Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Скроз обратно е сценариото на господинот што го спомнаа погоре. :popce:

Тарми Риќми кур го боли, он е ветеран и легенда минхенског Бајерна! :cool:
 
Д....внукава пред малку , јас сум се заковал пред комјутер
не ми се станува оти после не можеш да ја скорнеш 3 часа, а таа
таа покрај мобил...држи и нешто поголемо такво колку тетратка и вели,
-Дедо имаш ли ти фипи во станот.
- Се смилувам јас станувам ја отварам табуретката полна со кукли и и ја давам ПИПИ - долгиот чорап,така ли ја вика онаа со прцли.
- Не бре дедо кукла не ти барам,имаш ли фипи,дај кој тие пасфорт...
????????????????????? толку ли не се разбираме бре?
 
Д....внукава пред малку , јас сум се заковал пред комјутер
не ми се станува оти после не можеш да ја скорнеш 3 часа, а таа
таа покрај мобил...држи и нешто поголемо такво колку тетратка и вели,
-Дедо имаш ли ти фипи во станот.
- Се смилувам јас станувам ја отварам табуретката полна со кукли и и ја давам ПИПИ - долгиот чорап,така ли ја вика онаа со прцли.
- Не бре дедо кукла не ти барам,имаш ли фипи,дај кој тие пасфорт...
????????????????????? толку ли не се разбираме бре?

И ја имаш раскажано приказната за дињата на внука ти?
 
Драга Кајгана...за новата 2017 само посакувам сите да се живи здрави ..за другото господ ни дарил две раце,две нозе и мозок да размислуваме..успоните и падовите се како облаците,како што идат така и одминуваат ама изгубениот живот никој нема да го врати..во 2015 лично го доживеав можеби врвот на радоста каде мајче расплачив во кладилницата,едноставно за мој околности во паричникот носев нон стоп голема сума на пари и можев се и сешто да си дозволам..но тој период како сеуште да го чуствувам дека ме расипа како личност и размислувам многу поинаку од тогаш односоно дека парите не се се во животот кога блиските оние што го делите лебот и радоста/тагата не се со тебе или кога нема здравје.
 
Билбордиве за Пелистерка уопште не ме тераат да отидам и да купам Пелистерка...повеќе ме тераат да земам да и го гуглам порното на Северина....
 
2016...Не знам дали е најдобра година до сега, али дефинитивно е годината со најмногу промени во мојот живот .Оваа година сфатив дека секој си има свој пат по кој треба да оди во животот.Годинава прв пат се вработив и многу ми е мило што си докажав сам на себе колку можам и колку вредам.Запознав многу нови луѓе на работа и триста различни карактери, и од се до сеа само можам да кажам дека македонците во глобала се најискомплексираниот народ на балканов.Многу ми е мило што запознав еден човек на кој можам да се угледам.Годинава научив дека има рани кои ќе ти останат цел живот.Понекогаш ќе ти даваат сила да стиснеш заби да издржиш и да го направиш невозможното, а понекогаш во ноќните часови пред да заспиеш ќе те доведат до стадиум да ја гризеш перницата за да не слушаат другите како вриштиш.На тема нова година што да ти кажам...да речеме дека ја нова година ќе славам на 23ти март.А да ќе заборавев за малце, ова се беше овозможено благодарение на мајка ми и мојот инает.Убаво да си поминете сите за нова година и само убавини во наредната.
 
