Ама не, не реков јас дека ми е одвратен или дека не го сакам, него дека не ми се допаѓа што дивља. Ова го зборам пошо знам дека дечкото има огромен потенцијал, а ако му дадат преголема слобода може и да изгори во желбата да стане што подобар. Треба да си игра таму кај што треба, не може да дивља 10 напади по ред и притоа 7 топки да изгуби. Ме сфаќаш ваљда што сакам да кажам. Инаку ко играч е мега јак, нема тука збор, никако не може да се чува, има шут, подвижен е за човек со негова висина, има игра со грб, буквално нема слаба точка.
А зошто Дурант да не освои МВП? Јак кур ако игра со Кари у иста екипа, ако има бројки како што имаше во ОКС само со мал апгрејд, плус скорот на ГСВ кој секако ќе биде во топ 3 во лигата, што да не...
Викед, како бе пријателе Вигинс со Џо Џонсон го спореди? Па чекај млад е Вигинс, јас сметам дека има едно 30000 пати поголем потенцијал од тоа преценетото копито Џонсон. Приметувам дека доста работел на шутот летово, одлично погодува за три, а и од поле, а исто така и слободните му се подобри сезонава, иако нели сеуште е рано, но сепак од 1-2 утакмици гледање кажувам што приметувам во однос на лани.
Лавин можеби не е играчиште, ама јас многу го почитувам затоа што е голем работник и нормално поради тоа и многу брзо напредува. Според мене треба да има улога како Реј Ален на пример (не дека е шутер ко него де, него ролата да му биде таа), со тоа што Лавин може многу повеќе да допринесе во одбрана од Реј Ален ради атлетските способности. А секој обид да се направи Лавин прва виолина на екипата и да се форсира како некој клач и мега јак играч ќе ја однесе неговата екипа и неговата кариера надолу.