Јана Бурческа на Евровизија 2017

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Бар бугариве не тепаа
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.161
Поени од реакции
5.940
Мртов пејач + мртов настап + мртво пеење + мртва музика + мртов аранжман + мртов текст + срцепарателна приказна дека типот правел операција (или требало да прави, who the fuck cares) = добитна комбинација за победа на евровизија...

Дај бе наредна година да пратиме некој со даунов синдром, повеќе шанси за победа би имале отколку цело време да фрламе пари за џабе.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.154
Поени од реакции
4.038
@dragonsky тебе скрос ти летнало пилето пријател,ептен си забегал со памаетот :D
Секако дека ќе бевме топ 10, нема грешка.
Истава песна буквално,истиот дечко, ист настап се исто само да беше Македонија наместо Португалија,ЗАСЛУЖЕНО немаше да влезе финал
Дај бе не тропај глупости. Португалија во 50 настапи еднаш во историја во топ 10 не била и ај сеа заклучоци: победила оти била Португалија и сите за неа гласале (ондак претходните 50 години како никој не ги сакаше?), а да бевме ние со таа песна немало ни во фимале да влеземе. Само да се кењало. А тоа што и пред самата Евровизија, Португалија и Бугарија беа најомилени песни на публиката тоа нема везе, реално штом тебе не ти се свиѓале тоа значело дека никој не ги сакал и немале врска резултатите. Типично клошарско плачење. Реално тие 2 и Италија беа трите најбарани и најомилени песни кај публиката така да ти мрчи колку сакаш дека победиле од други причини, резултатите се реални. Многу ми е скурчено од вакви стручњаци. И иронично од година во година се контра ставови имаат. Идната година ако Португалија му се свиѓа а заврши последна, ќе рече да беше Грција со истата песна и истиот пеач ќе беше прва, ама пошто е Португалија па ќе објаснуваш дека никој не гласа за неа и ќе кењаш како евровизија била срање.

Sent from my SM-N910F using Tapatalk
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.398
Поени од реакции
11.878
Сигурно не гласаа смо дека е португалија, светската веле сила :D
Ама дека ние да ја имавме онаа песна и онај настап ќе победевме, мало морген.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Го разбирам вашиот револт и замарање со Евровизијава...
Сите сфери во животов ги освоивме и уште Евровизија ни остана да тепаме.
Ете пример економија, бам, втора најбрзо растечка у Европа, задолжување, бам, најмалце задолжена земја у Европа. И во сиромаштија и владеење на право предничиме, ама тоа големите сили ги сечат, лепат и монтираат тоа извештаите.

Уште Евровизија ни остана, ама клетнициве не ни даваат бе, не ни даваат !
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.451
Поени од реакции
39.091
Треба официјално да не бомбардираат за да ни дадат , ние со борци за правда цела независност се расправаме. Јок бајо мој , нема евровизија вака.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.533
Поени од реакции
29.054
Џабе, немаме ние некој од калибарот на Верка. шала на страна изгази типот (или типката) 2007ма :coffee:[DOUBLEPOST=1494710302][/DOUBLEPOST]

...co песна против режимот на Грујчо.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
За политички глупости не ми се ни прави муабет, зашо притисокот од низок, висок ми станува.

Држава ко нашава, за култура треба да има издвоено најминимално што може да се издвои зашто јас ако одам да се прегледам и ми закажат за месец дена зашо немале термин, персонал, пари или болници, ме заболе дали ние сме биле на евросонг или музејот имал нова барокна фасада. Зашто и овие градбиве и споменициве се дел од нашата култура нели. Прво треба да се издвојуваат средства за потребите на народот, а после за нивното уживање. Од сите културни срања што ги изградија 10 болници ќе направеја ко државна.
Се согласувам, речиси и јас истото го зборувам. Но кога веќе кратат, нека скратат во градење на нови мостови или згради за државната администрација, а не од музиката или спортот.

Еве викаш песната на Јана станала хит меѓу евровизиските фанови. Ок. Ама мислиш дека по завршување на фестивалот некој ќе се сеќава на неа, освен некои јутјубери што година за година пратат Евросонг? Ни победниците на фестивалот немаат направено голема кариера по победата, камоли песна што испаднала во полуфинале. Може некогаш Евровизија била натпревар на најквалитетното во музиката од секоја земја, ама многу одамна не е така. Ако беше така Велика Британија ќе ја претставуваа светски познати имиња, а не некои тотални анонимуси. Денес 90% од песните на Евросонг немаат никаков квалитет.
Песната на Јана ќе се слуша, бар летово ќе биде хит. И да, победниците не станале некои посебни ѕвезди низ Европа или низ светот, но оние кои не победиле сега се доста популарни. Верка Сердучка (можеби е и најголемиот и најдобриот евровизиски хит), Хадисе (сега има сто милионски прегледи на Јутуб), Лорин, Лорди и еден куп други, меѓу кои и Марија Шерифовиќ која е една од најпознатите и најквалитетните пејачки на Балканот.



Иначе да бидам искрен, не очекував дека ќе победи Португалија. А песната личи досадно и најобично. Мислам дека за еден месец ќе биде заборавена, иако има доста прегледи на Јутуб:)

 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
А песната личи досадно и најобично. Мислам дека за еден месец ќе биде заборавена, иако има доста прегледи на Јутуб:)
Контрадикторен си. Прегледите на Јутуб значат или не значат нешто? Велиш Јана имала доста прегледи на Јутуб и очекуваш да биде летен хит, од друга страна велиш дека прегледите на португалецов не значат ништо и дека ќе биде брзо заборавена.

Ако не се оди на Евровизија и се направи домашен фестивал со тие пари, повеќе ќе живне домашната музика. И немој со тоа дека се промовира земјата или културата на Евровизија, ни к од култура нема на настанот.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.692
Поени од реакции
88.677
Ја чув песнава на Португалија....


:facepalm:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.419
Поени од реакции
43.227
Aj so novava pro evropska vlada i fifi kako izveduvacka ke vlezeme vo top 10 moze.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.054
Поени од реакции
8.365
Јас бев кај брат ми и имаше гости он и кога го видов тој португалецот сите се чудевме и ни беше смешно но кога ја чув песната стварно е добра и доста нешто ново после неколку години разно разни жанрови. Песната не е баш за сегашнава Евровизија каква што е денес модерна со многу брзи ритмови, премногу техника од секакви осветлувања, јаки позадини на позадинскиот екранот и брзи кадри во преносот.

Иначе дечкото што победи чекал операција на срце т.е да му се пресади ново. Исто прочитав дека на пробите пеела сестра му наместо он затоа што покасно дошол во Киев.
http://vecer.mk/zabavna/pobedi-portugalecot-momcheto-koe-cheka-novo-srce

Искрено мило ми е што победи. Заслужил победа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom