Иако морам да признаам Јоргос користи доста кадри од Кјубрик, посебно долгите сцени во осветлената болница, сцените без звук, сцените само со музика проследена на оркестар, скалило плус во однос на камера и режија од Јастог, но ликовите дефинитивно недоизработени и проблематични. Имав проблеми и со ликот на Кидман и на Мартин. Јасно ми е дека филмот е работен доста според грчката историја ама сепак многу нејасни ликови без некоја цел. Очекував малку повеќе, но доста вознемирувачки крај.
Последното зезнато филмско искуство сум го имал со филмов. Бавен, без дијалог (освен на почеток и на крај) визуелно таман. Одолговлечени цени, бавни, не се гледа во секој момент.
Тек денес го изгледав We need to talk about Kevin.
Многу, многу тежок филм, ме поремети начисто, не само во приказната, туку и во монтажата, во структурата, во естетиката, во глумата... Се на се прекрасно.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.