што му фали на Англија со најголем број на кладиници ? Да сме го следеле патот на Албанија,нешто друго за пиење ? дај нека го забранат и алкохолот, барем сега е моментот, да му се писне на зајакон и одма ќе предложи преговори на кој нормално ќе се донесе заклучок по желба на албанците. Треба да се бара данокот да се намали или укине пошто е надвор од секоја логика и го јаде профитот што може да се извади, па после кој не знае што прави нека не игра, никој не го тера со сила.
Заборавив дека има многу алергични на Албанија, па ете сега : За инает на невестата да ми умре синот.
Не знам како е во Англија, но тука има луѓе што не знаат проста математика, собирање и делење, го изгубиле патот, немаат здрав разум ... и одат да се коцкаат, со последните пари.
Не сум влезен во казино, но пошто ги има насекаде се гледаат дење кој луѓе влегуваат, наместо да одат да купат нови кондури и да ги фрлат скинатите, тие ги оставаат парите на коцка.
Колку деца се оставени без родителска грижа?
Значи коцката е зараза, нема добивка општеството, но и покрај тоа коцкарници се отвараат на најпрометните места, ги влечат луѓето за нос, ги провоцираат секој ден, со светла и бои, со реклами за џекпот од милиони денари.
Нашиот народ има пари спечалени со пот, најголем дел од граѓаните единствен приход им е платата, немаат акции во берза, па да им течат пари.
Значи прескокни ја Албанија ако си алергичен, мисли си за твоето семејство.