Јана Бурческа на Евровизија 2017

Статус
Затворена за нови мислења.

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.154
Поени од реакции
4.038
Тек сеа видов дека ја промовирале нашава песна. Искрено имав 0 од очекувања (особено откако ја одбраа анаонимкава од нигде) али сеа кога ја слушнав мора да кажам дека е многу подобра од што очекував, бар ако ништо друго конечно помодерна песна да направат што по „странски“ звучи наместо истата македонска тиња секоја година. Е сеа, пак не е кој знае што и малце монотона е, некако и фали малце живост или бар некој дел од песната да кулминира или нешто од тој стил, али пак е многу боље него што очекував. Башка што како што кажаа сите, годинава сите се мртви, така да со оглед на конкуренцијата пак сме добри. Е сеа едина енигма ми е како ова ќе звучи во живо, ниту знам оваа колку знае да пее, ниту можам баш да замислам како би звучело во живо оти малце специфична е песнава.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
^ во Македонија #1 trending
И тоа е нешто со оглед на тоа што нашите песни без разлика на кој јазик биле испеани не доживуваат некоја голема популарност.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
17.015
Поени од реакции
51.228
бомба е и песнава а и спотот е џам , права неправда ќе биде кога ќе ја пласираат таму на средина, а победат некои скандинавски дегенерици или некои курви од источен блок
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.467
Поени од реакции
31.004
бомба е и песнава а и спотот е џам , права неправда ќе биде кога ќе ја пласираат таму на средина, а победат некои скандинавски дегенерици или некои курви од источен блок
Spoiler alert...[DOUBLEPOST=1489738759][/DOUBLEPOST]Инаку македонскава, српскава, бугарската се со ист калап праени. Ма да што македонскава малце позабавна е.
Flume за сиромашни држави :D

Пред секоја евровизија, продуценти шиткаат песнички за ефтини пари(дискутабилно), МТВ ги купува, и доделува пеач така што ќе замижи и ќе избере име на некоја листа.
Место да ги финансира наши композитори и текстописци, ќе им даваме пари на странци.
После оти македонската музика умрела. Е оти де :)

Каков контраст има од фестивали на 90тите па сега. Очајно и разочарувачки.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.251
Поени од реакции
37.937
Пред секоја евровизија, продуценти шиткаат песнички за ефтини пари(дискутабилно), МТВ ги купува, и доделува пеач така што ќе замижи и ќе избере име на некоја листа.
Место да ги финансира наши композитори и текстописци, ќе им даваме пари на странци.
После оти македонската музика умрела. Е оти де :)
Јас не се согласувам со ова од погоре, и се радувам што им даваме пари на странци (иако ова е само 2 пат во нашата евровизиска историја да имаме песна напишана од странец) . Нели има проект за субвенционирање на македонската музика, знаеш ли кои се субвенционираните песни? Еве дамо еден пример:
Па така, не, не треба да им даваме пари на нашите автори.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Јас не се согласувам со ова од погоре, и се радувам што им даваме пари на странци (иако ова е само 2 пат во нашата евровизиска историја да имаме песна напишана од странец) . Нели има проект за субвенционирање на македонската музика, знаеш ли кои се субвенционираните песни? Еве дамо еден пример:
Па така, не, не треба да им даваме пари на нашите автори.
Тоа се примери каде парите се делени според партиски определби, па затоа и песните и спотовите се отпад. А другите наши композитори и пејачи ако немаат работа и издаваат нешто свое на секои десет години, затоа што никој не ги финансира, нормално дека нема да бидат во тек со светската музичка индустрија и нема да создаваат квалитет.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.592
Абе се виде колку успех направивме со наши автори... Се изнаредија сите, дури и Слаткар стигна да прави песна за Евросонг. :pos: Добро е што МТВ реши малце да го смени пристапот, да пробаме со нешто ново, нешто што успева на ваков фестивал.

Целта на Евросонг како фестивал одамна не е промоција на културата на секоја од државите. Веќе ретко кој пее на свој јазик. Се бараат способни композитори, не е битно од каде се. Си постојат одредени трендови, и кој се дистанцира од нив и тера по свое, се знае како поминува.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.203
Поени од реакции
10.232
Србија победи 2007ма дека некој им ја разбра песната? Или пак беше тренд музиката? Немој да тралалате, се знае како се победува на Евровизија, бар тоа е јасно..

И уште не ми е јасно зошто МРТ праќа некој тралала пејачи и песници на глупосва, кога јавно народот им стави до знае во анкетата пред некоја година, дека не сакаат да одиме на Евровизија.
 

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.574
Поени од реакции
4.570
Доста добра песна, одличен спот. Конечно нешто ново, модерно, тренд.
Моја прогноза Топ 5.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
najdobra pesna imaa rusite kako i sekoja godina. Isto i za Ermenija ne se znae dali ke ucestvuva, i nivnata peacka go posetila Krim.
Сериозен? :D:D:D:D

Обете страни не ги одобрувам, првите затоа што веќе сигурно ги знаеле можните настани кои би следувале околу Крим, па во 5 до 12 одлучија да пратат хендикипирана пејачка за да не бидат исвиркани на Евровизија или некако можеби да го заташкат сето тоа овие другиве кои пак премногу мешаат политика во настанов. Јас разбирам дека како домаќини, владеат законите на земјата домаќин, но некако премногу исфорсирано е сето ова. Како што реков, и првите и другите не се “китка за мирисање“.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom