Јана Бурческа на Евровизија 2017

Статус
Затворена за нови мислења.

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Што се однесува до спотот и песната можам да кажам само едно - Наше, а светски. За тоа дали ќе влезе во финале и ако влезе каков пласман ќе има, незнам, од проста причина што Евровизија стана исполитизиран натпревар за поддршка на педерите и лезбејќите, но знам дека песнава ќе биде хит и истата ќе се врти на Балканика. Единствено нешто што ме ,,заплашува" е тоа што гласот и е реално намонтиран на аудио снимкава, а Јана има пискав глас и можеби во живо поинаку ќе звучи песнава.

Но како и да е, Браво и напред Јана и напред Македонија:oeoeoe:

 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.779
Поени од реакции
9.583
Од искуство од минатото, немав преголеми очекувања до денес. Откако ја слушнав песнава, ако има објективност низ Европа верувам дека песнава би поминала 1/2 финале и дури би имала и висок пласман, секако клучниот збор е објективност, но и послаби конкурентски песни.

Засега и повеќе од задоволен од песнава. Браво!
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.879
Поени од реакции
21.807
Песнава сеедно како ќе помине на евровизија, сигурно ќе биде хитче кое ќе се врти по дискотеки и по радио-станици низ цела европа. Мене многу ме потсеќа на Кајли Миног :cool:, некој таков слоу денс мувмент го има песничево, има дејствие кое не е 200% енергично ама тера да си денсаш на моменти.
Некој во мтв бил на тешки дроги кога правел изборот, дефинитивно е освежување.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Oчекувам одличен пласман на Евровизија оваа година како поклон за соборување на режимот, пошто нели Евровизија е политика. Значи ништо чудно пласман во топ 5...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Спотот на Кајмаковски исто беше добар, да не заборавиме. Лани со Калиопа и Вмровштината само ептен ја оплескаа, па затоа мислиме дека секоја година ни се ужас спотовите.
+1
Не сме лоши за спотовиве, вака ми ткенвуа и Влатче Морал имаше солиден спот колку што памтам, барем ете за тоа се обидуваат.

Вие сте забораиле какви се гомна од песни сме праќале на евровизија.

Оваа за тие песни не е како Мадона, е Мадона.
:D

Па да, се сложувам дека песнава е убедливо подобра од Кајмаковски или Калиопи, не е лоша воопшто песнава.
Ама за мој вкус уште не сме вратени на нивото кога ги праќавме Тоше и компанија (ако не се лажам тогаш ХХЛ,Тоше, Елена и Мартин Вучиќ во серија влегоа со солидни резултати.....и од кога почна песната на Ѓоко Танески наваму некако во лоша серија влеговме со песниве.....да се надеваме дека сега ќе почнеме добра серија со Јана)
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.748
Одлична е песната. Светска. Одамна се бараше вакво нешто.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.779
Поени од реакции
9.583
А кој е композиторот на песнава?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.058
Поени од реакции
8.370
Еве ја српската.
[DOUBLEPOST=1489253453][/DOUBLEPOST]
А кој е композиторот на песнава?
Авторско дело на Joacim Perrson, Alex Omar, Florence A. и Bobi-Leon Milanov, сите дел од SYMPHONIX INTERNATIONAL, реномиран музички бренд кој низ годините има остварено значајни евровизиски достигнувања, како и соработки со светски познати артисти, меѓу кои Kelly Clarkson, John Legend, Kylie Minogue, Lady Gaga, Mary J. Blige, Miley Cyrus, Selena Gomez, Armin Van Buren, Conchita Wurst, Alexandra Stan и Jamiroquai, а дел од авторите на SYMPHONIX INTERNATIONAL беа потписници и на „Лисја Есенски“ на Даниел Кајмакоски.

Видео спотот за „Dance Alone“ е работен според оригинална идеја и режија на младиот и талентиран режисер од Русија, Сергеј Железко, којшто работи за „Бојана Филм“ во Софија, кадешто и беше снимено видеото.

Веќе се работи и на осмислување на кореографијата и сценскиот настап за Јана Бурческа, за што е задолжена Амбра Сучи, танчер, кореограф и уметнички директор од Шведска. Во нејзиното портфолио Амбра има запишано повеќе успешни сценски настапи на Евровизија, меѓу кои оној на Поли Генова (2016), како и победничкиот настап на Лорин за „Еурофија“ (2012).

Текстов го извадив од makfax бидејќи ме мрзеше да пишувам сега
 
Последно уредено:
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.969
Поени од реакции
41.304
Не сум компетентен да зборам тука за музика, ама вака од прво слушање звучи добро и интересно. И да не влезе во финале, поради Х(политички) причини, нема да ми биде криво бидејќи конечно пратија нешто асално. За муабетите од типот тате плаќал мама плаќала, треба конечно да се свестиме дека со сув газ риба не се фаќа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.254
Поени од реакции
37.942
Некој во мтв бил на тешки дроги кога правел изборот, дефинитивно е освежување.
Јас колку што знам, Јана сама го правела изборот откако беше распишан меѓународен конкурс за нејзината песна.
 
Член од
6 август 2011
Мислења
2.067
Поени од реакции
2.344
Значи освен пеjaчката нема ништо македонско во реализациава на целиот проект.
Музика и текст - странци.
Видео ,режија и оператор-странци.
Добро се случило како финален производ.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.774
Поени од реакции
8.037
Супер е за промена, искрено не очекував вакво нешто. Доста и гледаност низ YouTube.

А ете и во предвидувања не имат, као демек 2-ро место. Прво оди кај Италија.


Годинава би требало да имаме дефинитивно најдобар пласман. Би сакал, за да им се докажи на овие од МТВ :свиркам:
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Прва песна од кога пратам за која би рекол дека апла ми се свиѓа. Оваа година може и ќе гледам за прв пат после 10 години. Има синт поп бит песнава, потсеќа на 80 ти, заедно со ефектите, затоа ми се свиѓа. Надополнето со Лана Дел Реј, гласот полн со носталгија, е сеа во живо како ќе звучи може да значи и сосема друга песна да слушнеме.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.879
Поени од реакции
21.807
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom