Корејски филмови

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.057
Поени од реакции
6.715
Па и метаскоров и оценкава... како ми пролетал низ очи.


Дајте торент.
Автоматски споено мислење:

Ако уопште има :D
Автоматски споено мислење:

1565772165140.png
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.080
Mene ne me vozbudi tolku. :D

Mi se dopadna samo toa sto bese smesen, horor, drama, triler... Sve be odlicno. :D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.753
Поени од реакции
52.715
Јас не гледам корејски баш, ама високите оцени ме натераа да го изгледам овој. Мастерпис :cuc::cuc:
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Јас не гледам корејски баш, ама високите оцени ме натераа да го изгледам овој. Мастерпис :cuc::cuc:
Имaaт интереснa и квaлитетнa кинемaтoгрaфијa Кoрејциве дa не ти ги нaбрoјувaм филмoвите aмa пoгледни вo темaвa имaaт дoбри филмчињa зa гледaње.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.057
Поени од реакции
6.715
Имaaт интереснa и квaлитетнa кинемaтoгрaфијa Кoрејциве дa не ти ги нaбрoјувaм филмoвите aмa пoгледни вo темaвa имaaт дoбри филмчињa зa гледaње.
И најдобра глума.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Тажно е што овој толку ве треснал од земја а какви корејски филмови има. Се навредив јас дури малку пошто корејциве ко мои си ги рачунам и при ваков просек (за нив просек, спореденбено со други е многу повеќе) во несвест испопаѓавте, а на онакви ремек дела што имаат ми реагирате со три ѕвезди и рамнодушност, некогаш дури си велам види види колку луѓето сакаат да личат еден на друг, ко божем ако дадеш на овој едно тројче ќе те исфрлат од бета братстството. Јас и лично тоа го видов и колку сакате лутете се ама така мислам, едино за Вот така не мислам иако некогаш многу ретко мислам дека сака последен да ги гледа ваквите мастерпис падобранци за да им залепи шокирачко различна оцена од другите, ама и тука сепак не мислам дека е намерно, некоја психологија и тоа е ваљда, ама нешто што е позитивно во целава ситуација што сега овој период фенси и модерно е да го гледаш Parasite, а Parasite е корејски филм, добил палма, демек и од Хоуп подалеку го пофалиле, обично јас кога се тепав за нив се осеќав ко со чергарска екипа да се борам против елитата, дури и срамота за мене и озбилно се срамам што и јас испаднав тука сакам да бидам како другите и ги баталив корејциве и почнав срања да гледам, почнав и ништо да не гледам и мене филмов ме врати на вистинскиот пат, дури и онака емотивен момент имав кога ги гледав и слушав, исто ко оние нашинците во странство кога ќе се сетат некогаш на земјава на некоја туѓинска песна и кршат чаши и сечат вени од тага, е таква тага доживеав ко да плачеше Кореја по мене и јас по неа.

Шала на страна, филмот беше интересен, има се што може еден човек да посака во еден филм. И забава и смеа, и реални моменти, и моменти што ќе те замислат и ќе ти направат хаос низ главата, и супер ликови и топ глума, и за такви ко мене малце настрани што сакаат да гледаат архитектура, ентериер и дизајн и градби и мебел : )) и пресврти и љубов и восхит и генијалност и крв и гадење и се. Ептен забавно беше да го гледаш и време од скоро 140 мин беше дури и тажно што помина за миг. Ако сакате мене да ме послушате, јас не сум гласот на народот, ама имам гледано многу корејски филмови, филмот е топ, бомба е, ама не е мастерпис и не е најдобар, јас еве застанувам корејско филмски водач да бидам без пари, кој паднал на газ од филмов да ми се обрати, чим такво возвишено чувство доживеал гледајќи, сигурно ќе сака повторно, пошто филмовите се како дрога, сакаш уште, уште и повеќе повеќе и појако и подобро и јас ќе ве натерам да ја доживеете нирваната преку корејската кинематографија и тоа од само преку два корејски филмови и тоа замисли од истиот актер, господинот Song Kang-Ho.

Ако не, чекајте следна доделена палма на корејци, следете светски оцени и понекогаш онака чисто без друга позадина погледнете по некој корејски филм. Од мене за Parasite 7/10.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.057
Поени од реакции
6.715
Колку површно е да се мисли за луѓе што обожаваат филмови дека гледаат и оценуваат филм со висока оценка оти сакаат да бидат ко другите и оти било фенси и модерно.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Не бе, знаев дека така ќе се сфати, сто пати истиот муабет сме го правеле за тоа. Сакам да кажам, да се даде шанса и на филм помалце популарен и полошо оценет, да не се гледаат само тие фенси што се у момент и сите што ги гледале. Јас во одбрана на тие другите во сенка подобрите што страдаат само затоа што не се познати. Нема логика иначе некој да сака да биде ист како другите тоа сигурно не сакам да го кажам. Се извинувам некој ако се најде навреден нешто тоа под афект дека ги сакам филмовиве ептен и криво ми е.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.057
Поени од реакции
6.715
Не бе, знаев дека така ќе се сфати, сто пати истиот муабет сме го правеле за тоа. Сакам да кажам, да се даде шанса и на филм помалце популарен и полошо оценет, да не се гледаат само тие фенси што се у момент и сите што ги гледале. Јас во одбрана на тие другите во сенка подобрите што страдаат само затоа што не се познати. Нема логика иначе некој да сака да биде ист како другите тоа сигурно не сакам да го кажам. Се извинувам некој ако се најде навреден нешто тоа под афект дека ги сакам филмовиве ептен и криво ми е.
Знаеш и самата дека ме зарази со корејски и дека изгледав премногу корејски ради тебе, океј, 20-ина може имам изгледано и од тие 20-ина Parasite i Memories of Murder ми се сега за сега 10-ки само.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom