Ниту еден развој на филмската индустрија, особено од тие што ги наброја, нема логика да влијае на одлука за времетраење на филм.
Едно е VR, друго е анимирана содржина, трето е едноставно времетраење на содржина.
Не знам како да ти објаснам, без да нацртам: со зголемувањето на бројот на ТВ филмови, се појавила потребата (веројатно и самите филмски работници барале), да се префрлат во посебна категорија. За да не биде големо ограничувањето, зашто немало доволно кандидати, одлучиле да биде времетраењето помало од тоа за вистински, кино-филм. Кога сепак се појавила можност да има поголем број такви филмови продуцирани, тогаш и го зголемиле времетраењето на 75 мин.
Ја го „изиграв“ ова, мислам дека два-три пати „згрешив“.
Не знам што да мислам.
Ептен е искомплицирано.
Имаше јаки моменти, не само што те вклучува со бирањево, туку зборат за тебе, онака дури малку и језа те фаќа.
Глупо беше што некои можности беа исти.
Некогаш не знаеш дали си „згрешил“ или не.
Ја разбирам поентата ама не требало олку да се искомплицира.
Мојот Бандерснач заврши со
мојата смрт при разговор со психијатарот. смрт поради тоа што одбрав да одам со мајка ми во возот и некако сум ја сменил одлуката во минатото и резултираше во моја смрт во сегашноста?
Јас откако изгледав мислев дека имам прилично добра идеја за како би се одвивало дејството доколку изберев различно, според опциите кои ги видов. Ама го изгледав и втор пат и видов сцени кои воопшто не ги очекував, ме однесе во ептен различни правци.
Најдобро неколку пати да се изгледа, за да се види што повеќе материјал.
Ја го „изиграв“ ова, мислам дека два-три пати „згрешив“.
Не знам што да мислам.
Ептен е искомплицирано.
Имаше јаки моменти, не само што те вклучува со бирањево, туку зборат за тебе, онака дури малку и језа те фаќа.
Глупо беше што некои можности беа исти.
Некогаш не знаеш дали си „згрешил“ или не.
Ја разбирам поентата ама не требало олку да се искомплицира.
Имаше на времето и книги вакви. Детски беа, по малку смешни, ама мене како дете ми беа прејаки и умојебачки за тоа време. На една од нив особено се сеќавам, се викаше „Сечилото на гилотината“ и имаше само 2 можни краја, ама за да стигнеш до било кој од нив треба да направиш мал милион правилни или погрешни избори. Некогаш дури и цело време се вртиш во круг.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.