоста
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.147
Поени од реакции
7.506
The Yellow Sea (2010)

Одамна сум го глеал филмов и сеа барајќи некој нов за глеање ми текна на овој. Одличен филм глеам не сте го предложиле, изгледа затоа што никој го нема глеано.
Колку што можев да се сетам од краткиот опис на имдб филмов е за таксит кој оди да ја бара жена му која отишла да заработи некој долар во Јужна Кореја, потрагата станува пеколна откако ќе почнат да го бркаат буквално сите, од полиција до мафија.
 
На врв Bottom