Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ако сакате добри комедии, гледајте ги оние на Stephen Chow... али филмовите да бидат на оригинален кинески јазик, а не преведен на англиски :)

goldofcookery1.gif
 
Ако сакате добри комедии, гледајте ги оние на Stephen Chow... али филмовите да бидат на оригинален кинески јазик, а не преведен на англиски :)

goldofcookery1.gif
Stephen Chow (на кратко Стефчо) е легенда, оној филмон со сиренана што го режираше откако се повлече ко актер се намлати пари. Имаат карактеристичен хумор азијциве, као овер д топ или гадни работи, ако не си навикнат на тоа ќе ти биде одбивно и чудно/глупо али затоа и ми се интересни нивниве комедии што се поразлични и доста креативни а имаат и доста симпатични глумци, ко Стефчо, Само Хунг кој кај нас не е толку познат али таму е подеднакво ценет ко Џеки Чен (третиот од нивново друштво Биао за жал не направи некоја кариера иако најталентиран од нив тројца, заедно имаат тренирано), исто цепки ми се и Хуи браќава
images

и Лаки Старс дружинава
TwinkleScreenshot.jpg

мислам дека имаат давано нешто од нив и по нашиве телевизии, некад Џеки Чен или Само Х. (прв од лево) имаат камео у нивниве
Автоматски споено мислење:

Сендлер, Спејд и Шнајдер, трио фантастико. Ги правеа едни од најјаките комедии на времето. И Вил Ферел на времето беше добар, но низ годините се изгуби.
Спејд се шлепаше поред Крис Фарли... дебелиот беше лудница, не сум глеал скеч со него а останатите да не искочат одма од карактер
Не знам тоа, али знам дека и Critters излезе сега.
Серија, ја чекав цело време и на крај коа искочи трејлерот не личи на ништо. Краткиов фан филм е дајштадаш
 
Последно уредено:

Само шо го изгледав филмов. Одлична драма. Онака на моменти длабока, тажна, па во други радосна, си игра со емоциите. Приказната топ, репликите исто. Кучето само се појавува како еден засебен момент. Топла препорака од мене, после фала ќе речите :)
 
Ако некого го интересира, овој петок во САД лимитирана премиера има Honeyland.


Претпоставувам ова е прв пат пoсле Dust македонски филм да има каква таква премиера/прикажвуање некој македонски филм

Можеби и ќе добие номинација за Оскар
Fun fact, на бокс-офисот само еден филм имаше подобар просечна заработка (per сала) од Honeyland - Кралот Лав.

Очигледно таргет публикава го сака филмот и постои баз меѓу критичари (y)
 
Два филма што онака рендом ги фатив на ТВ овие денови а што сум ги пропуштил до сега:

Прво EdTV (1999) на ТВ1000. Филмов е некој вид комична верзија на The Truman Show. Пошто излегол по него неизбежна е споредбата. Само тука Метју Меконахи доброволно прифаќа да го снимаат 24/7 за реалити шоу. Далеку е филмов од длабочината на The Truman Show ама мене ми беше онака забавен и знае да погоди некои моменти и да добиеш идеја колку е глупо животот да ти го гледаат сите.

Вториот беше нашиот „Мирно лето“ на Наша ТВ. Може на некој ќе му е чудно што до сега не сум го гледал ама ич не сум мераклија на стари македонски или југословенски филмови, некако премногу ми се правени по некоја клише формула. И затоа ме изненади што филмов ме заинтересира да го догледам до крај. Она што ми падна во око е колку филмов се разликува од денешните филмови. Чист литературен говор, едноставни сцени и дијалози. Познати клише ситуации, ама сепак те копка како ќе заврши. Па и дел од ликовите се така креирани што не може да не ти останат во сеќавање. И што е најбитно, дефинитивно ни фалат современи македонски комедии.
 
Long shot e eden od najdobrite rom-com filmovi vo poslednive nekolku godini.
Zabaven, feel good film so odlichna hemija pomegju Set i Sharliz.

И јас го гледав пред некој ден и истото го помислив, кој би рекол дека може да има таква хемија меѓу Шарлиз и Сет? Мислам, неспоиви ми беа до пред филмов.
Не би го ставила во најдобри ром комс, жанрот е отиден у пм и нема некоја конкуренција, али дефинитивно ми беше кулирање.
 
Сега најдовте да коментирате откако престанаа да го даваат во кино? :(
 
Сега најдовте да коментирате откако престанаа да го даваат во кино? :(
Ако ти значи нешто мене ми е тешко срање филмот :D

Иако критичариве го фалат... 0 причини гледам во филмот за фалење, од ниту еден аспект не ми легна нити ми фати око.
Автоматски споено мислење:

A ваљда "ми легна" и "ми фати око" треба да означуваат една иста работа..ама нема везе, нека се соберат повеќе зборови, нека чита рајата, што ќе праиш друго у летово...
 
Каква фасцинантна приказна. 9/10
96ab8a5e486f7f8f02b4ba47ecd9559c.jpg
 
Ова е еден од најголемите моменти во историјата на филмот, Нетфликс ќе пушти филм со буџет од 160 милиони. Голем удар е за кино салите, ако биди успешен очекувам и други филмови да одат вака без кино премиера(само лимитед колку да се во игра за оскари)
 
Back
На врв Bottom