Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.128
Ја немам гледано претставата, али мислам дека Нина е баш профи танчерка. Мајка и беше во таа бранша, а и Нина водеше некоја танцова група (чинам Ребис беше), така што сигурно била профи.

Туку како бре Биљана во мјузикл, ич не ми е јасно. Биљана има лош глас и кога збори, а не да пее (сигурно било мачење за уши).:(
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.948
Ја немам гледано претставата, али мислам дека Нина е баш профи танчерка. Мајка и беше во таа бранша, а и Нина водеше некоја танцова група (чинам Ребис беше), така што сигурно била профи.

Туку како бре Биљана во мјузикл, ич не ми е јасно. Биљана има лош глас и кога збори, а не да пее (сигурно било мачење за уши).:(
Па ликот у принцип и беше таков, мајка мрчатор која се противи на идеите и желбите на својата ќерка.
Дона Динамитката, повеќе како Ратка Пиратка :)
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.482
Поени од реакции
7.305
Туку како бре Биљана во мјузикл, ич не ми е јасно. Биљана има лош глас и кога збори, а не да пее (сигурно било мачење за уши).:(
Стварно на моменти кога пушташе глас до максимум беше мачење
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
„Лет над кукавичкото гнездо“ во Драмски. Дамна не сум искочил од театар а да иам толку измешани чувства.
Топла препорака.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.028
Железниот Светилник оr How I Learned to Let Go and Love the Surrealism

Си искачам ја поштено порано и со девојка ми тргнавме на оваа бугарска претстава. Последната бугарска што ја гледав ме воодушеви така да имав голем ентузијазам и за оваа. Башка и ретко испуштам претстава. Стигаме и си барам секогаш средина одма после редот кои обично се резервирани за елитата од градот, ама почесто се празни или ги окупираат б-класа политичари кои се водат вработени у собрание али не идат на работа пошо нема толку столици таму. Обично ги игнорирам фациве кои ги користат настаниве за photo op демек се урбани и конектирани со младите. И си седнуваме и пред мене седнува факин ЗОРАН ЗАЕВ и таа некоја бугарка Захариева.

:вонзем:

Јас кој, уште при самите почетоци на кризиве у земјава им се смеев на другарите кои се чукаа ко мајмуни у гради за Албанци, цигани и имигранти ќе гинеле за земјава, им велев дека да ми дае некој 1.000 за земјава, ја ќе побарам да почекаат да вратам 500 денари кусур.... му дишев у врат на некој што треба да ми е идол и кој еве тоа ќе го овозможи.

We have just lost cabin pressure.

Седам вака и дури читам како пишува пораки на англиски, гледам кои имиња му звонат и кои портали отвора и дискутира со некој за истите си мислам, кај е обезбедувањето?! У времето луѓе се гинеле за да имаат ваква шанса да се приближат до ваквите наводни предавници, крв, барут, заклетви... се мислам дали сме ние цивилизираните у споредба со тие времиња. Можев комотно да му збрцам у глава 6-7 сантима железце и никој да не приметеше се до следната промена на сцена. Се мислев дали ќе ме направат херој или предавник во историјата? И дали би се променила моменталната ситуација воопшто.

:cenzura:

И така дур лебдев со мислите ала „замисли го сопнам девојчево од две години кои едвај се влеча по мајка ѝ по улица“ почнала претставата. Имаше некоја смешка со грчки поп кој им налагаше на бугариве да зборат грчи, овие беа патриоти и се противеа, сите ракоплескаа, понекогаш и пречесто на секоја смешка а јас се прашував дали времето постои, дали сум во некој џебен универзум и времето и разумот се ресетираа на 5 минути со секое ракоплескање.

Некни несакајќи се најдов на центар помеѓу протести за да не се смени името.
Вчера несакајќи сум позади сите слики со Зочето.

А мојата индиферентност воопшто не се стави на тест.

И така. Претстава ко претстава... ќе ми фалат у странција.

:kajgana:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Напорна недела у пичку матер, денеска со фудбал цел ден се освестував, па редно е да резимирам.

Општо за фестивалот, ме радува што конечно успеавме да се оттарасиме од дедо Петре Темелковски и неговата родољубна Александрова душа. Одма почна да се оди во нагорна линија, да има релативно пореална комисија, (иако веб-сајтот го заебаа, старата верзија беше подобра, плус ја избришаа историјата од претходните фестивали), да нема многу идиотски претстави и ебено конечно Прилепски театар да добие награда после толку маестрални претстави кои беа игнорирани од вмровските жирија. Дури и плакатот конечно доживеа апгрејд; па видете ја оваа лепота.

upload_2018-6-17_1-26-26.png

  • „Ничија земја“ - МНТ, режија Александар Морфов.
Тотално непотребна претстава. Едноставно немало никаква причина за да се создаде и да се потрошат толкави пари на неа и веќе почнува да ме нервира трендот на франшизинг, рециклажа и playing it safe при изборот на претставите низ нашите театри. Ниту ние овде можеме да се поврземе со „Ничија земја“ како публика, ниту пак како држава се наоѓаме во опасност од војна па да мора да бидеме потсетени/освестени од страна на претставата за ужасите на бојното поле. Нема ни 20 години откако е излезен филмот, па мајке му, само основци што ионака нема да ја гледаат не слушнале за него и не прочитале што се случува. Мене лично не ми е гледан и намерно не го гледав пред да одам. Ѕирнав некои делчиња одма кога си дојдов дома, буквално фотокопирани сцени и глума што уште повеќе ме разочара. Развлечена некако, тешко доседив, на моменти ме замараше ептен, а пак на моменти ми беше добра. Премногу сцени ги изработија комично и не ми се совпаѓаа со наводната концепција. Глумата на ниво како и секогаш, сценографијата исто одлична. И Камка срцката ми излезе на сцена бе :love:, само не ми дојде после тоа во бифето за да и врзам два-три муабети :place::place::place:.
  • „Клетници“ - Прилепски театар, режија Мартин Кочовски.
Пишав и претходно, после премиерата. Немам доволно зборови. Ремек-дело, епски спектакл. Кочовски е невиден мајстор, а Владимир Ѓорѓијоски е роден за главна улога во вакви претстави. Ансамбл од 30 луѓе, од 18 до 60 години, плус цел бенд што свири во живо, на овој начин да спреми и да изигра едно дело како „Клетници“... не можам ни да замислам како им течеле пробите и колку време потрошиле. Три часа скокање, трчање, качување по сцена, буквално градење сценографија за секоја различна сцена и тоа со шипки и плочи кои можат сериозно да повредат некој ако не се точно наместени, создавање на таа 5-на-10-метарска барикада на која и Шарена револуција може да позавиди, таква перфекција и емоција во играта, ниту едно единствено збунување или грешка при реплика....па вие не сте актери бе луѓе, вие сте богови. Не награди на Војдан, државни ордени треба да ви се дадат.

Секој еден љубител и познавач на театарот мора да го изгледа ова совршенство и се надевам дека ќе направат некоја мини-турнеја низ земјава, а за странски фестивали сум сигурен дека ќе бидат поканети и дека ќе си изметат и таму.

:cuc::cuc::cuc:

upload_2018-6-17_2-34-12.png

  • „Царот Владислав“ - Струмички театар, режија Бранко Ставрев
Илити како би изгледала ГоТ доколку би била сместена во Македонија :D. Добра претстава, ме чуди само зошто јас бев еден од ретките на кој му се допадна, скоро сите со кои разменив збор-два се замориле, им била тапа, што ти знам....можда можела да биде нешто пократка или малку подинамична при крајот, признавам и јас паднав малку со вниманието како што течеше. Костимите невидено добри, седев доста блиску до сцена и можев да се изнауживам во глетката. Глума и кастинг одлични, единствено мислам дека фалеше сценографија која ќе одговара со костимите и ќе ја дополни магијата. Мислам океј, знам дека во 11-ти век немале кревети и одаји како во Версај, али фалеше. Не дека беше лошо, напротив, црната сцена доста добро се вклопи, само ете, мое мислење.
  • „Смртта на Дантон/Комична сцена“ - испитна претстава од ЕСРА
Студенти од прва година при ЕСРА, јебига, за една година што може да научат и спремат довчерашни средношколци. Прилично лошо беше како целина. Пола-пола ми беа дечките во односот добри и лоши, имаше ужасни изведби и имаше добри изведби. Комичната сцена си ја пишувале сами и беше тотална утка.
  • „Жена од минатото“ - Кумановски театар, режија Нела Витошевиќ
Уште една добра претстава. На мала сцена, со оскудна сценографија и доста кратка (саат и 10 минути некаде), перфектна за придружна програма и полноќно уживање. Седев на прв ред, на буквално 5 сантими од актерите.Супер приказна, супер режија, супер глума. Игор Ангелов имаше главна улога и добро си ја сработи, а Марко Трајковиќ уште подобро се снајде во споредната. Го имам гледано Марко уште во студентските претстави од ФДУ и е навистина брилијантен, дете со ѕвезда. Ме бендиса доста и музичкиот избор.
  • „Жените“ - Албански театар, режија Ќендрим Ријани
Немам многу што да кажам, освен клетви и колнења за тие што го смислуваат начинот и го работат преводот на овие претстави. Не може бе во 2018 тебе да ти бега преводот за 3 минути, да биде како од Гугл Транслејт и плус на тоа да го проектираш на 5 метра над сцена. Па пичка му материна, земете најмете и Албанец и Македонец што ќе работат заедно на преводот и нека го средат перфектно, а не библиотека да ми преведуваат како книжарница и речениците да немаат никаква смисла и најмете еден човек што активно ќе работи со титловите за време на претставата. За кој кур ми доаѓате на фестивал ако не се спремите како што треба. Нормално дека ќе ви заминам за 20 минути, исто како и половина од петтина исполнетата сала. Да не е бесплатен влезот, само жирито ќе ве гледа.

