Група 1 (SWE, FRA, HRV, BLR, NOR, SRB), главна фаза - Загреб

  • Креатор на темата Креатор на темата Peja989
  • Време на започнување Време на започнување

Полуфиналисти?


  • Вкупно гласачи
    69
Силвио Стиви Бој Жерар. :D
"Надежен" е, само 34 "лијета" има.
На 38 треба да го има зенитот во својата кариера.:P[DOUBLEPOST=1516479352][/DOUBLEPOST]ИНТЕРПЕЛАЦИЈА за комплетниот
" коментаторско-водителски" ростер на Телма.:ban:
Овие легенди на конкурс да ги бираа немаше вака да се соберат, на куп, кој од кој:masa:.
Јебига, шо да очекуваш од Стево Костовски кога најголем дел од кариерата го помина коментирајќи трки со ЈУГО -планинско--планинско-ридски стил, не е тој крив што го пуштија да коментира.
Криви се тие што дозволија ТВ како Телма да покрие некој ваков настан.
Водителот е ШЛАГ НА ТОРТАТА, дај нека му ја дупни некој таа топката аман, јас ќе ја платам само да не го гледам како мафта со тие рачињата, посебно кога ќе го вклучат во живо репортерот од Хрватска:oops: , ќе му излета топката ќе искрши и светла, и кореографија во студио и се.:boksix:
 
Хорват денес не промаши ниту еден пенал..

Sent from my SM-G925F using Tapatalk
 
Сега и математички Норвешка е дома нели? може и не е,

хрватска 6 бода
шведска 4
норвешка 4

хрватска ако изгуби од франција а норвешка ја тепа шведска додека шведска да речеме дека ке ја победи белорусија....би се напраил круг од три по 6 во кој круг најдобра гол разлика би имал, односно колку треба норвешка да тпа за да би била втора?


пресметав +5 треба да победи Норвешка. добро е што играат во 1815 инаку ако играеја последни ќе си ја наместеа комшиската
 
Последно уредено:
На кои дроги беа тие што не му дадоа МОТМ на Стевановиќ? :D 14-15 одбрани имаше човекот. Како што си мислев, Штрлек му ги даде наградата и признанието.

@Tomasino Се лутиш пошто „топката (не) е во твои раце“? :D
 
Одбраната на Норвежаните вечерва ги содржеше сите елементи на тешко кривично дело.
Голманите муви бркаа, централниот блок не постоеше, ништо не изиграа буквално, да не беа тие неколку промашувања на Хрватска на цела рамка од голот над 40 комада ќе примеа Џинџерите.
Исто и со Франција, но тогаш голманите беа за нијанса подобри но и нападот им беше далеку поубоит, денес буквално не постоеа( барем не во поголем дел од второ), класично силување на играта, индивидуално решавање на Сагосен кој виде дека другите се губат и сам играше.
Ги изремети Стиви на почеток, тоа ти се Скандинавците, ако им го промениш ритамот тешко ќе те следат.
Франција ја уништи Шведска, ги претепа во одбрана, Жерар имаше страшна партија, и обратно, Хрватска имаше маестрална напаѓачка текма, страшни беа денес, речиси за чиста 10ка одиграа.
Речиси 80% реализација на напад.:eek:
Ако играат вака тимски и со Франција многу големи се шансите да се докопаат до полуфинале.

@true blue
Јас со фудбалската топка владеам:icon_mrgr:
Навистина смешно делува другарчето, пред се несериозно.
Нека види на РТЛ Хрватска како се однесуваат водителите, на ДИГИ СПОРТ Унгарија,ОРФ Австрија итн.
За Германци,Французи да не прајме муабет.
Овај небаре во некој рап спот глуми, такви гестикулации прави:boksix:.
Ако не знае, или не го спремиле да ги држи мирни рацете при емитување нека научи, нека гледа по странски телевизии, луѓе гледаат на ТВ.
 
Каков криминал е Норвешка во одбрана, секој напад примаат гол, ги изгореа Хрвативе.

Јас дури мислам дека овие не се ни трудат да играат одбрана. Ги гледав и на утакмицата со Србија и таму беа истите како и денес, но тогаш имаа среќа што играа против екипа што е за 10 класи послаба од Хрватска па лесно поминаа. И со Франција првата утакмица примиле 32 гола. Некако ми делуваат на многу преценета репрезентација заедно со Германија т.е. репрезентација што со онаква игра може да победи само послаби од нив репрезентации, а кај секоја репрезентација што знае да постави игра имаат послаби резултати. До душа Хрватска и Франција според играчите во моментов се топ 3 репрезентации во свет и не е ништо трагично да се загуби од нив, но онаква игра на ура цело време барем на мене ич не ми се свиѓа.
 
На Хрватска и треба победа против Франција и тоа 2 гола разлика, ако е под 22 гола и 3 разлика ако е над 22 гола и останува Норвешка да ја папа Шведска.

Денес коцкициве одиграа солидно, затоа што Колинда им беше во публика :icon_mrgr::sneaky:
 
На кои дроги беа тие што не му дадоа МОТМ на Стевановиќ? :D 14-15 одбрани имаше човекот. Како што си мислев, Штрлек му ги даде наградата и признанието.

@Tomasino Се лутиш пошто „топката (не) е во твои раце“? :D
Истото требаше да го стори и Торко со Талески - ама егото не му дозволи!
Тука се гледа големината на еден човек. Секоја чест за Штрлек. :cuc:
 
Јас дури мислам дека овие не се ни трудат да играат одбрана. Ги гледав и на утакмицата со Србија и таму беа истите како и денес, но тогаш имаа среќа што играа против екипа што е за 10 класи послаба од Хрватска па лесно поминаа. И со Франција првата утакмица примиле 32 гола. Некако ми делуваат на многу преценета репрезентација заедно со Германија т.е. репрезентација што со онаква игра може да победи само послаби од нив репрезентации, а кај секоја репрезентација што знае да постави игра имаат послаби резултати. До душа Хрватска и Франција според играчите во моментов се топ 3 репрезентации во свет и не е ништо трагично да се загуби од нив, но онаква игра на ура цело време барем на мене ич не ми се свиѓа.

Нека не ве лажат бројот на голови, играат и Норвежаните добра одбрана, само играат ненормално темпо па нормално е да паднат многу голови - никој досега не успеа да го смири темпото против нив. Против Хрватска главен поблем им беа голманите - ништо не фатија. А и општо на цело првенство се слаби. Да се разбранат ќе видиш како е друга ситуацијата инстант. Исто како што и Хрватска, еден натпревар имаат голман и сега одеднаш изгледаат страшно е претходно сите ги пцуеа.
 
Не се водителиве на отворената емисија криви, крив ни е ментаитетот. Особено менталитетот на газдите што не ценат некои работи.

"Што? Ќе плаќам човек фејсбук да ми води? А бе имам тука еден за маркетинг што се замара, за џабе ќе го води!"

"Што? Да барам човек што ќе направи веб сајт на фирмава? А бе имам едно внуче цело време на компјутери седи, чоколадо ќе му купам има да направи, нема што пари да трошам"

"Хаха, метеоролог што стварно се разбира во временска прогноза? А бе не ме јеби, земаш читаш од лист, нема што да давам пари на плус човек кога овие од спортска редакција ништо не прават...работа ли е тоа спорт да пратиш???? Еве Марјан Ников ќе му дадам нека води метео!"

"Како не..ќе сум вработувал спортски новинари...за што да го плаќам бе?? Да збори за ракомет??? Па ја секој ден зборам за ракомет у друштво па никој не ме плаќа, зашто ја да го плаќам овој??? Ма земи таму некој од утринска нека се смее нека клима со глава, дај му една топка нека ја држи саат време и тоа е тоа....и нема да му платиме за ова, работа си е работа, а у 5 сабајле утринска а навечер ракомет..исто е тоа...водител е!!"


Mark my words, прашање на време е кога ќе почне Лила да им води метео на Сител...

И арно не им текнало на овие од Телма на Чомовски да му дадат да води ракометно студио....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom