Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.128
Вечерва во Драмски гостува хрватски ансамбл со претстава по книгата раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска. Претставата е бесплатна, па трк во Драмски по карти. :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Вечерва во Драмски гостува хрватски ансамбл со претстава по книгата раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска. Претставата е бесплатна, па трк во Драмски по карти. :)
Бев.
Излегов сосема разочаран. Скромно... многу скромно.
Се острам сеа за 1900тиот од Барико. @Вокерка ?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.128
Бев.
Излегов сосема разочаран. Скромно... многу скромно.
Се острам сеа за 1900тиот од Барико. @Вокерка ?
И јас бев и не ми се свиѓаше. Не знам само која година беа студентиве, ама лошо, пред се` сценаристички и воопшто не ми беше јасно зошто цела претстава репликите по 3 пати ги повторуваа. :tapp:

Се надевам Многу врева за ништо нема да биде буквално многу врева за ништо. :icon_mrgr:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
И јас бев и не ми се свиѓаше. Не знам само која година беа студентиве, ама лошо, пред се` сценаристички и воопшто не ми беше јасно зошто цела претстава репликите по 3 пати ги повторуваа. :tapp:

Се надевам Многу врева за ништо нема да биде буквално многу врева за ништо. :icon_mrgr:
И актерската екипа беше под просек - промашени дијалози, слаба костимографија... Башка како читател на збирките на Бужаровска, не видов ни едно „Б“ во претставата. Не знам што беше толку смешно што луѓево се смееја само на одредени пцовки, другото никој или не го осетил, или не е доволно доловена таа иронија и цинизам што се бајаги присутни во нејзината збирка.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.128
И актерската екипа беше под просек - промашени дијалози, слаба костимографија... Башка како читател на збирките на Бужаровска, не видов ни едно „Б“ во претставата. Не знам што беше толку смешно што луѓево се смееја само на одредени пцовки, другото никој или не го осетил, или не е доволно доловена таа иронија и цинизам што се бајаги присутни во нејзината збирка.
Послабата женска мене ми го задржа вниманието, искрено. Останатите ич. Мада се гледа неискуство на студентиве.

П.С. Февруари месец ја гледав Gde je nestao Harms? од Нишко позориште, а во режија на наш режисер, битолчанец. Каква претстава, каква глума, нашиве можат вода да им носат реално. :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
1900тиот - монолог пишан од Барико, прикажан од Кристијан Светиев. Во Драмски.
Ако немате некоја мала претстава за што отприлике би се работело, не препорачуваме да одите. Ова е еден од начините како би се интерпретирал Барико. Скромно, но со голема пристрасност му давам добра оценка. Фалеше малку повеќе инструменталки онаму каде се бараше, другото беше одлично. Сепак ова е монолог, не цела претстава со актерска екипа, сценографија и многу специјални ефекти.
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.213
Поени од реакции
1.713


10/10

By far најдобрата претстава што некогаш сум ја гледал. Невидена продукција, горд што имав шанса да го посетам еден од најдобрите театри од светски калибар, добитник на многубројни Tony Awards.
 

Attachments

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.008
Пред една недела ја гледав Обѕрни се во гнев која е на редовен репертоар во Прилепскиот театар . Текстот на Џон Озборн е одличен а претставата беше добро одиграна , но имам мала забелешка до скоро сите актери за гласноста при изговарањето на нивните реплики ( во одредени моменти на претставата ) . И покрај тоа што се игра на мала сцена а јас седев во вториот ред , на неколку пати ми се случи едвај да слушнам и разберам што зборуваат . Не велам дека треба да се дерат на цел глас кога се на сцена , но сепак треба да зборуваат доволно гласно и разбирливо за да може човек да ги разбере . Како што реков и предходно , овој проблем го имав само неколку пати а не за време на цела претстава .
Да не излези муабетов дека само ги кудам , ќе речам дека младата екипа на актери прилично добро си ја заврши работата а посебно ме бендиса изведбата на Димитар Ѓорѓиевски и изборот на музичките нумери во самата претстава . На крај би кажал дека Прилепскиот театар во изминативе неколку години еден од најдобрите во Македонија , и имаат далеку подобри претстави од погоре спомнатата , која е добра но не е на нивото на некои други кои се играат последниве години таму .
 
B

Blade Torch

Гостин
Тартиф во МНТ. Солидна.

Демонот од Дебармаало не ми е гледана, а тешко дека повторно ќе ја играат во Драмски :(
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.028
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.128
Второ Пришествие

http://www.mkd.mk/kultura/teatar-i-film/pretstavata-vtoro-prishestvie-premierno-kje-bide-izvedena-vo-nt-anton-panov-vo

Михаил до сега никад не ме разочарал, впрочем неговите претстави до сеа ми се меѓу омилените
Прееска гледав еден романски филм со лик плукнат Михаил. :D

А што се однесува до претстави, последно ја гледав Атена со пенис на Синиша Евтимов.
Синиша не ме разочарал досега, Стјуардеси ми е бр.1, последно на Чолак се згазив од смеење, Атенава беше добра, али имаше и непотребни сцени, кои убиваа атмосфера, наместо да ја кренат, така што малце ме подразочара.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom