Сум зборел за ова претходно, ама веројатно не си забележал:
1. Освен Fargo, и до некаде True Grit, се останато од Коенови ми е тешко, претенциозно срање. Според мене типците само се куроперчат и собираат поени на стара слава. Уште полош беше случајот со A Serious Man. Јас мислам дека здраворазумен човек не може тоа очајно парче измет да го смета за ремек дело. А го ставаат во секакви листи: најдобри на сите времиња, 1001 филм што мораш да ги изгледаш пред да умреш, и сл. Ама чуле луѓето дека е кул да ги сакаш Коенови, па затоа мислат дека и они се кул ако сметаат дека филмот е ремек дело. Јас друго објаснување не можам да најдам.
2. Коенови лично ги сместувам во топ 3 најнеомилени режисери, и дури си ветив на себеси дека веќе никогаш нема да си трошам драгоцено време за гледање нивни филмови. Според мене, она што Коенови се во Америка, е Теона кај нас. Едноставно не ги можам, и тоа е тоа.
3. Годината кога No Country for Old Men освои Оскар, меѓу петте номинирани беше и ремек делото There Will Be Blood на Пол Томас Андерсон. Со тоа што еден meh филм од едни од моите најомразени режисери успеа да му го земе Оскарот на еден од најдобрите филмови на деценијата, само ја разгоре мојата омраза кон тој филм. Јас уште не можам да сфатам како е тоа можно, и не можам да се помирам со тој факт.
4. И не застанувам тука. За мене No Country For Old Men е еден од најлошите филмови кој освоил Оскар во историјата, не само во последниве 25 години.
Сега се надевам е појасно.