- Член од
- 18 април 2015
- Мислења
- 59
- Поени од реакции
- 104
Да споделам и јас искуство.. Во март годинава почнав да трчам воопшто,предходно со години бев улежан и бааги со зголемена телесна тежина.. Се пријавив на плумаратонот со цел да го завршам, се спремав 2 месеца и истрчани околу 150км меѓутоа влегов со предходно 9 месеца вежбано HIIT како кардио но трчање никакво ни километар. 2 недели пред настанот ја истрчав должината од 21км на кеј со паузи од по 2-3 минути за вода и истегања што ми делуваше позитивно на психата дека сум физички спремен за да истрчам таа должина. Пред самиот маратон нервите 100ка, возбуда адреналин но позитивно расположен. Го истрчав со лабаво темпо 6.40мин/км средно за време од 2:27ч. Првите 16 километри без проблем константо темпо влегов во ритам и со дишањето енергија топ, ама поради не искуство за како и кога треба да јадам веќе 17 километар драстичен пад на енергија, имав изедено една банана и едно чоколадце пред стартот а за време на трчањето само вода. Затоа последниот дел од 4-5 километри подзастанував и одев па начекав шеќер и електролити кои ми дадоа енергија малце и послените 20-21 километар се вратив во трчање. Како мој прв ваков настан презадоволен не дадов се од себе можев побрзо меѓутоа немањето искуство ме плашеше и затоа цел ми беше само завршување. Задовлен од организираноста и позитивната енергија како на учесниците така и на публиката. Времето се погоди одлично имав страв дека ќе е пекол па затоа мн често и трчав околу 3-4 часот на сонце за да колку толку бидам подготвен на тие услови. Убаво искуство и си поставувам цел наредната година полумаратон за 2часа или помалку. Се гледаме тогаш 
