Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.128

Васил Михаил


Alexandru Papadopol

Вие кажете дали личат. Инаку станува збор за Doua lozuri (Two lottery tickets) од 2016 г.
Типов на задното седиште на последнава слика.

 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Вие кажете дали личат. Инаку станува збор за Doua lozuri (Two lottery tickets) од 2016 г.
Типов на задното седиште на последнава слика.
Хмм мене не ми личат баш, ама секако ме заинтригира да го гледам филмот. :)


Да не сум скроз офтопик, последна гледана и кај мене „Второ пришествие“, со слични впечатоци. Следно, нешто од Шекспир се спрема. :zloo:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
http://www.mtf.com.mk/2017/mk/programa.php

Конечната програма на фестивалот "Војдан Чернодрински". Око ми фати постерот, кој е всушност рециклажа на ланскиот, единствено додадени се црвената и жолтата боја, претпоставувам по налог на севселенскиот мудрец Петар Темелкоски како поддршка на четвртиот Илинден. Се надевам ќе го сменат за скоро, корен пушти на директорското столче на фестивалов.

Кој има намера да доаѓа, нека пинга :D.

@wot Боркман велиш никако? Por que?
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
25
Поени од реакции
1
jas gledam mn pretstavi i sum obozavatelka pa sea da ne znae slucajno da mi kaze nekoj vo skopjevo kaj ima nekoj kursevi za gluma
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.028
@wot Боркман велиш никако? Por que?
Lele sega go gledam tagot... se zaeba?

Ja posledno bev.. hmm, ne bev tuka za vreme na risto siskov i fativ samo poslednite 2 pretstavi od koi na ednata stanav i si zaminav, bidejki bese ko stand up za lugje vo 90tite, nostalgicni muabeti za sfrj likovi, mada kakva zena e Tanja Boskovic.... appapap Kabare se vikase.

A najposledno ja fativ turnejata na skopskava Ne se kladi na Englezi... ne znam so da pisam za nea, da bev poveke po fudbalot, kladenjeto i tie stereotipi mozebi posmesna ke mi bese, ama ne poznavam vakvi lugje, se osekav ko 18 godisnite devojcinja zad mene sto sedea i prasuvaa i sto znaci sea ova koj dobi koj izgubi na sekoja promena na rezultatot. :D

Sepak bel bumbar.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.128
@wot Гледај го Covek sa cetiri noge (1983), да видиш каква жена била Тања Бошковиќ. :D

Сега видов некоја слика уште се држи, ама тогаш била...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.028
Дванаесеттата ноќ - спроти Водици
http://sitel.com.mk/dvanaesettata-nokj-sproti-vodici-na-shekspir-premierno-vo-strumica

Шекспирова комедија, со скоро целата екипа на струмичкиот театар, скоро сите актери.
Комедија, која беше некогаш толку ретардирана што ме насмеа. Излегов расположен, така да си заврши работата сосема ок.
Предобро одиграна, се залагаа актерите.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.028
Царот Владислав

http://teatarce.mk/2017/11/21/царот-владислав/

Историска драма со безвременски мотиви, доаѓање на власт и начините за тоа.
Одлична костимографија и глума, имаше една таква immersive атмосфера што ни на момент не ми стана досадно.

Солидна. (y)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.028
Идиот на Достоевски

https://plusinfo.mk/vest/136655/premiera-na-idiot-na-dostoevski-vo-strumickiot-teatar

Иако јавно го отпишав Горан Тренчовски и дека ќе бојкотирам све негово поради последните негови проекти а и дел од неговата екипа која се активираа во Филм и Тв да го бранат несмасно Златната Петорка, сепак поради ниската бројка на претстави морав да си го погазам зборот, и о, колку ми е мило што си го. Горан со проектов кај мене се искупи за сите гревови. Одамна немав уживано олку во претстава. Не само тоа, туку бев разнесен од глумата и визуелноста пред се. Кољо како актер ми е увек премногу... театрален, знам ретардирана логика, но го зимав скоро како здраво за готово, онака солиден актер. Меѓутоа колку ја внесе публиката во тој негов свет беше за поклонување, сам ја извози цела. Улога за памтење според мене.

Од визуелноста конечно да видиме употреба на сцената повеќе од што сме навикнати. Флешбековите функционираа совршено.
Се надевам практиката ќе продолжи и во новиот театар.

Иако тетка ми се превртува у гроб најверојатно за поклонувајќи ми ја hardcover Достоевски колекцијата, Идиот уште ја немам прочитано. Би ја ставил како цел за во новата најверојатно, меѓутоа доста интересна приказна, имајќи еден горчливо смешен тон кој иако беше доволно акцентиран публиката одбиваше да се насмее, бидејќи би се смеела на реалноста, and thats not good. Не знам дали ради сорс материјалот, соработката со актерите или сценографијата, ама претставава беше полн погодок.

low key in love with Јулија Милкова
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Идиот на Достоевски

https://plusinfo.mk/vest/136655/premiera-na-idiot-na-dostoevski-vo-strumickiot-teatar

Иако јавно го отпишав Горан Тренчовски и дека ќе бојкотирам све негово поради последните негови проекти а и дел од неговата екипа која се активираа во Филм и Тв да го бранат несмасно Златната Петорка, сепак поради ниската бројка на претстави морав да си го погазам зборот, и о, колку ми е мило што си го.
Гледам последен пост wot и очекувам коментар за Идиот, се избрзувам да ја отворам темата за да напишам, нели ќе го бојкотираше Тренчовски? И оп, сам си кажа! :icon_lol:

Обично одам на генерални проби на претставите, за Идиот долго се натегав дали ќе вреди заради неговите претходни проекти... Книгата ми е во топ 5 омилени на сите времиња и стварно не сакам да ми ја расипат. Плус скептик бев дека изведбата е само со тројца актери. Ај да те послушам, да ја ѕирнам на следно репризирање, ако не ја бива - ти си крив! :sneaky:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.948
Мама Миа во МНТ.

Многу помпа, многу пари на маркетинг фрлени, ама оправдано.
Мама Миа ја имам гледано на Allure of the Seas, најголемиот брод на свет и можам да кажам дека ова што го видов вечерва во МНТ е на светско ниво.

Танчарите не беа до крај уиграни, ама сепак премиера е, и за улогите на татковиците можеби можеле да одберат подобри глумци. На почетокот ми беше малку чудно што песните ги пееја на македонски, ама се навикнува уво после 2-3 песни.
Се останато е одлично.
Арна Шијак и Тања Кочоска се царици on a daily basis.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Одам многу често во театар. Поготово во Театар Комедија. Последна ја гледав Вардарски Пастуви (гледана по 14ти пат), а и другите сум ги гледал скоро сите.

Меѓу најдобрите:

1. Вардарски Пастуви
2. Стјуардеси
3.
4. Дони Дарк
....другите.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.482
Поени од реакции
7.305
Мама миа

Продукција добра, оркестарот супер, кореографија може и боље али веројатно прилагодена кон можностите на актерите, пеење и играње некои супер некои не. Главен минус беше Биљана Драгичевиќ(Дона), мада не по своја вина зашо очигледно дека даваше максимум али сепак не знае да пее. И машкиве исто не беа некои пејачи, а во деловите со зборење беа прилично смешни, али затоа Тања, Шијан и Нина супер си беа од секој аспект. Танцувањето исто, некои делуваа ко професионалци, а некои како аутсајдери од Strictly Come Dancing.
Генерално може подобро ама крајното чувство е feel-good.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom