Ко навивач на УТД ја сфаќам дека ова ти е повеќе желба него констатација, него ме интересира што конкретно те носи на ваков заклучок? Наговестува нешто на распад на Ливерпул? Наговестува нешто на незадоволство кај играчите, нивна продажба и купување на просеци? Наговестува нешто на пропаѓање на клубот, бркање на Клоп и продажба на ФСГ? Некој јак проект на другите ривали кои се борат за трофеј во ПЛ?
Желбата на страна, ме интересира причината за мислењето, најискрено.
Епа до скоро се случи исто (или слично) со Роџерс. Од 0 ве крена сезона по сезона се до тоа да се борите за титула. Кога се случи тоа што се случи наредните сезони беше распадот на Ливерпул се дур дојде Клоп и од ново ве крена од 0.
Нормално дека како навивач на УТД нејкам да освојат ама постот погоре беше од реална гледна точка.
Ако Ливерпул сезонава не освое, а наредната сезона со мал пад на формата (да речиме) во првата полусезона, 2-3 порази со ред или нерешени, зар мислиш оти моменталната позиција на Клоп ќе биде иста?
Доколку при неосвојување наредна полусезона ја изиграат како оваа, ќе има надеж за Клоп да се опраи, а да речеме да им се деси на почеток период како моменталниов што го имате, верувај дека Клоп ќе лета до нова година.