Premier League - Season 2018/2019

Шампион за 2018/2019 во ЕПЛ?

  • Вкупно гласачи
    264
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Барај ја кривицата во вашите фанови. Вие ги кренавте очекувањата за човекот кој за жал не може да ги исполни сезонава. Вие правевте дека играл сезона рамо до рамо со Меси и Роналдо, што и стварно играше, ама кога дојде моментот да продолжи со таа форма и тие партии, човекот пропадна. Не знам, за вас може ги исполнува очекувањата, но не и за неутралните фанови, тие што очекуваа да игра повторно сезона рамо до рамо со Меси и Роналдо.
И како навивачите на Ливерпул се криви кога не ги исполнил очекувањата на останатите навивачи? :)
Многу ти е контрадикторен постот.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.014
Поени од реакции
67.915
Некој да ми кажеше дека Пул две текми по ред 0-0 ќе изигра будала ќе го напраев. Очигледно е дека има пад на формата кај тројката Салах-Мане-Фирмино и тоа сеа кога се ломи сезоната.
Јунајтед очај и со ПСЖ и со Пул, можда нејќе да е само.до Мурџо.
Aко е точно она што го кажа Вишко, триото на пул против Јунајтед во 16 меча има 1 гол, и 0 асистенции. Некако, неверојатно ми изгледа.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.781
Поени од реакции
9.595
Некој да ми кажеше дека Пул две текми по ред 0-0 ќе изигра будала ќе го напраев. Очигледно е дека има пад на формата кај тројката Салах-Мане-Фирмино и тоа сеа кога се ломи сезоната.
Јунајтед очај и со ПСЖ и со Пул, можда нејќе да е само.до Мурџо.
Носиш заклучок како да си ги пропуштил добри 10 натпревари на Јунајтед и носиш суд по 2 меча во кој да Јунајтед не беше на ниво. Против ПСЖ целосно надигран, денес само во посед.
И на двата меча концептот на Оле се скина по половина час игра. Во првиот меч со 2 повреди, на овој денес со 3 повреди по 35 минути. Плус таа на Матиќ пред натпреварот. Едно е да ги мериме со Ливерпул во среден ред со Матиќ, Погба и Ерера и напред со фит Марсиал, Рашфорд, Лингард, друго е со МекТоминеј, Переира Мата/Санчез и нефит Рашфорд.

Ливерпул денес имаше толку можности да не казни, а одиграа толку бледо. Пред се мислам во средниот ред каде имаше одредена доза несигурност во МекТоминеј и Переира, кога во одредени периоди на транзиција на Ливерпул им оставија добар простор да играат што сакаат, ама овие очигледно не го искористија тоа.

Ние не бевме на ниво во играта во средината, имавме бавна и премногу тромава транзиција со нелогични пасови, но имавме 3 конкретни обиди по кои можевме да поентираме. Прво Рашфорд одигра многу себично во првиот дел и не му даде пас на Лукаку кој имаше слободен простор пред него и се одлучи да шутира, Лингард ја имаше шансата на мечот каде очигледно се одлучи да комплицира иако изгледаше фудбалски и тој дел и Погба кога можеше подобро да ја пласира со глава во вториот дел. Е такви ситни финеси го решаваа овој меч кој беше разочарувачки пред се за фановите, а потоа и за неутралните гледачи.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.690
Поени од реакции
11.790
Барај ја кривицата во вашите фанови. Вие ги кренавте очекувањата за човекот кој за жал не може да ги исполни сезонава. Вие правевте дека играл сезона рамо до рамо со Меси и Роналдо, што и стварно играше, ама кога дојде моментот да продолжи со таа форма и тие партии, човекот пропадна. Не знам, за вас може ги исполнува очекувањата, но не и за неутралните фанови, тие што очекуваа да игра повторно сезона рамо до рамо со Меси и Роналдо.
и јас лани викав дека алах е најдобар у свет што и така беше
ама сезонава кога трубам дека нема врска со оној од лани они ми вадат статистики со голови и асистенции
еден на еден излезе со Мата и тоа братов со една нога пред измената и лабаво му ја собира на алах топката

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
O

ob1

Гостин
И како навивачите на Ливерпул се криви кога не ги исполнил очекувањата на останатите навивачи? :)
Многу ти е контрадикторен постот.
Вие го возвишувавте и не натеравте да поверуваме нас останатите дека може да ја надмине или повтори претходната сезона хахаха. :D
Очаен обид да се извадам за ова со фановите хахаха, али фактот стои дека Салах не е на рамниште на минатата сезона, не зборам статистички, зашто головите и асистенциите ги има, туку зборам општо за целокупната игра негова сезонава. Како да се изгуби во улогата на лидер, како одбраната да ви ја води трката за титула сезонава, а не нападаот. Што не беше случај минатата сезона.
 
Не е на ниво, се слагам. Играта му беше иста ко лани до октомври, кога и лани имаше слаб сарт ама после тоа распали и не застана до крај на сезона. Разликата во оваа година е што и покрај тоа што распали во октомври месец, прерано излезе од форма и ги нема головите и асистенциите. Улога за тоа има и тоа што Клоп го игра многу често сезонава како 9ка, нешто за што е дискутирано на форумов неколку пати али се слагам дека е ниво подоле за разлика од лани, дефинитивно.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.863
Поени од реакции
10.231
Пазете го Рики отровот да не го најде

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Edno prashanje do Liverpulci, dali ako ne osvoite Premier ovaa godina ke ja smetate za neuspeshna sezonata ?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Edno prashanje do Liverpulci, dali ako ne osvoite Premier ovaa godina ke ja smetate za neuspeshna sezonata ?
Ко еден од оние кон кои е поставено прашањето. Со оглед на тоа што на боксинг деј имавме прво место и 7 бода разлика, да, дефинитивно неуспешна. Ако ги земеме очекувањата од почеток на сезона, второ место не е лошо (доколку тимот и ова лето се надогради и можеби тргнеме како фаворити број 1 од август).
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.743
Поени од реакции
12.830
Salah = Hazard ( не ја глеав ама јбг bandwagon хумор )
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom