Не го гледав целиот натпревар, го пропуштив второ полувреме. И баш ми е криво. Историја, а што друго? Не успеав ниту да ја разлистам темава, можам да замислам колку било забавно тука. Од телефон само отворив рандом страна и таму, во постот на
@Lu5 си го начекав и моето име.
Епа секоја чест друже. Ја доби наградата ,,најлоботимирана личност'' на годината. Имаше повеќе кандидати, ама ти дефинитивно се надмина себеси.
Во толку краток пост, да напишеш толку инфантилно-ретардирани работи, треба да си посебен вид.
Вечерва во Барселона - екстаза. Испишана историја и тоа на каков начин. Омилениот тим го игра можеби најепскиот натпревар во клупската историја и историјата на европските натпреварувања. За три минути Барселона постигнува три голови против ПСЖ, успева да го надокнади надостатокот од 4 гола. И ти...
Не ми се верува уште.

Луѓето главата ја имаат изгубено, цел фудбалски и нефудбалски свет е под импресии од виденото, извесна тетка Драгица од администрација, во некоја маалска кафеана го има фрлено тањирот со похован кашкавал и пирошка во воздух, после голот на Роберто, а ти ги прозиваш сите оние кои на темава искоментирале нешто во негативен контекст за Барселона. И внимавај, сосема оправдано искоментирале спорна одлука (пеналот на Суарез и те како е спорен но победата на Барселона е толку силна и остава таков печат, што греота е да зборуваме за судиски одлуки). Настрана тоа, продолжуваш со прозивки и кон некои личности и настани кои апсолутно немаат врска со денешниве случувања. Значи, самата помисла на тоа е крајно ретардирана. Во тој момент. Крајно ретардирана. А уште поретардирано е истото да го напишеш.
Ајде добро. Наместо да е доблесен, да признае дека пеналот од Суарез е непостоечки и да каже дека се случуваат такви работи, имаше многу набој во мечот, висок интензитет, судијата е под притисок, 100 000 луѓе во неговата глава, играчи, стручен штаб. И тој е човек, на крајот од краиштата, Барселона постигна пет регуларни голови, направи нешто неверојатно, ирелевантно е до некаде да зборуваме за арбитри и за евентуалната судиска помош која ја добила Барселона. Легитимен став, би бил.
Ама ај што е шуто, па и боде. И не знае за доста, не може да престане. Доаѓа стандарниот муабет на фановите и омилениот нивни збор ,,комплекси''. Ние, фановите на Челзи, не сме можеле да го преболиме полуфиналното испаѓање и голот на Иниеста од 2009. Добро. Е сега, оттогаш до денес, изминати се 8 години. Цели 8 години. Ваквиот муабет со кошмари, комплекси, фрустрации, од основец/средношколец, можам да го разберам. Сите сме поминале низ тој процес, повеќе или помалку. Осум години подоцна, некој да се расфрла со овој муабет, истите две дебилни фрази, а да сака да е сериозен и да не квичи кога некој ќе каже дека фан базата на Барселона е составена од дибеци, е тогаш е проблем. За него, ние имаме опции да не го читаме.
И не запира, никако. Продолжува да е ретардиран и да се гордее со тоа што Овребо го направи тогаш, да се гордее и повикува на најконтроверзниот и најнеправедниот натпревар што Лигата на Шампионите некогаш го видела. Внимавајте, тој се гордее.
Зборот ретардиран, не е случајно напати повторуван. Не се должи тоа на дефицитарноста на зборовите во македонскиов јазик, туку едноставно не постои друг термин кој би се искористил и совршено би го опишал ликот и неговите излагања вечерва.
Околу натпреварот. Барселона е единствен тим, покрај Тотенхем што всушност го мразам. Не дека немам симпатии, или не го сакам. Го мразам, едноставно. Арно ама, не знам зошто, кога чув дека победиле 6-1 и се пласирале понатаму, се израдував. Без претерување, многу. Фудбалското преовлада најверојатно. Заостануваа 4 (четири) гола. Да бркаш толкава разлика, против Леганес, Лас Палмас или против било кој второлигаш е ужасно тешка работа, а не против тим кој е дел од европскиот крем (или после вечерашново фијаско, се претвора дека е, неважно) и да успееш, не само да ја анулираш разликата, туку целосно да ја надминеш. Секоја чест, наклон до земја. Што се однесува до мене, нека им ја дадат уште сега титулава. Навистина. Победата е уште повеличествена, ако се земе во предвид уште еден сегмент. Психолошкиот. Од самиот почеток си сјебан во глава, кога знаеш дека мора да постигнеш 5 голови за да успееш во намерата. Стартуваш добро, постигнуваш гол, имаш солидно водство на полувреме од два голови кое ветува. Постигнуваш уште еден гол, на дофат ти е четвртфиналето и...Кавани, 3-1.
Гол кој те убива во поим и ти ги доведува шансите за успех до минимум. Арно ама, ти успеваш да го пребродиш тоа и за 5 минути, ЕЈ, 5 минути, даваш три голови, оноколку колку ти се потребни за ја постигнување на целта. Епа, да ми извините, ама



.
Честитки до фановите на Барселона, барем до оние преживеаните, интересна и возбудлива станува сезонава. До пред еден месец навидум беше се изгубено за нив, освен купот, а сега се враќаат во игра за двата најважни трофеи. После ваква инјекција, нема воопшто да ме изненади да ги освојат и двата.