Самата претстава, односно нејзините први 20 минути, беа средно мизерни. Прво во некои шамии и фереџиња ми пееја тоа жентурачите и нешто кажуваа као опресирани од општеството и мажите муслимани, па после тоа кренаа завеса, пуштија светла и претставата се претвори во трилер, убиен таткото на фамилијата и единствен маж во неа, па 7-8 жени ќе го решаваат убиството - тотално неповрзано. Глумата исто средно-мизерна накај лоша, посебно едни 2-3, прави аматерки. Единствено сценографијата ме бендиса.
  • „Партија реми“ - Драмски театар, режија Виолета Џолева
Добра претстава и препорака од мене. Интересен текст, супер глума, посебно Маја Вељковиќ, која не сум ја гледал досега, а се стопи буквално со ликот што го играше. Мислев ќе биде нешто Хихирику стил кога видов дека Ѓокица глуми, ама бев позитивно изненаден. Добри комични сцени, добра сценографија, одлична претстава за добар театарски провод и стрес-рилиф.
  • „Тоалет за дами“ - Велешки театар, режија Деан Дамјановски
Гомно. ГОМНО од претстава. Помислете на најлошото дело што сте го прочитале/гледале, помножете го по 10 и ќе ја добиете оваа претстава. Секој што замешал прсти во овој ужас треба моментално да се откаже од својата театарска кариера. Па, не е можно бе ваква гадурија да се постави на сцена и да се покани на фестивал. Прво, мизерен текст, никаков заплет, никаков расплет, реплики дебилни, поглупави и од тие од Малата невеста и Дарамрач. Пази, на чистачката на тоалетов и умира мажот, а таа си останува на работа и се расправа со останатите ликови за нивните „проблеми“. Зафирчев лагано си носи појачало и микрофон и си прави музички настап во тоалетот. 10 главни ликови ни Шекспир не може да прикаже, а не некој си „писател“ таму од Колумбија. Второ, глума полоша и од средношколска претстава. Вештачка, изнасилена, недостојна ни за новите народни приказни на Канал 5. Трето, „смешките“. Ох, какви смешки и комични ситуации беа тоа. Од цртање пенис на огледало, преку шеги за целулит, бутови и цицки кои само на 50+ теткици им се смешни и тоа за хихихи, а не за хахаха, па се до класиката на сите ужасни комедии - ужасно глумење пијанство и ревносно фрлање и паѓање по сцената. Луѓе мои, па верувале или не, имаше сцена каде една као демек „одржана“ жена им покажуваше на други три како успевала да ја задржи цврстината на градите преку вежби. 5 минути ејјј, 5 ебени минути оваа им покажуваше, а трите као „погрешно“ правеа вежби за гради на сред сцена и ние требаше 5 минути да плачеме од смеа на нивните гримаси и вештачки смешни движења.

Како што го пишувам постов, така се потсетувам на сите ужаси кои ги видов и едноставно не можам да поверувам како барем еден од сите инволвирани во оваа грозота, од суфлерот па се до директорката на фестивалот не си рекле чекајте бе малку луѓе што е ова? Каква е оваа повраќаница што ја гледам јас? Зошто ја прикажуваме, наместо да ја закопаме некаде длабоко и никогаш повеќе да не ја спомнеме? Мислев дека „Трудна приказна“ од Театар Комедија е нешто најлошо што излегло од нашите театри, но оваа претстава така дебело ме демантираше, што доживотно ќе имам трауми. Немав ништо попаметно што да правам во тоа време, а имав карти и за наредната претстава, па не сакав да одам до дома и назад за 40-тина минути. Машки издржав скоро до крај, инаку за пола саат ќе избегав, ексик и влезница и се.
  • Лет над кукавичјото гнездо“, Драмски театар, режија Ристо Алексовски
Нешто подобар провод од „Ничија земја“, но повторно остана да лебди прашањето зошто токму ова дело да се постави на сцена. Не замараше ич, иако е долга и има пауза, но го немаше тој Х фактор за да биде нешто посебно. Кастингот одличен, сите кој од кој поголем глумец, но немаше хемија, немаше жар, немаше нешто што ќе ме натера да речам wow. Сашо никако не ми беше внесен во улогата, како механички да ја изработи, иако доста му одговараше. Трупче свака част мајсторе, 3 саати што издржа и изглуми :cuc:. Сценографијата добра, целиот продукт исто добар, добро си поминав и е претстава што на секој би му рекол да ја изгледа, но ете, не кликнавме меѓусебно и не ме натераа да сочувствувам со никој од ликовите.
  • „Ужегнатост“ - Независна продукција Артопија, режија Владимир Милчин
:aplauz:Цареви. Најдобра претстава после „Клетници“. Откритие на годината ми се. Им ја гледав и „Да ми го поздравиш и да ми го бациш“, една ненормално емоционална исповест за актерскиот живот и еден голем среден прст за Вмро и за Бато Димитров (сите актери од дружинава се вработени во Театар за деца и младинци бтв), после кој едно 2 дена не можев да се составам и да сфатам каков перформанс доживеав.

„Ужегнатост“ е потполно различна, никако не е наменета за емоционално доживување, но е исто така неверојатна. Смешна, трагична, фарсична, бесмислена, претставава е се. Нема да трепнете додека трае и ќе излезете со широка насмевка на лицето. Ме изнервира што скоро никој ниту ја сфати, ниту пак се потруди да ја сфати и како публика им дадовме прекраток аплауз за тоа што го прикажаа. Чак наслушнав и едно бате што рече нешто као, јас да бев ќе ги ставев сите мажи женски ликови, сите жени машки ликови(Симона глумеше машки лик). Ок е царе, сигурно ти знаеш подобро од Милчин како треба да се режира ваква претстава.

Real-life референци, внесеност во ликовите, сценографија, костими, ма се беше перфектно. Вака треба да изгледа алтернативен театар. Ве замолувам сите што имате можност да гледате некоја од наредните изведби, (како што прочитав претставите ги одржуваат некаде во Старата скопска чаршија), без двоумење да ја посетите и да им дадете громогласен аплауз на дечките и девојките.

Ако некој од екипата чита, ви испраќам многу ситниметри и малиметри љубов :love::love::love:.
  • Железниот светилник“ - Театар на Бугарската армија, режија Асен Шопов
За крај братјата Блгари :icon_lol:. Традиционално добро спремена претстава, со костими, со класика сценографија, со добри звучни ефекти, со емоционални сцени, со се. Ме бендиса и бројноста на комичните елементи за една ваква претстава, кои поради јазикот на изведбата беа уште посмешни. Работена е според роман, па беше долга и развлечена, со многу саб-плотс кои бараа развивање и разрешување, па не можев да издржам до крај и станав некаде 20-30 минути пред крајот.


За крај, што уште да кажам, постов 2 саати ме фати. Наградите и заслужени и незаслужени. Ме нервира тоа што као мора на скоро сите театри од земјава да им се даде место за учество без разлика на квалитетот кој го нудат и ме нервираат обидите наградите да бидат „праведно и еднакво“ доделени. Гораст во ниту еден универзум не заслужува награда за споредна на пример, во конкуренција со Трупче. Али, сепак има напредок од тоа вмровското да се делат награди спрема планска економија. Криво ми е за „Доктор Фауст“ (да ги ебам спонзорите кои ги добија 30-те карти, а сигурен сум дека насила ги седеа саатите) и за „Еднаш свет изградив“, ама за неа сум си сам крив што не појдов. Исто ми фалеше Охридски театар и нивната секогаш одлична комедија, само не знам дали имале воопшто годинава што да понудат.

Публиката ужасна како и секогаш, идиотите заслужуваат дури и посебен пост.

То је то децо, до наредниот фестивал и наредната зора во бифето, адиос.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.028
the glass menagerie

Ne znam koklu vreme se sprema edna pretstava, pa premieri, pa da ja prosetas, ali mene mi se cini sekogas mnogu dolgo i na sekoja nova se raduvam ko malo dete. Sekogas uzivam vo glumata na Kosta Angov, mislam deka e nivoa nad site. Inaku temata seuste relevantna vo 2018, mnogu slicnosti so sekojdnevni situacii i vnatresni borbi. No sepak mi deluvase malku plitko prikazano.

Fasciniran sum kako ne mozat lugjeto na denesnicava da sedat mirni saat ipol. Fasciniran.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
the glass menagerie

Ne znam koklu vreme se sprema edna pretstava, pa premieri, pa da ja prosetas, ali mene mi se cini sekogas mnogu dolgo i na sekoja nova se raduvam ko malo dete. .
4 месеци. Со аматерски актери кои имавме извадено три претсави од 2015 навака. Четвртава беше закон :Д Ќе ти пратам видео ако сакаш да погледнеш :Д Беше хит цел месец во јужниот град под тебе, со ваш режисeр
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
@wot
Се извинувам шо не ми текна навреме да те известам, се надевам разбра и беше вечерва на Клетници? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom