Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
18 април 2015
Мислења
59
Поени од реакции
104
Да споделам и јас искуство.. Во март годинава почнав да трчам воопшто,предходно со години бев улежан и бааги со зголемена телесна тежина.. Се пријавив на плумаратонот со цел да го завршам, се спремав 2 месеца и истрчани околу 150км меѓутоа влегов со предходно 9 месеца вежбано HIIT како кардио но трчање никакво ни километар. 2 недели пред настанот ја истрчав должината од 21км на кеј со паузи од по 2-3 минути за вода и истегања што ми делуваше позитивно на психата дека сум физички спремен за да истрчам таа должина. Пред самиот маратон нервите 100ка, возбуда адреналин но позитивно расположен. Го истрчав со лабаво темпо 6.40мин/км средно за време од 2:27ч. Првите 16 километри без проблем константо темпо влегов во ритам и со дишањето енергија топ, ама поради не искуство за како и кога треба да јадам веќе 17 километар драстичен пад на енергија, имав изедено една банана и едно чоколадце пред стартот а за време на трчањето само вода. Затоа последниот дел од 4-5 километри подзастанував и одев па начекав шеќер и електролити кои ми дадоа енергија малце и послените 20-21 километар се вратив во трчање. Како мој прв ваков настан презадоволен не дадов се од себе можев побрзо меѓутоа немањето искуство ме плашеше и затоа цел ми беше само завршување. Задовлен од организираноста и позитивната енергија како на учесниците така и на публиката. Времето се погоди одлично имав страв дека ќе е пекол па затоа мн често и трчав околу 3-4 часот на сонце за да колку толку бидам подготвен на тие услови. Убаво искуство и си поставувам цел наредната година полумаратон за 2часа или помалку. Се гледаме тогаш :)
 
Член од
22 април 2013
Мислења
100
Поени од реакции
91
со оглед околностите пред маратонот, успешно истрчан маратон за мене, резултат тамам за моите скромни можности 4:08h. Направив релативно слаби припреми, имав претходно повреда и пауза нетрчање од Ноември-Јануари, почнав од Февруари и во средина на Март уследи непланирана повреда неповрзно со трчање и секако пауза од речиси 1 месец. Пред маратонот направив добри припреми, зголемен внес на јаглехидрати, за време на трката неколку пати земав гел, електролити и магнезиум и секако вода. Имав план да одам релаксирано до 6:00мин/км ама кога видов дека нема да има сонце (реткост на Скопски Маратон) решив да одам со од 5:45 min/km и можеби со појачување во вториот дел и да завршам под 4часа. Така терав до 35км и кондиционо супер поминав на тоа темпо и бев спремен за +50км, ама почнав да добивам сигнали за грчеви на задна ложа веќе кај 36км, за кај 39,40 па и во самиот финиш и да ги добијам фино па да морам да запирам и да се истегам по пола минута. Гугл а и литературата вели дека има 4 можни причини:неправење на cross training (вежби за нозе, друг спорт итн), лоша техника на трчање (ова е широка тема, кај мене е проблем горниот дел на телото, што на крај прави поголем притисок за мускулите на задна ложа), 3-та причина лоша суплеметација (вода, магнезиум) и на крај 4-та причина неправење тренинзи на темпото што се трча на трката (пример Long run 30km, од кои последните 15км на темпо на трката). Моја претпоставка е дека кај мене беше проблем само причина 1 т.е невежбањето нозе и core, па здравје ќе го провериме тоа нареден пат :)
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.510
Јас со ејсиксов има проблем, цело време ми излага жуљ на малиот десен прст и ми се полни со крф, кога станува збор за дистанци над 12-13 километри...
Од друга страна, удобноста на патиката ме е перверзија ама очигледно дека ќе треба да ги менувам за брзо...
Ако имаш широка нога не се ејсикс за тебе, топ се како патики, али за некој со потесна и потенка нога.
Барај најк, адидас или некој друг бренд. Слична мака имам и јас, за да си погодам asics во ширина треба да земам цел број поголем напред, а ако е должината таман ме стега кај малиот прст и ги пукам странично многу брзо.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968

Ќе пробам прво со чорапи за трчање па ако не ми се подобри, тогаш одам на нови патики.
Сепак, фала.
 
Член од
7 јуни 2018
Мислења
13
Поени од реакции
3
Здравоо! За една недела ќе има трка од 400метри и сакам да трчам. Али досеа немам трчано и како да стекнам кондиција?? Фала ви однапред
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.729
Поени од реакции
27.707
Здравоо! За една недела ќе има трка од 400метри и сакам да трчам. Али досеа немам трчано и како да стекнам кондиција?? Фала ви однапред
Секако дека ќе стекнеш кондиција за 1 недела.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.857
Поени од реакции
82.989
Ако имаш широка нога не се ејсикс за тебе, топ се како патики, али за некој со потесна и потенка нога.
Барај најк, адидас или некој друг бренд. Слична мака имам и јас, за да си погодам asics во ширина треба да земам цел број поголем напред, а ако е должината таман ме стега кај малиот прст и ги пукам странично многу брзо.
Затоа Њу Баланс уште пред едно четврт век имаа три ширини на секој број. Гарант денес немаат.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Затоа Њу Баланс уште пред едно четврт век имаа три ширини на секој број. Гарант денес немаат.
Уште постои тоа, ама кај нас тешко да знаеш каков модел е.

Sent from my Huawei Honor 8x using Tapatalk
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.510
Затоа Њу Баланс уште пред едно четврт век имаа три ширини на секој број. Гарант денес немаат.
Во мкд за ниеден бренд немам сретнато вакво нешто.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.857
Поени од реакции
82.989
Во мкд за ниеден бренд немам сретнато вакво нешто.
Пред едно 25 години, кога прв пат дојдоа, имаше разни широчини дојдено и хаос беше. Од нешто имаа некои, од други не.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.729
Поени од реакции
27.707
Секој има кондиција за 400 метри.
Да де, сакав да му допишам дека не му треба тренинг односно нема ништо да му смени дали ќе тренира или не неколку дена... евентуално сонот и исхраната може да му сменат троа, трчањето ќе му биде тоа што му е.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
522
Поени од реакции
382
Возможно ли е 5к испод 20 минути за месец интензивни подготовки 2 тренинга во ден (трчање + endurance gym) + сон и исхрана средена? Моментлно сум паднат тоа е сигурно зошто 1км истрчав за околу 6 минути на планина и ќе дадам max за да дојдам испод 4 за полумаратон што Е нереално.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Возможно ли е 5к испод 20 минути за месец интензивни подготовки 2 тренинга во ден (трчање + endurance gym) + сон и исхрана средена? Моментлно сум паднат тоа е сигурно зошто 1км истрчав за околу 6 минути на планина и ќе дадам max за да дојдам испод 4 за полумаратон што Е нереално.
Според мене со ваков тренинг одеднаш, без моментално накачување на интензитетот, само ќе се претренираш и ништо нема да постигнеш, дури можеш и да се повредиш. Плус, немаш време за taper кој треба да биде 3 недели пред да биде трката.

Со еден деген тренер што го имав по пливање ми се деси мене ова, тренирав како скот и неделата кога беа натпреварите толку ми беа тешки рацете и нозете што остварив БЛАМ резултат, дури отидов да се испитувам нешто да не ми е.

не те сфаќам плус, сакаш 5к трка да истрчаш под 20 или полумаратон со темпо под 4?
 
Сакам да истрчам 5к трка под 20 минути нормално накачувам интензитет помалку не сум пробал да истрчам 5к ама тоа планирам во втората недела да видам до колку ќе можам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom