@red.devil нема врска се заебавам со Џонтра заради една глупост од лани за зимскиот шампион што ја тресна и што ми кажа дека незнаење се пишувало одделно, по што беше цитиран во една тема за правопис од професор по граматика дека е грешка

Иначе многу луѓе може да се збунат, бидејќи не постои фактички нулта година, али нема врска заеби.
Колку ми е мило што испадна Емполи

, врска немаа цела година, на почетокот во првите 10 меча дадоа едвај два гола, тешка катастрофа очај. Утакмиците ги почнуваа за 0-0 да завршат, беа најгомнарскиот тим во лигата, за такви ми е мерак кога ќе завршат во мртвата Серија Б да трчаат 42 кола наредна сезона. Кротоне од друга страна за тим без име нормално беше да почнат лошо, ама дечките секогаш се обидуваа да играат фудбал, не го отпуштија тренерот кога беа најлоши што значи дека имаат идеја за работа и тоа им се исплати. Се надевам дека догодина ќе додадат уште некој играч за да изиграат посолидна сезона, можеби уште еден Сасуоло е на повидок.
Тоти со среќа нека му е пензијата, колку и во текот на кариерата да не го ценев заради неговиот карактер, заради тоа што ниту знаеше да победува, ниту пак да губи, сепак ќе остане запаметен меѓу најголемите легенди на италјанскиот фудбал, класична 10ка, фантазер во играта. Мислам дека тој заедно со Баџо и Дел Пиеро во поновото време е гордоста на Италија на таа позиција, втор напаѓач со страшна техника, осет за гол, поврзаноста меѓу средниот ред и нападот. Италјанци такви денеска за жал нема. Стојам на тоа дека последните години му беа мачење и дека можеше порано да замине, ама тоа веќе не е ни битно. Конечно Де Роси нема повеќе да биде ил капитано футуро
Иначе зошто мислам дека Марли се заебава за Тоти, а не го разбравте повеќето
