Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Абе јас разбирам дека еднаш прочитале апер/лоуер бади дека е супер за почетник или пак програми како 5х5, ама пак се доведува прашањето дали станува збор за човек кој веќе одел во теретана неколку месеци и знае да ги изведува вежбите, или тоталка почетник кој не може ни шипката да ја држи право. На ваков како вториот и да му препорачаш програма е џабе, како прво може да се повреди ако се истрча со прогресивно зголемување на тежините, волуменот или интензитетот што е основа скоро на сите програми, а како второ ќе ја „помине“ само програмата и резултатите ќе бидат далеку од очекуваното, од проста причина што првите 2-3 месеци се прилагодување на вежбите, учење на вежбите, период додека да поминат тие зезнатите воспаленија и тн.
Според мене човек што влегува апла прв пат доволно е да си тера цело тело 3 пати неделно, по една вежба од секоја група и секој следен тренинг со различна вежба, ем ќе ги научи вежбите побрзо, ем ќе помине со помали воспаленија и помала можност за повреда.
Е после тоа може да се отиде на сплитови и на понапредно вежбање, а во зависност од формата во која е и посакуваната форма ќе зависат начинот на исхрана и типот на тренинг.
 
Ако е почетник подобро пет дена по една мускулна група со по 3 до макс 4 вежби.
И тоа да не мрда од машини, све на нив.
 
Не ми се допаѓа пристапот на форумите од овој аспект, пофункционално и покорисно ќе биде да има составено 3-4 теми кои ќе бидат фиксирани како први и заклучени за коментари во овој подфорум, отколку ова што на секој посебно истото ќе го трубиме.
Пример имаш: Суплементи, Исхрана и се што треба да знаете за исхраната, Тренинг и механика на телото, Тренинг програми за почетници и напредни вежбачи.
Плус уште една тема како оваа за рандом прашања и тоа е тоа, бидејќи се забрането разговор за хормони и лекови се може да се сведи на 4 теми од по неколку страни, прегледни и корисни за секој и барем за основите нема да им дели совети кој стигне.
Ако иам слободно време викендов, ке направам една тема sticky со одредени популарни рутини од искусни луѓе, нешо како збирка на рутини, и ќе биде read only.
Ќе можеме да ги упатуваме таму почетниците со вакви прашања.

edit: слободно давајте сугестии што сакате да ги видите во подфорумов :)
никој нема да ви пререче
 
Немам ништо против да се направат тскви теми, но знаењето се плаќа или со време/искуство или со пари... А и се на тацна да им се даде, пак ќе има одреден број на луѓе што ќе прашуваат што како... Ќе им скоцкаш ќе им напишеш и на крај ќе ти речат и да им извежбаш...
 
Ова е информативно, а плаќање реално треба ако навистина му се посветиш на некој да му објасниш вежби и планови за исхрана и тренинг специфично за него. А овде не верувам дека има некој што ќе седне да се замара со саати за да припреми програма за исхрана специфична за член што прашува, детално информации како да исфрли вода и слично, може да се дадат општи совети линк за калкулатор, линк за некоја програма и слично, ама во детали тешка работа дека има некој желба и време.
Бидејќи сум сменил многу теретани, можам слободно да кажам дека неправилно изведување на вежбите е една од најголемите болки и на почетници, па дури и на луѓе кои вежбаат со години, а сите ги боли да платат за да ги следиш барем првите месеци и да ги научат вежбите, теретаните пак вработуваат неписмени инструктори кои и сами не знаат да ги изведуваат вежбите и тоа е тоа. Втора најголема грешка е исхраната, кај некои од немарност и недисциплина, а кај други од незнаење.
Поголемиот проблем е што имам сретнато луѓе кои се чукаат во гради дека се тренери, а немаат појма од животот и поради тоа стојам на ставот дека добар тренер не се станува со курс од 120часа.
 
@Кеплер , мало надополнување
- неписмен пристап кон употреба на додатоци во исхраната
- неписмен пристап (погрешен можеби е посоодветно) кон тренинг и изработка на програма за вежбање, не само начин на изведување на одредени вежби
- погрешене начин (иако не постои правилен начин во злоупотреба на лекови) на користење на лекови и нивна злоупотреба
- преголемо его, не само кај т.н. инструктори, туку и кај 99% од вежбачите сезнајковци, кои мислат дека ако имаат брз, 15 гига интернет месечно, се знаат
- погрешна престава за тоа, што е бодибилдинг и која е разликата со фитнесот
...
 
Последно уредено:
Ако иам слободно време викендов, ке направам една тема sticky со одредени популарни рутини од искусни луѓе, нешо како збирка на рутини, и ќе биде read only.
Ќе можеме да ги упатуваме таму почетниците со вакви прашања.

edit: слободно давајте сугестии што сакате да ги видите во подфорумов :)
никој нема да ви пререче

Нека биде оваа страна на почеток, има се на неа од исхрана до програми за почетници.
https://ss.fitness/#
После тоа нека се поделат неколку точки со предложени фитнес програми и совети за почетници.

https://ss.fitness/calculators#routine-calculator

Калкулатор за рутини.

https://ss.fitness/calculators

Општи фитнес калкулатори.

https://ss.fitness/calculators

Јас би ги ставил и examine.com

Страна каде што може да се прочита све за суплименти и ефекти позитивни/негативни.

https://liftvault.com

Има powerlifting, strength, bodybuilding програми од познати извори.

https://www.strongerbyscience.com

Посебно делот за големата тројка, мртво, чучањ и бенч.

https://renaissanceperiodization.com/hypertrophy-training-guide-central-hub/

И оваа.
 
https://exrx.net/Lists/Directory

Еве исто добар линк на кој преку клипови може да се види како се изведуваат вежбите и кој мускул го опфаќаат.

:icon_lol:
50567763_550749935394767_137795083570249728_n.jpg
 
Последно уредено:
Некој повеќе информации за Фитнес академија на Тоше Зафиров? И која е разликата помеѓу сертификатот кој ќе се земе од таму и овај што е моментално за фитнес тренери?
 
Со сертификатот од кај Тоше Зафиров си поголем курајбер и докажано повеќе пи*иња се лепат.
 
Некој повеќе информации за Фитнес академија на Тоше Зафиров? И која е разликата помеѓу сертификатот кој ќе се земе од таму и овај што е моментално за фитнес тренери?
Koja 'академија' и кој моментален серттификат за фитнес тренери?![DOUBLEPOST=1548673481][/DOUBLEPOST]
Со сертификатот од кај Тоше Зафиров си поголем курајбер и докажано повеќе пи*иња се лепат.
хахахаха....
 
Има ли некој земено вакво нешто за мерење heart rate, да си знае човек до каде е со форсирање, да не претера и да не дојде до несакани последици. Да се користи за секоја физичка активност, кардио вежби, трчање, точак, значи да не е она со pace и километража како обични часовници, туку чисто heart rate да има најбитно, а и други функционалности некои ако има супер. Отприлика тука околу 1000 горе доле да е цената, некој да сподели искуство или да препорача конкретен модел?
 
земи од али 3ка, 1кцот е стар модел
 
земи од али 3ка, 1кцот е стар модел
Скептик сум за овие порачувања преку интернет, особено за вакви смарт уреди, шубе ми е за кај нас да не ја соберат и да речат ништо не стигнало. Да не го има во продавница кај нас истиот модел од линкот?
 
у хај стор го има ама 2300 ден... од али 1500.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom