Заборавив дека има многу алергични на Албанија, па ете сега : За инает на невестата да ми умре синот.
Не знам како е во Англија, но тука има луѓе што не знаат проста математика, собирање и делење, го изгубиле патот, немаат здрав разум ... и одат да се коцкаат, со последните пари.
Не сум влезен во казино, но пошто ги има насекаде се гледаат дење кој луѓе влегуваат, наместо да одат да купат нови кондури и да ги фрлат скинатите, тие ги оставаат парите на коцка.
Колку деца се оставени без родителска грижа?
Значи коцката е зараза, нема добивка општеството, но и покрај тоа коцкарници се отвараат на најпрометните места, ги влечат луѓето за нос, ги провоцираат секој ден, со светла и бои, со реклами за џекпот од милиони денари.
Значи прескокни ја Албанија ако си алергичен, мисли си за твоето семејство.