Општа тема за ЕУ, вести, анализи, промени...

D

DLM

Гостин
проф. Adriano Segatori тврди: Поради злоставување во 15год, Mac(а)ron е опасен психопат
Италијанскиот професор Адријано, угледен психијатар и психотерапевт член на многу научни одели како оделот за правна психологија и форензичка психијатрија,
тврди дека Мак(а)рон е опасен бидејќи како и сите психопати има особено високо мислење за себе...
Тој Мак(а)ронот бил злоставуван во својата 15 година (некој бапутанер за негови години играло игри со него), а според видувањето на професорот тоа злоставување кај него предизвикало некои анимални карактеристики да се засилат... сепак професорот...

Главна карактерна црта(доблест) на секој психопат е отсуство на свест, совест и емпатија ... итн. итн.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364

Баш ме интересира шо би рекол докторов дечково да го прегледа :icon_lol:
 
D

DLM

Гостин
Баш ме интересира шо би рекол докторов дечково да го прегледа :icon_lol:

Оооо ја то не знам, ќе мора да го прашаш професорот.
Инаку се додека (Големиот Владател на Вселената и Целиот Знаен Свет Владимир Путин :jeeee:) типот им :boksix: воспитни на оваа белосветската багра мене ми одговара, а и водењето на надворешната политика му е во склад со меѓународните норми. Види ја само Сирија која беше цел не цели хорди на црниот ислам под диригентската палка на ЕУСА и помогна да не стане плен и демонкратизирана. Тоа го прави само човек кој знае знаење!

А од каде потекна оваа еден Макарон да го споредуваш со Императорот Путин? :toe:
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Бидејќи сеуште Британија е во ЕУ, ќе постирам тука.

Денеска во Велика Британија се одржуваат предвремени парламентарни избори. Тереза Меј планираше наместо тенкото мнозинство, да си го зголеми дури и до 400 пратеника, додека анкетите (до пред 2 месеца), предвидуваа крах на Лабуристите под 200.

Ама излезната анкета пред половина час го вели следното

Conservatives 314
Labour 266
SNP 34
Lib DEM 14
Plaid Cymru 3
Greens: 1
+ околу 10тина незавизни

Ако е ова точно, па било и да бидат слични резултатите за Конзервативците како пред 2 години (со тенко мнозинство), ова е тогаш ФИЈАСКО ЗА ТЕРЕЗА МЕЈ. Апа ако нема мнозинство, е тогаш е готова. Или ќе има нови избори, или Корбин ќе направи коалиција со 3 партии како Заев, или влада на национално единство. Во овој случај ќе се изнагледаме циркуси.

Сите медиуми се изненадени од неочекувано добриот резултат за Корбин. Според нив и да не успее да формира влада, тогаш речиси сигурно останува лидер на опозицијата што ќе му даде и те каков кредит за изборите во 2022.

А да не заборавиме каква негативна и прљава кампања се водеше против Корбин. Погледнете ги денешните насловници на десничарските The Sun и Daily Telegraph. Пазите Курир, Нимфомакс, Република стил:vozbud:
https://i.guim.co.uk/img/media/03d6e9f7100c1fe9d81f1cad9af63aa4bbacd557/0_7_2989_1793/master/2989.jpg?w=1920&q=55&auto=format&usm=12&fit=max&s=d25c8133e17eefe614239583a2832cb3
https://i.guim.co.uk/img/media/d4786f3745c31380308b39f854cf2950d5634dbb/0_0_3448_4437/master/3448.jpg?w=1920&q=55&auto=format&usm=12&fit=max&s=8cfb9f9c9447151db908edec8b83c6a7

И не му замерувајте на D. Mirror покрај десетина десничарски весници и таблоиди, не е лошо да има и еден од другата страна. :D
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.764
Очигледно беше уште пред две недели дека ќе има hung parliament ама квази медиумиве пробуваа да влијаат на резултатите преку филувани анкети. Како и да е. Британија моментално се наоѓа во катастрофална положба, дебакл ќе доживеат на преговорите. Позитивното е тоа што Корбин :love: ќе има и те каков легитимитет да ја исчисти партијата од центристите и неолибералите.

Пс. Медиумите во британија се скоро мизерни како нашите. Јас досега не сум сретнал волку biased кампања према една партија (ториевците)
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Неофицијално Ториевците успеале да го задржат мнозинството, но има многу незадоволство внатре во партијата, дури и барања за оставка на Меј. Така да ова некако ми изгледа како Борис Џонсон да се протнува блиску до тронот. :LOL:
 
Од каде ова? Досега од две места има резултати, од кои њукасл беше ризичен ама успеаа лабористите да го задржат.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Од каде ова? Досега од две места има резултати, од кои њукасл беше ризичен ама успеаа лабористите да го задржат.
Гледам по лајв стримовите, бидејќи резултатите во Сандерленд и Њукасл не биле до толку убедливи за Лабуристите како што се надевале, слично како и пред 2 години и на крај Конзервативците извадија тесно мнозинство. Ова се само претпоставки на аналитичари, ништо сигурно. Сабајлево ќе се знаат конечните резултати.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.764
Гледам по лајв стримовите, бидејќи резултатите во Сандерленд и Њукасл не биле до толку убедливи за Лабуристите како што се надевале, слично како и пред 2 години и на крај Конзервативците извадија тесно мнозинство. Ова се само претпоставки на аналитичари, ништо сигурно. Сабајлево ќе се знаат конечните резултати.
Дај добар стрим. Имам еден од ббц ама кочи цело време.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Дај добар стрим. Имам еден од ббц ама кочи цело време.
BBC: http://www.bbc.com/news/live/election-2017-40171454
Channel 4: http://www.stream2watch.cc/live-television/united-kingdom/channel-4-live-stream
ITV: https://www.youtube.com/watch?v=D4jNO_UCDHc
Sky News: https://www.youtube.com/watch?v=y60wDzZt8yg

Пренесуваат и на европскиот CNN што го имаме по кабловските. Сега само што збореше сестрата на Борис Џонсон која е Либерал Демократ, целосен контраст од брат и'. :D[DOUBLEPOST=1496972546][/DOUBLEPOST]Најнова прогноза
Кон 322
Лаб 261

Изгледа Ториевците некако ќе се извлечат со ептен тенко мнозинство, ама ова е почетокот на крајот за Ториевците. Тешко дека Меј останува премиерка, некако ми мириса дека ќе ја доживее судбината на Блер.[DOUBLEPOST=1496973134][/DOUBLEPOST]Најнова прогноза
Кон 322
Лаб 261

Изгледа Ториевците некако ќе се извлечат со ептен тенко мнозинство, ама ова е почетокот на крајот за Ториевците. Тешко дека Меј останува премиерка, некако ми мириса дека ќе ја доживее судбината на Блер.[DOUBLEPOST=1496975304][/DOUBLEPOST]ЕDIT:
Сега пак промена 318-267

Се извинувам за пост врз пост, можат модераторите слободно да ги спојат мислењата.[DOUBLEPOST=1496977427][/DOUBLEPOST]EDIT:
Ирските националисти имаат најмалку 10 пратеници и они сакаат да преговараат за влада со Ториевците. Додека пак ирските левичари се откажуваат од пратеничките места, овде изгледа уште не застареле старите проблеми.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.219
Поени од реакции
35.824
Утре најверојатно Макрон ќе ги смачка и трационалната десница и левица и се друго на политичката сцена во Франција.

Ќе освои повеќе и од дво-третинско мнозинство. Ќе има целосна промена на политичкиот систем во Франција после овие избори.
 
B

Bafra

Ocekuvav francuzite pomalku podrska da mu dadat, bas za da nema apsolutna vlast, znaeme taa lesno se zloupotrebuva a posledicite generacii ke gi trpat. No ete bidna.
Da ja vidime Merkelka pa da vidime koi reformi EU gi prezela mesecive I koi planira da gi prezeme.
Ekonomijata e pokazatelot, drugo se e farsa I lesno mozes da se prvdas :D
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570

Најголемите глупости во поновата историја на човештвото дојдоа од Франција:

- Централната власт со тајната полиција како главно оружје за владеење ги донесоа Луј 13-ти и неговиот премиер и главен разузнавач Арман де Ришеље - за волја на вистината, ваквите тоталитарни владејачки карактеристики ги копираа од Британците и ги усовршија;

- Современата владејачка мегаломанија ја донесе Луј 14-ти со проширувањето на кралската палата во Версај, претставувајќи се себеси како син на Аполо - грчкиот бог на Сонцето;

- Современиот политички терор исто така потпомогнат од разузнавачките служби, го донесоа француската револуција и Максимилијан Робеспјер, пред револуцијата беше измислена гилотињата по налог на Луј 16-ти, чиј што живот иронично заврши под сечилото на гилотињата, по што истиот крај на својот живот го дочека и неговата сопруга Марија Антоанета;

- Современата опседнатост со доминација во континентална Европа ја донесе Наполеон Бонапарта со неговите војни и освојувања;

- Првото социјалистичко општествено уредување се појави во Париз со Париската Комуна на чело со париските комунарди, која потраа нешто повеќе од 2 месеца пред да биде задушена - од тука дојдоа и изразите комунизам и комуњари, односно комунисти;

- Светските саеми на архитектура со кои беа изложувани најнови и најмодерни изградени објекти, кои кратко време после одржувањето на саемите беа срушени за повторно да се градат нови објекти кои ќе бидат изложени на нови светски саеми на архитектурата во иднина, започнаа во Париз, Ајфеловата кула е еден од ретките објекти кои преживеале саем на архитектура и сеуште постојат до денешен ден;

- Европската Унија е заеднички производ на политиката за помирување помеѓу Франција и Германија после Втората Светска Војна, и иако започна со многу хумани и скромни корени како Европска Заедница за слободна трговија со јаглен и челик, низ текот на децениите од втората половина на 20-от век, па наваму, ЕУ прерасна во дувло на корупција, кое се стреми кон централизација на власта и одземање на националниот суверенитет на државите членки на овој сојуз, со Франција и Германија како држави предводнички на ваквите анти-демократски политики;

како и бројни други глупости.

Кога ќе се погледне како сите овие идиотизми беа искористени од страна на тоталитарните држави во 20-от век - централизацијата на власта, тајната полиција, политичкиот терор, територијалниот експанзионирам, вечната потрага по непријатели и дежурни виновници кои треба да бидат истребени во Советскиот Сојуз, Нацистичка Германија и други тоталитарни општества, човек треба малку посериозно да обрне внимание на глупостите кои ги прават Французите, бидејќи случајно или не, нивните идеи се шират како заразна болест.

Сега со оваа машкава макарона за претседател, неспособен да си најде невеста која е на негова возраст, туку брка баби, колку и да е вреден за смеење, не треба да се заборави дека и Јосиф Висарионович Сталин, Адолф Хитлер и бројни други историски злосторници беа смешни кога дојдоа на власт, но кога умреа ретко кој се смееше, бидејќи дотогаш човештвото веќе плати скап крвав цех бидејќи не обрна внимание на историските промени кога се случуваа.

И ние во Македонија имавме еден таканаречен пастир или патор, на кого повеќето му се смееја кога дојде на власт во 2006 година поради неговата говорна маана, начинот на кој се движи, глупостите кои ги тропаше во јавност, но 11 години подоцна, сеуште го плаќаме и допрва ќе го исплатиме во целост цехот за неговата владејачка мегаломанија, неговата илузија за македонски Версај и неговиот саем на архитектурата наречен Скопје 2014.

Треба да се внимава со глупостите кои доаѓаат од Франција, бидејќи можат да бидат заразни.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.219
Поени од реакции
35.824
Ocekuvav francuzite pomalku podrska da mu dadat, bas za da nema apsolutna vlast, znaeme taa lesno se zloupotrebuva a posledicite generacii ke gi trpat. No ete bidna.
Da ja vidime Merkelka pa da vidime koi reformi EU gi prezela mesecive I koi planira da gi prezeme.
Ekonomijata e pokazatelot, drugo se e farsa I lesno mozes da se prvdas :D
Па не е баш апсолутна власт како што се прогнозираше, бидејќи не успеа да добие дво-третинско мнозинство а многу анкети прогнозираа дека ќе добие повеќе од 400 пратеници.
Дополнително Макрон треба да биде претпазлив поради нискиот излез на изборите (42%) што значи има многу луѓе кои обично гласаат ама сега апстинираа.

Сеуште е рано и допрва ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата со него и неговата партија. Првиот проблем што го гледам е тоа што целата партија е градена околу него и буквално Макрон=En Marche. Дури и кратенката од името на партијата En Marche е ЕМ, неговите иницијали. :)
Човекот дури лично го има бирано секој кандидат за пратеник, што не е случај со другите партии кои се потпираат на регионалните и локалните структури.

Поентата е дека на француските граѓани им е смачено од традиционалните политички партии и сакаат драстична промена. Каква ќе биде таа промена, првите резултати би требало да ги видиме за година дена.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom