Два филма што онака рендом ги фатив на ТВ овие денови а што сум ги пропуштил до сега:
Прво
EdTV (1999) на ТВ1000. Филмов е некој вид комична верзија на The Truman Show. Пошто излегол по него неизбежна е споредбата. Само тука Метју Меконахи доброволно прифаќа да го снимаат 24/7 за реалити шоу. Далеку е филмов од длабочината на The Truman Show ама мене ми беше онака забавен и знае да погоди некои моменти и да добиеш идеја колку е глупо животот да ти го гледаат сите.
Вториот беше нашиот „Мирно лето“ на Наша ТВ. Може на некој ќе му е чудно што до сега не сум го гледал ама ич не сум мераклија на стари македонски или југословенски филмови, некако премногу ми се правени по некоја клише формула. И затоа ме изненади што филмов ме заинтересира да го догледам до крај. Она што ми падна во око е колку филмов се разликува од денешните филмови. Чист литературен говор, едноставни сцени и дијалози. Познати клише ситуации, ама сепак те копка како ќе заврши. Па и дел од ликовите се така креирани што не може да не ти останат во сеќавање. И што е најбитно, дефинитивно ни фалат современи македонски комедии.