Група 1 (SWE, FRA, HRV, BLR, NOR, SRB), главна фаза - Загреб

  • Креатор на темата Креатор на темата Peja989
  • Време на започнување Време на започнување

Полуфиналисти?

  • Вкупно гласачи
    69
Не се водителиве на отворената емисија криви, крив ни е ментаитетот. Особено менталитетот на газдите што не ценат некои работи.

"Што? Ќе плаќам човек фејсбук да ми води? А бе имам тука еден за маркетинг што се замара, за џабе ќе го води!"

"Што? Да барам човек што ќе направи веб сајт на фирмава? А бе имам едно внуче цело време на компјутери седи, чоколадо ќе му купам има да направи, нема што пари да трошам"

"Хаха, метеоролог што стварно се разбира во временска прогноза? А бе не ме јеби, земаш читаш од лист, нема што да давам пари на плус човек кога овие од спортска редакција ништо не прават...работа ли е тоа спорт да пратиш???? Еве Марјан Ников ќе му дадам нека води метео!"

"Како не..ќе сум вработувал спортски новинари...за што да го плаќам бе?? Да збори за ракомет??? Па ја секој ден зборам за ракомет у друштво па никој не ме плаќа, зашто ја да го плаќам овој??? Ма земи таму некој од утринска нека се смее нека клима со глава, дај му една топка нека ја држи саат време и тоа е тоа....и нема да му платиме за ова, работа си е работа, а у 5 сабајле утринска а навечер ракомет..исто е тоа...водител е!!"

Mark my words, прашање на време е кога ќе почне Лила да им води метео на Сител...

И арно не им текнало на овие од Телма на Чомовски да му дадат да води ракометно студио....
Хипотетичка ситуација, што би се случило ако енал фајФ го вршел преносот,

Водители од студио Роберт и Милена од 4 до 11 саат попладне,

Тема на денот: Кој ќе победи во дуелот Македонија-Шпанија

(ајде дали имаме гледач на линија)
-ало добровечер (добровечер), па мислам дека ние сме многу појаки од Шпанија (ах’), селекторот ни е шпанец сигурно ги има анализирано како што треба, се друго освен победа ќе биде неуспех.

(добро другата линија)
тој од битола, вајљда Лет: гледате ли шо ти се вика слобода во играта, падна режимот и одма играат како што треба, тит тит тит (да не мешаме политика сега, си имате термин сабале можете да коментирате колку сакате, следен гледач)

некоја бабетина: -алооо, алооо ТИИИ (дали се слушаме, намалете го тонот на телевизорот) ПИИИИ, е Миленче многу убаво си се облекла (фала) ќе може ли да ми дадеш карти за мојо унук, ногу сака да го гледа Кире (немаме карти ние) ама некако да пробаш дадеш (немам, ние немаме карти) тит тит тит
.
.
.
(имаме вклучување во живо од домот на баба Рада)
(здраво баба Рада) здраво душо (што ќе им препорачате не гледачите за вечерашниот натпревар)
бидејки знаеме дека нашите ракометари играат секогаш стресни завршници, гледачите можат да си земат чај од маточина, мајчина душичка, можат да мешат и неколку видови тревки и обавезно да си стават лажичка мед за да ни е слатка победата.

и така натаму, и така наваму:icon_mrgr:
 
Го заборави делот со патување низ домовите на домаќинките во македонија каде што ќе се готват најголемите деликатеси: Пилешки Крилца - ДекиГоце, праз салата наречена Филип Празаров како и одличен компир ручек наречен Пире Лазаров.[DOUBLEPOST=1516534024][/DOUBLEPOST]Исто имаш грешка што сите зборат за ракомет :D
Мора еден да збори за нешто друго:

Алооо Јанкоооо
-Не е Јанко, Милена е..
Аааа ок...ве меша ја двајцата....него...ја сака да кажа....ова за албанците.....не смее двојазичност никако...
-Ама темата е ракомет!
Што?
-За спорт е темата!
Аха....па спорт..убаво е тоа...гледав вчера водици пливаа децата...убаво е тоа нека спортуваат...
 
Многу солиден играч е овај Јовановиќ, од авион се гледа дека детево има талент.
И со Исланд откако влезе во второ нов стил на игра добија Србите.
Ќе се продаде сигурно за брзо, не му е местото во Војводина.
 
овие порталиве се хаос, во ред е дека ФГранција ќе ја мине групата, ама теоретски не е пласирана во полуфинале, со две победи на шведска и пораз на франција од -8 од хрватска, триколорите отпаѓаат, теоретски секако
 
Стево во второ од бунар почна да коментира изгледа :pos:
 
Симпатично глуп е водителов на Телма студиово...значи криво ми е за него што сите ќе го пцујат а пробува да биде позитивен и да внесе таква енергија.

Не е он крив што нема врска од ракомет, други го ставиле таму..

А не ќе беше лошо ете некој од екс ракометариве да нашле така похаризматичен да води уз него одма позабавно ќе беше, ќе надполнуваше за дупките во знаењето на овој ама тоа е, не им се трошело пари
 
Знае ли некој која е математиката Хрватска да не игра полуфинале? :D
 
За Хрватска да оди понатаму треба да победи со 2 гола разлика до 22 гола,и ако примат над 22 гола тогаш треба да победат со 3 гола разлика..бидејќи кога ќе се направи трилинг од трите репрезентации по 8 бода(секако доколку Шведска ја победи Норвешка) тогаш ситуацијата изгледа вака.

Франција +4
Шведска -2
Хрватска -4

Е сега како ќе заврши натпреварот Хрватска-Франција ќе видиме ама факт е дека на Шведска не му е доволна евентуалната победа против Норвешка туку мора да се надева дека и Французите ќе изиграат нешто и нема да му ја пуштат на Хрватска.
 
Многу е интересна ситуацијата во оваа група.Постојат комбинации Шведска со победа против Норвешка да не помини понатаму(круг помеѓу Франција,Хрватска и Шведска со по 8 бода каде Шведска би извисила во случај на победа на Хрватска над Франција со најмалце 2 или 3 гола),а со пораз до 3 разлика да се пласира во полуфинале (круг помеѓу Шведска,Хрватска и Норвешка со по 6 бода под услов Франција да ја добие Хрватска)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom