- Член од
- 4 февруари 2012
- Мислења
- 5.943
- Поени од реакции
- 5.140
Тотално се согласувам, го имам симнато веќе некое време и никако да се обидам да го изгледам до крај, некако не ми е нешто посебно од тоа што успеав да видам така кратко. Се чекаBurning (2018)
Екранизација на кратка приказна од Харуки Мураками за двајца пријатели од детството и една необична средба на необично место со необичен лик со необично хоби што ќе ги измести нивните животи од корен. Чуден филм, јас после ја прочитав и приказната, напнат е и многу ветува, очекуваш некоја јака кулминација, пошто таков е текот како да наговестува нешто експлозивно, а на крај те разочарува. Ја не знаев ништо освен дека е корејски филм и не трепнав некој момент на почеток иако за право е и малце долг и станува досаден и монотон, ама ептен блиску го осеќав, не како филм, него како дешавка тука некаде во комшии што се дешава пред мои очи. Ликовите, овие тројца одлично разработени, иако ретко имаше дијалог пак успеваш да знаеш повеќе за нивниот карактер од дела, покрети, гримаси, став и десетка за тоа.
Во приказната главниот лик е семеен човек, тука е обичен дечко од рурална средина, писател, повлечен, тивок, напуштен од мајка му, со татко во затвор, си живее лајтарски живот, без амбиции, не е нешто посебно паметен ни интересен, впрочем е досаден и депресивен, анксиозен и чуден тип исто како филмов. Заљубен е во неговата пријателка од детството со која се сретнува после долги години која ќе го запознае со еден мистериозен тип за кого не знаат ништо освен дека е богат и живее луксузен живот. Главниот лик, анксиозниов дечко писател (кој освен што сам кажува дека е писател нема друг доказ за тоа, ни пишува ни има таков речник) доживува некаква бизарна поврзаност со мистериозниот тип и дознава дека од време на време си сака да си запали по некоја шупа.
Некои сцени се повторуваат неколку пати, тоа е ваљда некој печат на режисерот, и дефинитивно е пошто ептен акцент е ставено на тоа, ама баш поради тоа и филмов станува напорен за гледање, долго трае и предизвикува депресија, а од друга страна па сите тие споредни ситници му даваат некој поетичен шмек на филмов што го прави уникатен и немаш срце да го исплукаш. Почнува како профилирање на три ликови, па мистериозна и напната драма за љубовен триаголник која на крај се претвора во трилер. Да не е минутажата на филмов и да се има живци да се догледа до крај,можеби ќе си најде свои обожаватели, мене ми се допадна уникатноста и начинот на кој е раскажана приказната на Мураками преку филмов, за мој вкус е малце повеќе бизарен и досаден што не е случај со никој друг корејски филм на кој сум јас обожавател, за препорака не би го препорачала на секој, само на некои одредени луѓе што добро ги знам, а и за нив ќе размислам.
Мене филмот ми беше најдобриот неанглиски филм од 2018 година. Типична фантастична приказна, јас цело време имав чувство како да читам расказ на Хофман, ете, не знаев дека е според расказ на Мураками, кој неретко ги инкорпорира истите тие елементи на фантастиката во своите дела. Се ми беше погодено: од кинематографија, глума, бои, сценографија, приказна... Јас уживав во филмов.Burning (2018)