Комплетно грешно. Јас бев тој кој има кажано дека Hansol-от е bestbuy. Само за твое подсетување.
И мислев дека е ѕвер клима, тешка, со 1,3кг фреон, дека грее без проблеми и е економична и заради тоа ја препорачав. И излезе дека е само продавање на магла, од страна на Gree лобито.
Повторно комплетно без врска. Јас не реков дека тежината нема врска, во предходниот пост ти споменав дека може да се компензираат некои компоненти. Може металниот оклоп да го замениш со пластичен, може да развиеш комплетно нова, полесна и поефикасна легура за изменувачот....и тнт.
А по твојава логика дека без исклучок потешка единица = поквалитетна клима излегува дека Hansol со 43кг надворешна единица е подобар од NocriaX со 41кг, иако Fujitsuto кое милуваш да го споменуваш дава има 5KW номинална топлина и 9KW максимална, и на се тоа поголем со COP.
Али нема везе, гарант е нафурано, па ќе рикне за некоја година и Hansol-от ќе го вати на кондиција.
Ако тебе или на твојот другар не ви се погодил конкретниот примерок на Хансол, дали тоа значи дека моделот е тапа? Можеби е со фабричка грешка? Можеби монтажата била лоша (истекол фреон, лошо вакумирање)? Дали твоето решение за проблемот подразбира да одиш по сите балкански форуми и да плукаш по Хансол/Гри? Мислиш дека кај други фирми нема слични или исти проблеми?
И на крајот тргаш во осветничка мисија, убедувајќи неупатени потенцијални купци дека е подобро да купат климиче што можат под мишка да го стават и тоа ќе ги згреело сред лута зима? За "само" 42.1 К. Што ако некому му се тоа последни пари, или зел кредит со некоја луда камата, па наместо 15 кубика дрва го зел тоа смешно климиче? Греота е да го носиш на душа.
Тоа е многу неодговорно и себично. Правиш потенцијална штета на многу луѓе, за ти да им се осветиш на Гри и нивните мегафони тука на форумов...
Верувај, јас ја имам замразено таа фирма од нив самите и нивните постапки. Но зошто да не бидеме објективни, Хансолот е одлична клима, особено по оваа цена што се нуди.
Тоа што ти е на место, е нивната негрижа откако ти ги зеле парите. За тоа треба да зборуваш и имаш од мене максимална поддршка. За жал Гри не се единствени, по мене најголемиот број фирми се такви. Се ќе направат да ни ги лапнат парите и после трчај, моли, ако имаш проблем. За тоа треба да се зборува и тука нема милост кон ниту една фирма. Мора да си ги браниме своите права како потрошувачи...
Споредбата со NocriaX не ти ја разбирам. Разликата во 2 кг е занемарлива, ако ме прашуваш што јас би одбрал, за 40, или 38К

, би одел на Нокриа. Мислам дека е подобра клима. Ако ми ја обезбедиш за 38К, I'm all in.
За играчката ASYG12LMCE мислам дека ти објаснив во првиот пост.
@beneamata
Kако што пишав во првиот пост, ги разгледав сервисните мануели, а тежината ја одбрав како едноставна информација што во конкретниот пример ги осликува битните параметри на двете клими. Што мислиш ти, големината на изменувачот игра било каква улога во таа приказна? Повеќе/подолги бакарни цевки изложени на помал или поголем вентилатор, ти текнува? Или кај Fujitsu e се направено од супер лесни легури, НАСА технологија и не важат основните правила од физика за 6-то одделение? Еден ден и ќе се направи такво чудо од клима, можеби баш од Fujitsu, но што мислиш, ќе се продава кај нас за 42К?