- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.417
- Поени од реакции
- 7.111
Со онаква игра како против Белорусија, Хрватите уште отсега може да почнат да си ги пакуваат куферите. Ако нешто драстично не сменат, особено во одбрана, немаат апсолутно никакви шанси да ги победат и Франција и Норвешка. Белорусија со еден куп деца во екипата (едно пола тим им е отприлика со Талески и Кузмановски генерација) и тоа скоро сите главни играчи, само со Пукоски и Рутенка како искуство (+ повремено Бабичев и Шилович на помош) да ти држи до последни секунди... нема што да се каже (мајтапот на страна белорусиве имаат иднина, новата генерација подобра од старата ќе се покаже... Кулеш, Јуринок - кај да е во некој голем клуб ќе одат).
Првиот ден од втората фаза во принцип беше ревијален (иако Хрватите и тоа пробаа да го упропастат) - Норвешка и Хрватска беа големи фаворити и како така ги собраа бодовите. Сега почнува разврската овде. По мене, клучен ден е сабота. Франција - Шведска и Хрватска - Норвешка. Победникот од првиот натпревар е скоро сигурно во полуфинале. Поразениот од вториот е скоро сигурно аут. Ќе видиме...
По мене Норвешка го има квалитетот за полуфинале, ама тој пораз од Франција може скапо да ги чини. Франција не е којзнае што иако се единствени со 3 од 3 засега и се во најдобра стартна позиција. Шведска и Хрватска се непредвидливи заради можните повремени блесоци. Во просечен натпревар послаби се од Франција и Норвешка, но Хрватите со 15000 зад себе или Швеѓаните со разиграна одбрана и разбранети голмани се потенцијално страшни екипи, така што ништо не се знае овде сеуште.
П.С. Да не речите ништо не реков за Србите. За греота се да ги гледаш. Жал ме фаќa за Цветковиќ. Толку дезорганизирана федерација и немање љубов за екипата тоа чудо едно. Хемија 0. Сосема очекувано, без Вујин всушност играат подобро, покомпактно, повеќе личат на екипа. Ми личи дека слично е и со Ненадиќ. Ама кога ќе видиш дека веќе се без Момир Илиќ, не верувам пак да го вратат некогаш Вујин, без Стојковиќ кој веќе е стар секако, после ова првенство најверојатно и без Ненадиќ - веќе и по имиња постепено стануваат просечна репрезентација. А знаејќи каде им се младинците, кадетите... (освен Јовановиќ)... ги очекува уште поголем пад - среќа за нив што ЕП ќе има 24 екипи од 2020.

Последно уредено: