Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.398
- Поени од реакции
- 5.030
Ти дадов убав пример со Сахара.
Еве ти и појаснување:
NASA - What's the Difference Between Weather and Climate?
Ти го посочи бакарот. Јас само ти дадов соодветен одговор.
Екстремите во температурите, јачината на бурите и продолжени сушни или влажни периоди се последица на глобалното затоплување.
Така, ако следи екстремно студено време во зима, проследено со екстремно жешко време во лето какво што не е забележано со декади, тоа е последица на глобалното затоплување.
Разликата објаснета е погоре.
Не го отвора линкот (ме носи на насловна), но знам што да очекувам од таблоид.
Биди фер и цитирај научна институција.
И пак:Впрочем ние дискутираме за тоа дали глобалното затоплување е вистина или не. Ти негираш дека е вистина, уште помалку предизвикано од човекот.
Ај провери уште еднаш за што пишуваш цело време.
Целта на данокот е како што пишав да се намали емитувањето на СО2 и да се поттикне развој на нови технологии.
Не сум сигурен дали се дело на данокот или на посветеноста на договорите од Париз и слични, но емисиите на СО2 во развиените земји, барем во САД, Британија, Канада, Франција одат надолу.
https://www.indexmundi.com/facts/france/co2-emissions
https://www.statista.com/statistics/209619/canadian-co2-emissions/
https://www.statista.com/statistics/183943/us-carbon-dioxide-emissions-from-1999/
https://www.carbonbrief.org/analysis-uk-carbon-emissions-in-2017-fell-to-levels-last-seen-in-1890
Можеби резултатот не е задоволителен, но ете го ефектот од данокот.
Намалувањето на СО2 од атмосферата е комплетно различен проблем за разлика од намалувањето на емисиите на СО2.
Како се користат парите од данокот не знам, но во многу земји (Јапонија, Кореја, САД, Франција) се користат за субвенционирање на чисти алтернативи на фосилните горива.
Очигледно, одговорот на твоето прашање е дека данокот на СО2 има ефект во намалувањето на емисиите на СО2 и индиректно зголемување на употребата на алтернативни енергенси.
За затворањето на термоелектрани прашај ги Британците. Од 30% од електричната енергија во 2014 добиена од термоелектрани, во 2017 тој процент е паднат на 7%.
Во САД со години не е отворена нова термоелектрана, додека една по една се затвараат старите.
Алтернативата се соларни централи, централи на ветер и слично.
LordDragon за тебе е во право, џабе е трудот.
Објаснував претходно на темава дека природните промени траат десетици илјади години, дека корелацијата на СО2 со температурата е преочигледна на сите мерења од многу институции ширум планетава, дека СО2 е т.н. стакленички гас и сл, но ти продолжи со твојата ретардирана логика ако има глобално затоплување оти надвор е ладно. Дека природните процеси влијаат врз климата, влијаат нема збор, но ни оддалеку не можат да се споредуваат со она што го прави човекот. Екстремни температури имало стотици години наназад, ќе продолжи да има. Самите посебе не се доказ за ништо. Но кога ќе почнат да се појавуваат почесто, тогаш се показател за нешто. Најтрагично е што сам се негираше во неколку наврати постирајќи содржини што те негираат. Прибегуваш кон политичките последици од затоплувањето што е необјективно за темата што ја дискутираме.
Се преиспитувам себеси дали е во ред да се дискутира со тебе.
На крајот на краиштата ставот (негиран од политичари, претседатели, нафтени компании) на сите научници е дека човекот е виновникот за глобалното затоплување и целата промена на климата како последица од истото.
Дискутирањето со тебе е како да пробувам да докажам дека Земјата не е рамна или дека има гравитација.
Да видиме како ти оди поткрепувајќи го својот став;
Да, но ова сега што се случува не е ни малку минорно. Ете, провери го Арктикот да видиш колку е минорно.
Промените при вулканска ерупција или зголемена соларна активност траат неколку месеци и резултираат со минорни промени на температурите. Тоа не се климатски промени. Се се враќа во нормала за неколку месеци.
Циклична во период кој се мери од десетици па до стотици илјади години. И тоа минорни промени во тој период.
Промените што настануваат после масивна ерупција на вулкан се заради големото количество прашина исфрлена во атмосферата која го блокира Сонцето. Може да трае од неколку месеци до неколку години, зависно од ерупцијата. Но не се случува никаква промена во климата. Се се враќа во нормала откако ќе легне прашината. Слично би било со зголемената соларна активност, која патем не би траела повеќе од неколку месеци. Промените би биле незабележителни. Тука нивото на СО2 не игра никаква улога.
Да, само разликата е десетици илјади години за истата промена што денес е 2-3 декади.
И тебе да те фати ладен бран на планина ќе замрзниш со храна во желудникот. Ладен бран е нагла дневна драстична промена на температурата врз мал регион. Со други зборови се случува и во Сахара да заврни снег.
Абе барем насловот прочитај го. Во брзање да шибниш некој линк колку да делуваш како да знаеш нешто, цитираш извор кој го негира токму тоа што пробуваш да го докажиш.
Со кој дискутирам....
Ванлок врати се...
NOAA Scientists Falsely Accused of Manipulating Climate Change Data
Следниот извор истото:
Thorough, not thoroughly fabricated: The truth about global temperature data
Напишано е објаснување за корекциите и начинот на мерење:
Заклучокот на анализата:
Пробуваш сам да се дискредитираш?
Не го имаш прочитано ни насловот. Имаш напишано на Гугл global warming fabricated data NOAA и го имаш копирано првиот линк.
Барем насловот да го прочиташе.
Фала што ми ја олеснуваш дискусијата. Ќе го барав ова десетина минути.
Иначе целиов "заговор" доаѓа од "новинар" од таблоидот Дејли Меил (95% од содржината им се цицките на славните), кој прочитал како се средуваат податоците при мерења и си го сфатил како заговор.
Иначе овој "заговор" му е главниот аргумент на Бафра.
Од линкот:
Не верувам да си толку глуп да не разбериш што пишува. Едноставно не си го причитал.
Колку фино што сам себе се дискредитираш. И во насока на темата и во насока на твојата способност за дискусија и најважно - мислење..
Барав да ми покажиш истражување, а тебе те мрзело насловот да го прочиташ.
Изгубен во преводот.
Намерно прати линкови кај што се побиваш самиот себе? Хахаха
Немаш ништо прочитано или не знаеш англиски или се надеваш дека нема да прочитам/е. Ај пошто наликуваш на Ванлок да видиме што има во линковите што ги постираше:
Твојов омилен аргумент е од новинар од срањето Дејли мејл. Истакнат лажго во врска со климатските промени.
Ова си ти.
Накратко, проблемот е методологијата и запишувањето на податоци. Еден од научниците само прави забелешки како податоците се запишувани во едно истражување што во никој случај не го негира глобалното затоплување. Ретардава од погоре сето тоа го има намерно направено да изгледа како да научниците фалсификуваат податоци и објавено својата сторија во таблоидот Дејли Меил.
Научникот што ги прави забелешките за запишувањето податоци:
Научникот што ги водел истражувањето:
Е ова Бафра ти го постира.
Ова ти беше главниот аргумент. Самиот се дискредитира.
Сето ова од линкот што ти го понуди:
Другите 2 линкови го тврдат истото со таа разлика што едниот навлегува подлабоко во методологијата на мерење и запишување на податоците:
Внатре се е објаснето како Бафра сам се дискредитираше, како новинар лажго од таблоид му е главниот аргумент и фала што потврдуваш дека глобалното затоплување е предизвикано од човекот.
Патем поздрави го Ванлок, мислев дека никој не може да го надмини.
Супер, одличен заклучок што оди во прилог на глобалното затоплување.
Бидејќи глобалната клима на планетава е многу сложен систем, тоа значи како надополнување на тоа што пишав претходно, дека на некои места температурите ќе одат нагоре, на некои надолу, а некаде ќе бидат непроменети. Заедничкото е што глобалните температури ќе одат нагоре. Тоа ги предизвикува промените на локални места, како што е пад на температурите. Зголемен број на суши. Зголемен број на поплави. Најдобар пример за ова се снеговите во Сахара кои годинава се случија 3 пати?
Фала што го потврди со пример она што го пишав јас погоре.
Проблемот со топлиот период во Средниот век е што бил топол само во Северниот Атлантик со влијание врз Северна Америка и Европа. На другата страна на светот, во Тихиот океан, температурите во тој период биле поладни за разлика од просекот. Глобалната температура за тој период е сосем малку над границите на таа на почетокот на 20тиот век.
Причината за ова е зголемената сончева активност и намалената вулканска активност во тој период.
Доколку се направи паралела со денешната сончева и вулканска активност, која ниту е зголемена ниту намалена, како аномалија остануваат зголемените температури. Кое е твоето објаснување за тоа?
Температурата во последните 2000 години:
Температурата во последните 2000 години на Северната хемисфера:
Да, од мојот линк и ако прочиташ малку подолу ќе налеташ на ова:
Природни процеси што траеле десетици, стотици илјади години.
Ние успеваме од 180-200 да стигнеме до 400+ за само неколку декади.
Не, не велат дека прво иде зголемуивање на температурата па на СО2, туку на линкот повторно се побиваш себеси, се зборува за методот на детерминација на времето кога е заробен СО2 во малите меури во мразот и кога е формиран мразот. Од едното се добива температурата, а од другото нивото на СО2. Разликата меѓу формирањето на едното и другото е илјадници години, според истражувањето.
Со ова повторно го потврдуваш она што го зборувам.
Прочитај бе пред да пишиш...
Нема што, ѕвер си.Намерно ти ги пратив тие линкови
Да видиме што е за тебе клима, а што локално време:
Ете, да не се чудите после со какво теле се дискутира овде.За мене кога САД е замрзнат со денови, Шпанија,Атина, С.Африка со снег тоа е климатска промена.
Наса:
Уште докази за твоето "разбирање" за климата:The difference between weather and climate is a measure of time. Weather is what conditions of the atmosphere are over a short period of time, and climate is how the atmosphere "behaves" over relatively long periods of time.
When we talk about climate change, we talk about changes in long-term averages of daily weather.
Многу на јако пуштено ова глобалното затоплување ебате. Париз смрзнуваат, УК смрзнуваат, Шпанија и Атина завеани патишта со снег, Токио смрзнуваат, Северна Америка смрзнуваат (дури и Флорида дојде до 3-4ц), Северна Африка и Сахара по 3ти пат снег оваа сезона. Ептен жешко фатило
Ја па будала изолација ќе сум ставал на куќата, место да слушам официјални агенции
Интересно како употребуваш логика за нешта за кои немаш врска. Секоја чест.Накратко:
Ако имаме затоплување, треба да има дожд а не снег, треба да има потопли зими а не минусни температури кои траат со недели.
Ама заеби логика, истражувања од релевантни институции се битни.
Плус мерките со јаглеродните кредити ептен помагаат (само на кого)
Детално, чекор по чекор твоите тврдења се разглобени, побиени и покажано е дека се лажни.
Секој нормален знае дека дискусија со ваков игнорант е во најмала рака залудно трошење на време меѓу другото бидејќи телето повторно се враќа на своето старо тврдење и покрај тоа што нема со што да го поддржи истото. Исто како да ги убедуваш рамноземјашите дека Земјата не е рамна. Комплетно истиот проблем.
Но Бафра одлично си ја тера улогата на корисен идиот и барем јас научив нешто повеќе за глобалното затоплување и климатските промени во текот на "дискусијава".