Јана Бурческа на Евровизија 2017

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Русинот беше небитен? :pos: Тој бил на прво место од гласањето на публиката и тоа со скоро 40 поени разлика

Televoting Points
1
23px-Flag_of_Russia.svg.png
Russia 361
2
23px-Flag_of_Ukraine.svg.png
Ukraine 323
3
23px-Flag_of_Poland.svg.png
Poland 222

https://en.wikipedia.org/wiki/Eurovision_Song_Contest_2016#Final_2
Не се труди на празни мозоци да им објаснуваш, они не се битни ;)
 
Неможеш така да гледаш. Ако треба да почнеш да кратиш од нешто, почни од она што е штетно за тебе, а не корисно. Се согласувам дека треба на сите болни и бездомни деца/луѓе во државава да им се помага, но која е логиката да скратиш од спортот или музиката, а да не скратиш од политиката? Меѓу другото, за една држава не се ништо 200.000 евра дадени за музика или спорт во однос на 200.000.000.000 евра дадени за политички глупости.
Сериозен ли си ти? Што е доброто од Евровизија за нас? Ништо.
Значи не ми збори за искуство и глупости бидејќи ние учествуваме на Евровизија којзнае од кога. Тоа е местено и секогаш се турка одредена држава, ние немаме никаква корист од ова разбери. Даваме пари за џабе а не добиваме ништо. Еве конкретно оваа година каква корист има нашата држава и музика? Никаква.
Корист има само Јана и дечко и бидејќи ја напумпал.

Кажи една корисна работа што ја имаме од Евровизијава години наназад. Една.
 
Сериозен ли си ти? Што е доброто од Евровизија за нас? Ништо.
Значи не ми збори за искуство и глупости бидејќи ние учествуваме на Евровизија којзнае од кога. Тоа е местено и секогаш се турка одредена држава, ние немаме никаква корист од ова разбери. Даваме пари за џабе а не добиваме ништо. Еве конкретно оваа година каква корист има нашата држава и музика? Никаква.
Корист има само Јана и дечко и бидејќи ја напумпал.

Кажи една корисна работа што ја имаме од Евровизијава години наназад. Една.
Конкретно за оваа година. Песната на Јана е хит, веќе се врти по радија, една од најслушаните евровизиски песни во Европа за оваа година и што е најзначајно после толку години Македонија повторно има хит. Потоа нашите пејачки и анонимни пејачки веќе снимија кавери за песната што колку толку ја активира Македонската музичка сцена и продукција. И ако на тебе ти изгледа глупо тоа што јавно кажала дека е бремена и што јавно дечко и ја запросил, незначи дека и на мене и уште на еден куп други тоа им е глупо, наспроти баш интересно изгледаше. Минута две центар кон нашата држава сме добиле. Во историјата на Евровизија ќе биде запишано дека првото евровизиско запросување беше од Македонија.

Земји низ светот вложуваат за тоа нивното име по добро да биде спомнатно низ странските медиуми, додека ние изгледа сакаме името и државата Македонија да бидат познати по политички срања од инциденти, по меѓусебна омраза, плукање и по тоа дека треба само да вложуваме во крпење дупки во државата. Уствари ние ни тоа не сакаме, ние изгледа сакаме државава што побрзо да ја продадеме на непријателот и да ја снема.
 
Сунѓерот
45111.jpg
 
200 000 евра :eek:
Најдобро е тие пари да се инвестираат во некој музички фестивал (надвор од скопје се разбира) каде што ќе се помогнат музичарите да промовираат свои песни. Културата во државава го има допрено самото дно, а ние фрламе 200 бона за курташак.
Милион пати поголем успех за културна еманципација на граѓаните ќе имаме ако се организира државно субвенциониран фестивал низ помалите градови кај што ќе ги стимулираме авторите и изведувачите да створат нешто нивно, а не да тезгараат за 500 евра.

Понатаму ако од тие фестивали произлезе суперквалитетна песна таа ќе си го пронајде патот и во светската музичка сцена. Не мораме да се надеваме на интернационален небитен фестивал за промоција.
 
Неможеш така да гледаш. Ако треба да почнеш да кратиш од нешто, почни од она што е штетно за тебе, а не корисно. Се согласувам дека треба на сите болни и бездомни деца/луѓе во државава да им се помага, но која е логиката да скратиш од спортот или музиката, а да не скратиш од политиката? Меѓу другото, за една држава не се ништо 200.000 евра дадени за музика или спорт во однос на 200.000.000.000 евра дадени за политички глупости.

За политички глупости не ми се ни прави муабет, зашо притисокот од низок, висок ми станува.

Држава ко нашава, за култура треба да има издвоено најминимално што може да се издвои зашто јас ако одам да се прегледам и ми закажат за месец дена зашо немале термин, персонал, пари или болници, ме заболе дали ние сме биле на евросонг или музејот имал нова барокна фасада. Зашто и овие градбиве и споменициве се дел од нашата култура нели. Прво треба да се издвојуваат средства за потребите на народот, а после за нивното уживање. Од сите културни срања што ги изградија 10 болници ќе направеја ко државна.
 
Некои мислења избришани каде имаше по некоја навреда. Кулирајте малку, животот е премногу краток за да сфаќате озбилно глупости како Евровизија, па и да се закрввуате поради истата. :coffee:
 
@Zlatikevichius Хрватот да не го чачкаш :pistoldz::sakasuste:
Него не знам само како го собра во финале! :pos:[DOUBLEPOST=1494688301][/DOUBLEPOST]
Ту па ти ама се запна да ја спасиш Евровизијава.
o_O
Никој не глеа и никој не гласа над 25 години. Ни кај нас ни во Европа.
Неточно. Јас немам пропуштено ни една од 1989 до денес. Плус, имам многу пријатели од цела Европа, некои дури и постари од мене, кои се огромни фанови на ESC.
Прв доказ дека Евровизија губи публка беше пред скоро 10 години кога почнаа да учествуат кавказ држави, ова со Австралија е очаен крик за внимание.
Мароко учествуваше на Евросонг уште во 1980, Израел уште од 50-тите. Just saying. ;)[DOUBLEPOST=1494689188][/DOUBLEPOST]
Башка вика се виде какво било гласањето порано (кога било само жири), ние со Романија 12 поени сме си мењале и се било политички. Уште да знаеше дека порано беше уствари само телевоутинг (а НЕ жири) и ќе беше во право, вака самиот си докажа дека порано кога беше само публика секад исто беа резулатите. Ние тогаш секоја година (дури и со Мартин Вучиќ) влегувавме редовно во финале само со поените од комшиите, и секоја година исто ни одеа поените (12 Албанија, 10 Србија) и сеа објаснува дека само од публика пореални биле резултатите. К.. беа пореални резултатите тогаш, не дека сега е перфектно али далеку пореални се него тогаш кога пола поени од старт беа фиксни за комшиите.

Sent from my SM-N910F using Tapatalk
Дечко, или девојко, ај вака да одржиме една лекција по Евросонг: гледам од 1989, и знам кој и како гласаше. Телевотинг за прв пат беше воведен во 1998, годината кога Македонија дебитираше. Но, до 2002, не беше задолжителен, па така некои држави се уште имаа жири. Така, на пример, во 2002, македонското и романското жири се договорија да си разменат 12-ки, и така и бидна. Значи гласањето не зависеше од тоа кој како испеал, туку беше ствар на политички договор уште од пред Евросонг.

Само публика имаше од 2003 до 2008, и во тој период се случуваат победите за кои сите викате дека биле најреални и најзаслужени, како Сертаб Еренер, Руслана, Хелена П., Лорди...[DOUBLEPOST=1494689355][/DOUBLEPOST]Сум немал појма јас, телевотингот уште од 1951 бил, хахахахаха. :tapp:
 
Последно уредено:
Многу ќеф ќе ми се напраи ако тепа Унгарија :)
 
Меѓувреме веројатно следите фб со Попова. Можи е офтопик ама стално ги обвинуваме изведувачите, никако цел тим екипа на Јана, Каљопа и другите. Муабетите ај бе што толку се потресуваш, зарем не е така секоја година, зарем сериозно го есапиш овој фестивал и слични тези, не држи. Некој шета, некој лапка пари, некој прилично користи...и плука.
Дел од народот кој и стиснал лајк на Ина,
https://www.facebook.com/mnogufina/posts/1358248304268487
кој исто и плаќа плата на таа персона и шеткарање за 180.000 евра, ги нарече изместени умови. Дефинитивно одамна нешто таму смрди со евровизииве, си прават туристички тури, си делат пари за кореографи, фризери и штознашто по нивни избор и сега кога ќе се постават вакви прашања од новинар, добивате одговор недостоен ниту за уличар. Уредник на културно уметничка програма. Мизерно, однос со јавност, што беше тоа.
Еве го текстот
http://story.mk/2017/05/12/шефицата-на-делегација-вие-кои-што-сти/
и делот каде граѓаните се окарактеризирани како изместени умови. За вакво нешто, човек од јавен сервис кој цел живот пиел вода од нас, треба под итно да се санкционира

Се работи за скоро 200.000 евра пари од народот. Мртв должи, парите главно се од нас. А тоа се најчесто овие персони длабоко вгнездени во удобните фотељи на јавниот сервис.
 
Нека си бара нова работа ѓоспоѓава. Ако усеруваш на работа постојано, нормалниот свет функционира така што те бркаат од работа и вработуваат нов. Ја би отказ за сите во тимот кои со години си се шеткаат со наши пари, за шминки, фризури и кореографија, а кутра Јана сама на сцена со едвај малце ветар у коса.
 
Наспроти, треба да учествуваме. Самото учество на Евровизија ни носи поголемо искуство, а и поголема активност на нашата музичка продукција и нашите медиуми. Башка светот нека знае за нас, нека не има секаде. А за тоа дека се трошат наши пари за Евровизија најмалку треба да се збори. Пола/третина од тоа изведувачот сам си плаќа, а и пари на што се се изнафрлија (гледано кон политичките случувања), па за Евровизија не смее да биде некаков проблем. Треба ние да вложуваме во музиката, спортот, телевизијата, филмот......., без разлика колку сме успешни во моментот, затоа што тоа еден ден ќе ни се исплати, а ова со политиката не.

Се уште премногу сериозно ја сфаќаш Евровизија. Тоа е само едно шоу, една забава и толку. Да, интересна е идејата и е некогаш начин за промоција на некој изведувач, ама не е никаков настан од национален интерес. Точно дека треба постојано да се вложува во спорт, музика и култура. Ама кич фестивал како Евросонг не ти е кој знае каков културен настан.

Еве викаш песната на Јана станала хит меѓу евровизиските фанови. Ок. Ама мислиш дека по завршување на фестивалот некој ќе се сеќава на неа, освен некои јутјубери што година за година пратат Евросонг? Ни победниците на фестивалот немаат направено голема кариера по победата, камоли песна што испаднала во полуфинале. Може некогаш Евровизија била натпревар на најквалитетното во музиката од секоја земја, ама многу одамна не е така. Ако беше така Велика Британија ќе ја претставуваа светски познати имиња, а не некои тотални анонимуси. Денес 90% од песните на Евросонг немаат никаков квалитет.
 
Jana Burceska - Јана Бурческа

ice_screenshot_20170513-184831_zpsn16o9owm.png


...views, гледаност на видеото за многу кратко време над 2,8 мил е уште една потврда дека на светската поширока јавност - на обичната публика им се допадна нашата преставничка Јана, со што го делам и јас моето мислење дека беше во стил на Бијонсе (мојата омилена замена на Тина Тарнер)


..нашиот вокал Јана, атрактивна, привлечна и секси, како вокал доста добра без некое фалширање или збунување околу матрицата и сценскиот настап на кој рака на срце и недостасуваше придружба од барем двајца набилдани момци или пак некои привлечни девојки кои би се испреплетуваат со денс околу неа...


како и да е девојчето на најдобар начин ја престави Македонија на сцена, а се друго е дополнителен симпатичен приод на една симболика на млада девојка која влегува во брачните води и веќе е во блажена состојба и која се бори со сите преставници на ЕУ, а што е најважно на милионски ТВ плазма екрани блесна името на нашата држава ,, Macedonia ,, и се појави Јана онака таман прекрасна и секси мелем за секое око, со својот вокал и движење кое укажа на модерен перформанс (иако и недостасуваше сценска придружба)...

ice_screenshot_20170513-192345_zpsgcq6mvpv.png
Јана в.с. Бијонсе
images
ice_screenshot_20170513-192417_zpscv5i296e.png
Јана в.с.Бијонсе
d6bfdfb047198b5a3d5c5ba502d605d7.jpg




за да на мое не_изненадување не беше избрана во потесна конкуренција за финалето што укажува уште еднаш како и во музичкиот план ЕУ ни љубомори до даска и не може да си дозволи да во вакви незгодни политички услови и нескротување на македонскиот народ на европската сила која индиректно сака да ни ја свитка кичмата наш преставник оди во финале...

ice_screenshot_20170513-192440_zpsc7orxczq.png
bijonse-polozena.jpg


и само Јана да беше единствен преставник на Евровизија немаше да има победник т.е Јана немаше да победи, но ефектот е постигнат името на нашата држава во милионски ТВ екрани и очи !!! (y)


еве, погледнете уште еднаш... :oeoeoe:.... браво за Јана !!! :ojeaa:
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom