Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кајгано,
Денеска е празник, нека ни е среќен и за многу години!
Појма немам зошто, вака читајќи безвезе мислења ми дојде еден спомен од Јули 1978 година.
Тазе завршено средно, се пријавив во Завод и после некој ден ме пратија во катастарот на муабет, за работа. Нејсе бидна ветување ќе те примиме , доаѓај на недела-две да не праќаме писмо.
Отидов 2-3 пати, и баталив. Конкурсот си остана отворен се' додека не матурира мојот цимер кој имаше чичко во комитетот. Него го примија после три дена од завршување на школото.
А јас нормално си отидов на студии, шодапаам?
Кога ќе плукате по оваа држава, да знаете дека не е од вчера скапана, одамна е!
Ја знаете онаа: вук длаку мења, али ќуд никад, епа тоа е!
 
Драга

Најпрво среќен празник!
Вие сите што паркирате на десната лента пред пазарот во Ѓорче, да ви стигне казна за непрописно паркирање, што блокирате цела лента а кога сакате да излезете ја блокирате и средната па мора да ве чекаат.
Ве мрзи во рацете да носите по две кеси кој вкупно ви тежат 5кгр, да можете со колите и во пазар ќе влезете. Па се прави тотален хаос во тој дел.

Ние сме се, само не народ.

Дај нека завршат овие избори, ми го отруја фб-то со тие реклами и ред други срања. Вие партиски полтрончиња ништо подобри не сте од горноспоменативе.
 
Драга,

Често кога одам после тренингот, влегувам со спринтериците во продавница да купувам, а во нив сум како Бамби на лед кога чекорам на плочките. Пред неколку дена се лизнав и една жена притрча да ме подигне, ама јас да и докажам дека имам супермоќ веднаш да станам се лизнав пак и седнав на задникот. Штета што во тој момент не се отвори земјата да ме голтне :tapp:
 
Драга,

Дојде време во кое се нормализираат ненормалните работи, неморалните работи се морални, а срамот се претвара во гордост. Живееме во општество во кое вистината е “хејт”, чесноста наивност, а одговорноста екстремно ретка особина. Кога ќе видиш луѓе на должности и одговорни функции, како ја губат довербата, а оние кои треба да го осудат тоа, реагираат рамнодушно, тогаш сфаќаш дека секојдневно пропаѓаме заради колективната толеранција на погрешното.
 
Би забранила бездомници да припарат у ЈСП. Не е фер да сеат зарази, да не зборам шо смрдат.
Еден чоек се шета со по 10 ќеси и смрди корне. Стварно ми е шубе.
 
Деар Кајгана,

Денеска денов чуден, онака цел ден на работа, дома, како да живеам во минатото. Се ми се враќаат некои слики, размислувам работи што би како би, ако сум изреагирал или однесувал поинаку од она што сум се однесувал или изреагирал,особено во изминативе мои 3 години од животов, кои можам да ги оценам како најтурбулентни досега. Мозокот ми работеше 200 на саат, и во сите мои можни сценарија сепак дојдов на тоа дека епилогот би бил ист, така да пак си доаѓам до фактот дека сепак сум постапил правилно и треба да се продолжи понатаму, но сепак има мало невидливо раче кое ме ѓиба понекогаш и ми прај некој мал немир во мене, но за среќа ми поминува одма.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom