Јас малце слободно време имам и повеќе храброст ваљда да ви доаѓам тука на тема нетипична за мене, мада гледам и сакам вакви филмови, забавни ми се, не ми текнало да пишам пошто едно време не ги сметав за достојни за нив да се коментира не знам зошто озбилно, со предрасуди бев зошто немав гледано доволно како и да е сега не мислам така и за Логан сакав да кажам нешто.
Кога го гледав прв пат во кино, пред тоа само знаев за ликот, првиот дел низ магла го имав гледано пред 10000 години и седнав да гледам и ептен ми беше ок, супер прекрасен филм, забавен, смешен, емоционален, драма со тек тук некоја акција. Амаааааа, сега кога го гледав како последен дел после сите тие делови и кога се запознав со сите тие ликови, овој дел ми изгледаше како да си рекле досадни се веќе Логан и професорот, исцрпени сме, исцрпени се и тие, нека остарат и нека умрат. И така и бидна. Ништо ништо ништо од она што требаше да се деси не се деси, таква смрт не беше достојна за таков лик како професорот, требаше да го испратат со сите воени почести, со огномети и виолини, со солзи и со присуство на сите мутанти и немутанти на светот и во негова чест требаше сите да се откажат од моќите и со неговата смрт да престанеа да постојат мутантите. Па и луѓето, нема сврха веќе да се живее на светот без него. Не онака што е она езеро имало. Не, разочарана сум од филмот кој ми беше најдобар за 2017 година. 8ка има зошто беше 9ка и да не му ставам 7ка, имаше и полоши со 7ка. Логан ако им здосадил нека се замараат со Логан, зошто професорот така цигански го умреа... 7ка!