Франција прв круг излезна анкета:
1. Макрон 23,7 % (Бивш "центристички социјалист", сегашен центрист)
2. Л' Пен 21,7 % (Крајна десничарка)
3. Меланшон 19.5 % (Краен левичар)
3. Фијон 19.5 % (умерен десничар, т.е. "центристички десничар)
Доста интересни резултати, но ова е секако лош сигнал за Л' Пен. Aj што во вториот круг ќе нема никаква шанса (единствено би имала мала шанса доколку би била заедно со Фијон), туку изгледа не успеа да биде прва ни во првиот круг. Од друга страна импресивно е како крајната левица (или како што некои би рекле автохтоната левица) завзема се поголем замав во Европа. Прво во Италија, па во Шпанија, па во Португалија, па во Холандија и сега еве во Франција.