Ако можете да го гледате "Coco" новиот на Пиксар да го направите тоа. Можеби е поради тоа што не знаев скоро ништо за филмот, можеби така ми се погоди во моментот, не знам, али ептен ми се допадна. Еден од најдобрите филмови последниве години, за мој вкус нели.
Вака во недостаток на некои јасни фаворити за Оскари уопште не би ми сметало да освои оскар за најдобар филм.
Одличен

(сајдноут: не е бајка филмов, така да ете ако сте фанови повеќе на бајките на Дизни можда нема да ви се допадне до толку)
Во секој счучај алал вера
П.С. Кога веќе спомнав Оскари вака на слепо предвидувам Battle of the sexes ќе освои, и во знак на феминизмот ќе поминат оскарите
Ако погодам ќе се цитирам за 3 месеци негде ако не...па нема да се цитирам, многу логично
Али ботом лајн...Коко