Последно уредено:
Ај да пишам еден рекапитулар за 2016.
Јануари
Први десет дена со многу пиење и будалаштини, и после едно сабајле (чинам, 11.01.16, се осетив гадно и гомнарски (настрана мамурлакот) и решив да престанам или барем да намалам. Имаше и по нешто работа, не многу.
Февруари
Почнав полека да се фокусирам на полагање на правосудниот, па започнав со прибирање материјали, правење на сопствени пречистени текстови, а каква е номотехниката на нашиот законодавец, особено последните 10 години, додадено на тоа и многубројните хаотични измени и дополнувања, хаос. Почнав и да вежбам, најпрвин ситни повежбувања, за кон крајот на месецот да почнам да забегувам.
Март
Работењето на законите се интензивираше, вежбањето исто така, се обидов да ги откажам цигарите, комплетно безуспешно, издржав десет дена.
Април
Интензивни тренинзи, не учев баш, 20 дена од месецот ми пројдоа во очекување на пари од една работа која ја сработев.
Мај
Ме акна депресија, и тоа поприлична, особено првите 7/8 дена. Најверојатно беше од страв од испитите. Неколку луѓе успеаа да ме убедат да ги пријавам сите 5 испита теорија во иста сесија. Намален интензитет на вежбање. А да, се начукав како за на крај свет, на 9ти мај чинам беше, така ја излечив депресијата. Почнав со сериозна подготовка за испитите.
Јуни
Комплетно престанав со вежбање, се фокусирав на испитите, 3/4 часа спиење за цел месец.
Јули
Откако ги положив испитите од теорија, решив да си дадам одмор од некои 20ина дена. Дури ни вести не читав :) После 20, почнав сериозно да ги спремам случаите од практичниот дел. Читање.
Август
Читање.
Септември
Читање.
Октомври
Многу повеќе читање.
Ноември
Месецот на одлуки, многу читање до испитите, за на 14 и 16 да се заврши се со позитивен исход. Кратка радост, од тогаш наваму депресија поради немањето на обврска :(
Декември
Сеуште немам обврски, пуштам ЦВ ваму - таму, па да видеме.

За новата 2017, да ме служи здравје, да си најдам некоја сериозна, стабилна и солидно платена работа, да ја усовршам вештината на возење (треба да поработам малку на психичките бариери во мојата тиква), планирам да почнам со вежбање, но дефинитивно да помине зимата ќе почнам да трчам.
И напредок на љубовен план бе, на што личи ова.
 
Чудна 2016та за мене.
Имаше од се по нешто во неа. Една убава летна вечер што цел живот ќе ја памтам. Тогаш бев најгорда на себе. Вредеше секој вложен труд, откажувања, непроспиени ноќи за таа вечер.
Кон кројот на летото го имав првото работно искуство, трајало је кратко али било је слатко. :pipi:Многу научив од тие денови поминати таму, секакви луѓе шетаат по оваа земја и не со сите можеш да се разбереш. :tapp:
Многу моменти вредни за сеќавање.. Собирот на друштвото на татко ми после 15 и кусур години.. другарство кое денес се поретко можеш да сретнеш
Многу нови пријателства.Некои луѓе ги оставив во минатото, да сакале ќе биле тука. :( Видов роднини со кои 100 години се немаме видено. Некако изминативе години ми недостасуваше онаа магија кога фамилијарно ќе се собереме,ќе си помуабетиме кој како мал бил најпалав, најшмизла, најбељаџија... иако сите сме веќе возрасни некои и со фамилии. Кој друг ќе ги собере ако не јас. :P
Неколку настани кои ме подзамислија за тоа што вреди а што не во животот. Оваа година најмногу научив за себе, од грешките, од солзите во минатото, од искуството. Се променив не сум повеќе онаа старата Џоли која верува на секого и ги прави истите грешки по 100ти пат.
Ако некој месец изминативе години со душа сум чекала да помине тоа е овој септември. Го изгубивме најмалиот член на семејството, оној што сите најмногу го сакавме. Нема кој да ми го направи поведар денот, да ме пресретне пред врата и да ми се фрли во прегратка. Во овие студени зими да се стутка до мене и така да заспие ноќе. Фалиш торко еден зошто мораше такаа :place:
Ми недоставуваа делови за сложувалката да биде целосна. Некои желби ми останаа неисполнети ама па немаше да има цели кон кои ќе се стремам во 2017. Во новава да затворам уште едно поглавје во животот, здравјето да ме служи повеќе, ее љубов и среќа ми фалеше годинава, луѓето што се покрај мене да ми се живи и здрави и уште да ме смеат како што само они знаат.
Многу повеќе патувања и посетени места (не дека и годинава ги немаше). Си ветив годинава повеќе ќе ги шетам планините. Само да помине оваа зима, не разбирам како може некој да ја сака. :mad:
Се на се не толку лоша година, имало и далеку полоши и многуу поубави. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom